Да Таше ми ги даде Гераниум 132 само јас пиев други Imunoassist 24/7 и ги пиев до позитивен тест. Инаку ги зедов Достинекс од Бугарија 17 евра се и треба да ги почнам па по две.нед пак да испитам.
Mene mi bese pokacen prolaktinot i nemozev nikako da ostanam bremena mi dadoa bromergon po pola apce sabajle i pola navecer vosle 20 den napraviv kontrola na hormonot prolaktin i mi bese supeer i na 22.12.2015 god go rodiv mojot sin stefan Sega pak sym bremena 4 nedela sum taze i ostanav bremena kako na sala bez problem i pokacen hormon pa sega ke vidime kako ke terame 9 meseci.
Знае ли некој во која клиника има најточен, најсовремен магнет? Често читам дека аденоми со мали димензии од 1, 2, 3 мм можно е да бидат пропуштени. Правев магнет пред 1 година и се беше во ред, а имам проблем со пролактин и ТСХ. Тироидната ми е во ред. Друго решение освен пропуштен микроаденом, не гледам.
Примам да, Бромергон. И првичните контролни анализи покажуваа дека кога пролактинот достигнува нормално ниво, се нормализира и ТСХ. Но сега и покрај нормалното ниво на пролактин, ТСХ е висок.
Не мора да значи дека ако се нормализира пролактин, се нормализира и ТСХ. Еве кај мене пролактинот е двојно повисок од горната граница, а ТСХ е 1,49 и за забременување треба да е под 2. Ако имаш аденом треба да имаш и симптоми за тоа, вртоглавици, проблеми со видот, постојан замор. Каде правеше магнетна ? Можеби треба да правиш на друго место и ако поминало многу време од тогаш сега можеби поинакви ќе бидат резултатите.
Знам дека не е правило, но приметив таква корелација при претходните испитувања и затоа мислев дека е само последица на дисбалансот на пролактинот. Првично ТСХ беше 6.8, по нормализирање на пролактин, се намали на 2.4. А сега е повторно 6.7 иако пролактинот ми е ок. Во Битола правев магнетна, пред една година. И од тогаш сум на Бромергон, така да ме чуди ако тогаш немало аденом, сега да се појавил, единствено ако не го откриле. Не сум со план за бременост, но ова е единствена тема каде се дискутира активно за пролактинот, затоа се вклучувам во дискусија.
Девојки, не може да се открие од што ми е покачен пролактинот а од утре почнувам терапија со бромергон. Ендокринологот ме советува додека не се намали да не се обидуваме за бебенце. Дали на некоја од вас и кажал доктор да не се обидува да забремени додека пие бромергон и додека не го намали пролактинот? Знам дека со бромергон можеш да влезеш во бременост, не е штетно. Молам за совет.
До сега пиев достинекс ,имам позитивен тест за бременост.Дали се пие нешто друго за пролактин во бременост?
Не знам да ти одговорам на прашањето, но многу ми е мило што постигна бременост! Со лесно бременоста, а за пролактинот зборувај со гинекологот или закажи кај ендокринолог.
Пред две недели правев хормони на клиника пролактино испадна 39,денес за да бидам сигурна направив во авицена покажа 75... некоја со ист проблем да ми каже како го намалила пролактинот
Не сите сме со иста дијагноза и ист проблем. Не може ниедна да ти каже ова или она пиј зашто би било не етички нит хумано. За пролактин ќе си се советуваш со ендокринолог, кој ќе ти направи потребни испитувања, ќе му кажеш симптоми и здраствена историја. Според сето тоа ќе одреди терапија која ќе ти ја даде да ја пиеш. Дали ќе е бромергон или достинекс сепак тоа сам доктор одредува дозирање и доза на конзумирање/пиење. Сепак не е играчка пролактинот и да може да ја пиеш терапијата која ја пијам јас или некоја друга. Само со доктор ендокринолог тоа ќе си видиш. Инаку со терапија од бромергон или достинекс се средува нивото на пролактин и се следи на неколку месеци. По потреба ако и другите параметри на испитувањето не се океј тогаш те препраќа и на магнетна.
Првиот пат земав од самиот гинеколог упат. А, наредни пати и до ден денес самиот ендокринолог ми ги закажува наредните термини. Докторката Катерина Адамова ендокринолог од Клиника ме води неколку години и она ми закажува термин.