Малку сум офф топик но бидејќи не добив одговмор на темата ХОРМОНИ, решив тука да пишам...Поради нередовна менструација матичниот гинеколог ми даде упад за испитување на хормоналиниот статус, откако ги добив резултатите гинекологот ми кажа дека накачено ми е нивото на тестостеронот, додека пак другите хормони се во ред. Ми кажа на првиот ден од наредниот менструален циклус да почнам да пијам Диане 35 и терапијата ќе трае 3-6 месеци. Се информирав дека можноста за забременување со покачен тестостерон е помала, а јас и мојот вереник се обидуваме да направиме бебе. Ме интересира вашето мислење доколку сте имале проблем сличен на мојот. Ви благодарам.
немој да пиес Диане, земи некоја замена, незнам дали имас слуснато, но пред некое време имасе смртни случаи во Холандија од тие апчиња и колку сто знам ги повлекоа од употреба! распрасај се поубаво или побарај некпои други лекови како замена на тие!
а кај се наога таа аптека те молам писимимјас планирам да земам прво цетири апцинја па потоа ако треба ке земам устее инаку мојов гинеколог не ги знае леле ми вика не ги знам ај види па јави ми се и на мене мози на некој пациент ке му треба ја и викам дека треба да ми ги дозира она ми вели незнам како,,,,,кај когог да одам кои гинеколозози знаат за достинеx писими те молам
Достинекс и бромергон се единствени лекови за покачен пролактин, не знам како може твојот гинеколог да не знае за достинекс.И достинексот се полесни за пиење и поефикасни.
леле бог да чува доктор а да не знае, за жал почесто се наоѓаме во ситуација да сами свои доктори се направиме ради недоволна едуцираност на денешниве така наречени преку ноќ станати доктори. извини на коментаров ама и мене истото ми се случи и ме ѓњавеше тогашната матична скоро 2 години со бромергон зошто не слушнала за достинекс и само јас знам што се претргав за да дојдам до долго посакувано бебенце. мој совет прво веднаш сменија или оди на консултација кај друг. инаку ако имаш можност да ги купиш од грција ќе поминеш најевтино зошто се грчки апчиња и тука одат со голема маржа. но претходно да ти одредат терапија за да знаеш колку да порачаш доколку имаш преку кого.
Гледам одамна нема никој пишувано овде. Ве молам за помош, скроз сум избезумена. Ми кажаа дека пролактинот ми е 91,6. Кај докторката на компјутер ги гледавме резултати, другите вредности беа обоени со зелено, ова беше розово. Рече дека високите ги означуват со црвено. Кај што ми покажуваше за мојот резултат пишуваше нешто како испод тоа вредност од 100, као еве до толку треба, а тебе ти е 91,6 и затоа е розево. Ништо страшно вика, да почекаме уште прогестерoнот на 21-ви ден. Да напоменам дека другите хормони од тироидна жлезда ми беа добри (со зелено). На инт. најдов 3 различни референтни вредности. Неможам да дочекам ни до утре кога ќе се јавам на телефон да препрашам, затоа ако некој нешто знае нека пише. П.С. Сега најдов на интернет дека различни лаборатории имаат различни ознаки, можеби затоа постојат различни вредности, се зависи од ознаката. Најново видов дека одат од 95 до 583. Лееелллеееее пукнав
и јас правев проверка на сите репродуктивни хормони ( така беше наведено во листата во државна) и сите ми беа во нормала освен пролактинот.пишуваше дека максимум е 26 или 29 не се сеќавам а мене ми беше 35. претпоставувам ова не е големо покачување или сепак треба да се консултирам со лекар? менструацијата ми е редовна исто и овулацијата, немам исцедок од градите ....
duso koga prolaktinot e vo baza na normala e oklu 27,5 toa e dobro a 96 e mnoguu ja se se macev kako tebe i fala mu na dostineksot od dve apcinja i opp bebence konsultiraj so ginekolog i odma kupisi gi i da si pijas znam edno apce go delis na pola i dvete polovinki si gi pies dva pati nedelno ili na primer kako jas sto pravev sreda i petok inaku vaka kako sto gledam lele i jas bev u panika kako ti smiri se malku i samo bez stres milicka
Здраво, јас сум нова на форумов и сакам да споделам мое искуство. Имам 22 години и циклусот некогаш ми е редовен, некогаш знае да ја измести датата. Пред 1 год. немав добиено 2 месеци и мислам дека тоа беше од стрес Гинекологот ми даде да пијам Цикло Прогинова, ги пиев 3 месеци и престанав и наредниот месец редовно си добив, Правев хормонски тест се ми е во ред, освен пролактинот ми е 30,2, а треба да биде 24,3. Наредната недела треба да одам да ми препише терапија, ако може некој да ми сподели искуство, многу ми е страв да не не можам да останам бремена Однапред благодарна.
Имам нередовен менструален циклус и излезе дека и мене пролактинот ми е покачен. Нормалната граница е до 25 а мене ми е 71. Гинекологот ми кажа да пијам бромергон 1/4 на ден. И треба да се снимам на магнетна резонанца. Дали некоја ги знае точните причини според кои може да се покачи пролактинот?
Здраво, Би Ве молела ако има некој на форумот што набавувал Достинекс од Турција да ми каже дали сеуште успешно ги набавува и по која цена? Јас пред една недела бев известена дека Достинекс го нема веќе во Турција скоро два месеци (јас го набавував помеѓу 12-15 евра).
Немој да се грижиш со соодветна терапија(достинекс или бромергон) ќе ти се намали пролактинот и ќе останеш бремена.Јас имав 32 за пролактинот и за кратко време ми се намали на 11
Здраво. Пролактинот ми е покачен односно ми е 26 а треба да е 24. Дали знае некој дали тоа влијае на бременост?
@skorpija90 не сум ниту доктор, ниту гинеколог, но од сопствено искуство знам дека покачениот пролактин влијае на плодноста! Мене пролактинот ми беше во дозволените вредности, но имав млечен исцедок од градите... Исто така поради пролактинот имав страшни главоболки!!! Неколку месеци се лечев со Bromergon tbl. 2mg и останав бремена... Мојот гинеколог во тоа време - пред повеќе од 18 години на зезање рече - Ти си среќна жена, во старо време жените ги доеле до поголеми своите деца и на тој начин се штителе од несакана бременост!!! @skorpija90 консултирај се со својот гинеколог, покачениот пролактин лесно се лекува и кога ќе се среди секако ќе дојде до саканата бременост!!!
Спомна ТУМОР, тоа е нешто страшно..??? Бидејќи кога ќе чуеме тумор мислиме на почетен стадиум на карцином...?
ееј па ти кај одлета со мислите Тумор незначи одма рак.Мајка ми има тумор на матката-бенинген веке 9 год и живее нормално.Само оди на редовни контроли.И нема рак Опушти се сигурно немаш ти тумор.