Пролактин се испитува било кој ден во месецот. Сепак да знаеш дека и го викаат хормон на стресот т.е доколку периодот се има стрес може да е и повисок. Па после 2-3 мерења доколку нема промена прават и дневно ниво на пролактин т.е дента те боцкаат неколку пати да ја видат реф вредност на пролактинот. Сепак докторот знае најдобро и најдобро би ти објаснил според здраствена историја и симптоми.
Отсекогаш! Од кога постои пролактиномијата. Како и во секоја земја така и кај нас многу нормално дека се практикува доколку е потребно кај самиот пациент и има потреба од дневен профил па и почесто мерење во месецот.
и јас сум со покачен пролактин и терапија бромергон, ендокринолог ми кажа дека со достинекс не можеш да влезеш во бременост сошто не се доволно испитани како влијаат на плодот, но со бромергон можеш до 12 недела. Советувај брзо ендокринолог да ти даде терапија со бромергон. По колку време остана бремена со достинекс? Ти честитам за бременоста
Истиот проблем го имам, пролактинот беше 75 пиев чист цинк и Б6 и падна на 40 па се упатив на ендокринолог, сега пијам бромергон и ми кажа исклучиво на 3 ден од циклус да испитам повторно. За да останеш бремена треба да е 10-15 (реф. вред. 0-35). Чекам да добијам и да видам дали се намалил, но ми доцни 1 ден па место испитување на пролактин изгледа ќе правам тест за бременост
Со години го пијам бромергонот ( пауза правев само за време доење ) и секогаш точно на 27/28 ден добивам. Да не си трудна напрај тест ( доколку си имала незаштитен однос ) . Ако ја исклучуваш таа можност и ти касни само 2-5дена почекај до понеделник па оди на гинеколог. Најдобро да се консултираш со гинеколог, а и да си направиш хормонално испитување.
Имам покачен пролактин, чекам да добијам па на 3 ден пак да го испитам ако е од 10-15 можеме да се обидуваме за бебче. Сега треба да е намален, а пред еден месец беше околу 40 (реф.вред 0 -35) Незаштитен однос само еднаш и тоа 2 дена по ден на овулација. А секогаш добивав на 27-28 ден, само еднаш на 30. Денес ми е 29. Ако може да ми кажеш зошто пиеш бромергон?
А, зашто да испиташ баш на 3ти ден од циклус пролактин? Пролактин се испитува било кога во текот на месецот. Значи било кој ден се испитува и тоа самиот ендокринолог ќе ти го каже. На 3ти ден се битни други хормони и затоа се испитуваат одредени хормони на 3ти, 14ти и 21ви ден од циклус. А, пролактинот било кој ден. Со години го испитувам и другарка ми е ендокринолог па затоа ти кажувам. Битно е ноќта да е мирен сон од најмалце 7ч, сабајлето да е од станување до боцкање најкасно 2ч поминати. Пролактинот е хормон и на стресот и така и го викаат, па може да варира во едно деноноќие. Може и да се покачи и при само боцкање од самиот страв и стрес. Но, сепак самиот ендокринолог ќе ја знае реф вредност дали и од што може да е покачен и да даде соодветна терапија. На терапија бромергон сум и ќе сум поради пролактиномија/микроаденом на хипофиза. После доење го почнав пак и сеуште го пијам (1/4 секоја вечер ) и сум во постапка за ИВФ за второ дете и ќе го пијам во текот на цела бременост ( здравје ако останам пак трудна ) како и претходната бременост ( до полна 34та недела го пиев ) со можност овој пат порано да го прекинеме доколку е све во ред. Ако имаш проблем со пролактин со терапија бромергон ќе си останеш трудна и ќе го пиеш дур сам ендокринолог не смета дека е доста. Достинекс не се препорачува во бременост зашто сеуште нема ниедно истражување како би делувал на сам плод и бременост. Сепак самиот ендокринолог кој те води ќе знае што е најсоодветно за твојот случај и која соодветна терапија да ја даде доколку смета дека треба да пиеш.
Ти благодарам за одговорот, сето ова веќе ми е добро познато. Имам покачен пролактин, кој изгледа е пречка да останам бремена (5 месеци обиди). Ендокринолог ми препиша терапија со бромергон и ми рече додека не се намали да не се обидуваме. И да почекам до 3 ден од циклус и повторно да испитам пролактин, на 3тиот ден била највисока вредноста сите други денови била пониска. Така ми кажа др. Е сега, не ја послушавме и ми доцни но ќе почекам уште 2 дена. Се надевам се ќе биде во ред.
И да останеш ( дај Боже да си трудничка ) со малку покачен пролактин сепак не е ништо страшно. Ќе провериш сепак и ќе ти даде насоки ендокринологот за понатака. Сепак верувам знаеш дека многуууу мајки кој дојат остануваат трудни. А, за време доење пролактинот е плафон висок па остануваат трудни и имаат уредна бременост до крај. Со лесно и што поскоро остварување на посакуваното да си трудна и нареднава година среќна мајка.
Дали место на 3ти ден можеи на 2ри ден од циклус да се испитаат хормоните? Во сабота немам каде да испитам.