Кај сите е различно. Некои добиваат. Некои немаат добиено после пораѓај се испоставило дека имале овулацијата . Нели во медицината не се секогаш 2 и 2, четири. Ова што имам читано по нет и од искуство на блиски. Не сум стручно лице.
Јас ги доев трите деца до кај две години, а менструација си добивав редовно од кај 8ми месец. Едното баш ми е зачнато додека го доев постарото.
Нема врска. И на добиено имаат млеко некои што ги знам, бидејќи дојат подолго. Освен за спречување на овулација имам читано дека со висок пролактин е потршко да дојде до имплантација на ембрионот.
и јас имам овулации уредни и супер дебелина на ендометриум па и кај мене уште не биднало. затоа си земав апче да го намалам пролактинот. па ќе видиме дали ќе има некаков ефект...
Имам постојано висок пролактин заради аденом на хипофиза. Додека пијам достинекс се намалува, правам пауза се качува дупло. Докторот ми рече кога ќе планирам бременост да одам во плодни денови за да следи дали доаѓа до овулација бидејќи зголемениот пролактин ја попречува. Само што ја почнав терапијата со достинекс веднаш забременив, што значи дека сум забременила со пролактин 70. Гинекологот рече дека има мн такви случаеви, иако е висок пролактинот сепак доаѓа до овулација. Како што сфатив ти имаш редовни овулации, така да се надевам дека мојата приказна ќе ти даде дополнителен оптимизам.
сега мене ми стави во мисла. јас имам 24 пролактин и сакав да се напијам едно апче достинекс за да го намалам. и сега ми е страв да не ми се зголеми пролактинот после апчето,како во твојот случај. сега да пијам или не
Она сака да го проверувам неколку пати,па после да пијам апче ако ми е толку висок. Се сложува дека треба да пијам терапија со толкав пролактин. Мене едноставно не ми се чека дополнително. Сега ќе менувам матична гинек. Дури сменам ,дури земам упати и мерам пак пролактин неколку пати, ќе ми поминат два циклуса...
Правилно е тоа што ти рекла да се провери пак. Може да е моментално, како во мојот случај. Лани во септември првпат во живот видов покачен пролактин, околу 36 ми беше, многу малку над горна граница според тие референтни вредности. По две недели го проверив, околу 6 ми беше. И што ако се напиев како тебе на своја рака? Ќе се зезнев Без да го провериш пак, да се осигураш дека не е моментално, на своја рака апчиња да не пиеш. Знам дека ти се гледа сето тоа вечност, но не е, ќе помине брзо времето. Мораш да се стрпиш за твое добро Два циклуси се ништо.
На мене не ми се качи пролактинот од апчето, туку зборот ми беше дека забременив веднаш штом ја почнав терапијата (не може од една половина таблета да падме толку драстично, обично пиев по 3, го ставам во нормала па пауза). На своја рака не земај никако, не можеш да знаеш која доза ти одговара. Некој пие половинка некој четвртинка. Сепак почекај, испитај пак. Пролактинот се качува мн лесно, од стрес, неодспаност и сл. Можеби е моментално покачен па немаш потреба од терапија
Во секој случај и да ти се спушти не е страшно. Мене ми бил и 4. Мислам дека ако го испиеш нема да има некој проблем, бидејќи некогаш ние сме по доктори од докторите они многу многу не се замараат со нас. Мене кога ми се качи од 5-6 на 8-9, ми зголемија доза на бромергон, јас тие секој ден ги пиев навечер. Ама знаеја дека правиме инвитра. Според мене само еднокринолог специјалист може да ти каже дали е добар или не 24, општите лекари немаат врска од тие работи. Инаку порано кога читав за услови за добивање ваучер мислам дека беше и пролактинот нагласен некоја граница до која одобруваат ваучер, ако не ти е под тоа бараат ново испитување се додека не го намалиш. А имаше и членка само не се сеќавам која што имаше пролактин 25-30 и докторот прво и препорача да го намали па да почнат со постапка, знам порано имам читано таква случка. Значи има нешто во секој случај, да можеби регерентни вредности се тие ама за забременување кај некои можеби телото си ја бара минималната вредност од референтната бидејќи можеби е почуствително. Сите сме различни А ако се сомневаат во моментално покачен нека ти направат по една недела па и 2-3 пак испитување зошто да се чека два циклуса.
Не може да ти се зголеми, ама може нагло да ти падне. Не пиј. Не можеш ни сама да си одредиш доза. Ма да колку помала вредност има за симување толку е помала и дозата ама ипак не е тоа аналгетик некој шо туку така можеш да го земеш. Башка нус појави. Од достинекс можеш и вртоглавици и повраќање да имаш. Јас го пиев пред спиење за да ги избегнам вртоглавиците, ама многу повеќе спиев додека примав достинекс.
Јас имам малку за симнување, 24 ми е. Затоа и сакав мала доза, една четвртина неделно. Тоа е мн мала доза, едно апче да се напијам само во рок од месец дена. Да видам дали ако се спушти ,дали ќе имам шанса да забременам. Варувајте мене два циклуса ми се многу . Често со сопругот сме разделени и често се случува тоа да е за плодни денови. Последниве 3 месеца,еден месец лечев бактерија а два следни не беше тој тука па за можеме да пробуваме. Веројатно ме сфаќате зошто едноставно не ми се чека ич
испиј тогаш пола апче, значи 2 недели и после 2-3 дена од коа ќе ја испиеш втората четвртинка провери, пиј го пред спиење
така ќе направам, после пола апче ќе го проверам па ако се намалил ,не ја пијам втората половина. Да го фатам барем овој циклус, веќе сум стварно нестрплива, знам дека не можам да одредам кога ќе се случи тоа ама сакам да си ги зголемам шансите колку е во моја моќ. Ги јадам и смоквите со маслиново, ми се блуе од нив па пак трпам ,макар и малце да ми се зголемат шансите Фала ви девојки
Можеш и Витекс да земеш, на природна база се, општо за цел репродуктивен систем се корисни, од Зегин 350ден е цело пакување, за цел месец ако ги пиеш по 2 на ден, има доста позитивни искуства за нив на нет еве читни http://www.ringeraja.mk/forum/m_6226/mpage_63/printable.htm https://tvoebebe.com/forum/viewtopic.php?f=22&t=390&start=200
Јас колку што знам игра голееема улога пролактинот и мене ми е 70 пијам и јас достинекс. Овулации имам и јас одам често на мерење и прскаат фоликули и се, АМА ми објасни докторот во Њу Борн дека иако имам овулации со висок пролактин јајце клетките се со слаб квалитет или се празни. Тоа е поентата уствари. Така да оди на ендокринолог/интернист за терапија. Лесно се симнува прл, само треба следење. Поздрав,
Многу ми имат логика ова,значи ништо,дури не средам пролактин,ди димери,не одам на инсеминација. Џабе пари и малтретирање.