Не ктм е друго магнетна резонанца барај да ти направат на ктм не пуштаат контраст не ја бојат хипофизата него ги снимат само мозочните структури
Да знам, затоа ти викам можда самоиницијативно ќе одам, бидејќи никој не ми рече да одам на магнет. Денес бев кај проф. Богоев интернист./ендокринолог ми ја покачи терапијата за тироидната и за инсулинемијата. Достинексот ми ги прекина, кога ќе се намалело тсх то ќе паднел и пролактинот така ми рече. Инаку ми наведе друга причина зашто е покачен пролактинот, да не навлегувам сега во дискусии. Вака добар впечаток ми остави, плус ми даде упат и маж ми да направи испитување на тсх, пролактин и тестостерон до сега никој не ни кажал да испитаме нешто од ова, само спремограми правиме.
Кој биле другите причини што се качувал пролактинот? Што ти објасни докторот? Мене ми се качува пролактинот а тсх секогаш ми бил добар. Јас неделно примам четвртинка апче достинекс и го држам под контрола.
Без разлика што тсх ќе падне пролактинот па нема да се симне ти кажав јас бев ист случај како твојот и Др искра ми го среди и тсх и пролактинот и никогаш не рече да прекинам со бромергон оти кога ќе се симне тсх ќе се симне и пролактинот нема да се симне мој совет ти е пиј си го бромергонот поефтини се а и се испитани во бременост а достинекс без дали се испитани веќе доскоро не беа јас бромергонот го пиев до 12 нед од бременоста
Девојки ќе ве замолам за мислење за вредноста на Пролактинот? Што мислите дали е висок за забременување, бидејќи ендокринолог нишѕо не мк кажа за него?
јас мислам дека ти е супер. мене ми е 24, денес гинекологот ми кажа дека ок е таа вредност, дека пролактинот се менува многу често. ми рече да го проверам пак и ако ми е тогаш повисок дека ќе ми препише апче... некои членки ми кажаа дека требал да е под 5 за забременување... некои под 15 . така да не знам, ама мислам дека 17 не е некоја сериозна пречка за зачнување. посоветувај се со твојот гинеколог
А која е терапијата со достинекс за да се спушти пролактин од 24 до под 15? 1/4 апче неделно или 1/2 апче неделно? Според тоа што го прочитав во темава сите што сте имале отприлика толку висок пролактин таква ви била терапијата.
Достинексот не се пијат во пбременост Јас ги земав од Алпи Фарм на ул. Железничка позади рамстор практично. И таму даваат на парче да не мора да купуваш 4 или 8.
Идеално било некаде околу средина на референтните вредности. Пример ако границите се 10-20, идеално е околу 15. Зависи како организмот ти реагира. Нема конкретна доза. Јас со 1 апче неделно, два пати по 1/2 пиев, го симнав за 4 недели од 66 на 4 Достинекс последно од локална аптека купив, барај во повеќе, мора да го има некаде.
Пролактинот ми е 65,тсх ми е 1.5,имам прередовна менструација со редовни овулации,високи д-димери,ми препишаа терапија со аспирин и метилфолат и метилб12. Се друго е супер. Мислите дека пролактинот може да прави дополнително проблем за забременување?
И јас пишав по темиве за пролактинот пред некој ден. Мојот е 24. И скоро сите членки ми рекоа дека прави проблем и дека треба да е под 15 идеално за зачнување. Отидов на гинеколог и она ми рече не е страшно,не би ти дала терапија одма, прво да го провериме неколку пати ,да не било моментално толку. Ама искрено мене не ми се чека сега да го проверувам неколку пати,па си земав достинекс апче. Само едно. Ќе го пијам 1/4 неделно,едно апче цел месец. Па после ќе проверам пак пролактин. Тебе со толку висок пролактин мислам дека одма ќе ти напише терапија да пиеш,твојот гинеколог. И јас бев наспана и немав никакви активности претходниот ден и одма бев сабајле уште поспана да ми земат крв,така да знам дека не ми беше од нешто моментално кренат. Затоа и си земав апче. Како и да е,ќе и кажам нормално,нема на своја рака да си пијам терапија долгорочно.
ама интересното е шо сум одела на фоликуметрија 3 4 месеци со ред,супер ми е овулацијата,се по книга и пак нејќет и не
чекај, нели додека доиш не ти доаѓа менструација,а ако немаш менструација не можеш да забремениш. или јас сум грешка? моја пријателка сакаше одма второ откако се породи, ама неќеше да му ускратува доење на бебето па си почека. Наводно и рекле додека доиш нема да добиеш никако.