Во повеќето аптеки кај што проверив ми рекоа дека ги нема и нема ни да ѓи имало во скоро време, демек тие што ѓи имало биле со поминат рок и ми предложија да најдам од страна да ми ги донесат
Мене сега ми е 17 пролактинот, очифледно ми смета да забременам, пред 3 месеци ми беше 13, сега 17, ја чекам докторката од понеделник, па да видиме, некој со вакво искуство и само малце покачен пролалтин?
За бременост 10-15 макс. Со висок пролактин тешко се забременува.Тој хормон многи шета де е висок де е низок. Со правилна терапија за 3-4 месеци се спушта.
Јас секогаш сум имала редовен циклус, ама пред два месеци во терминот кога требаше да добијам не добив, потоа следниот термин за добивање имав само кафеав исцедок неколку дена и после 20тина дена добив нормално и ми траеше како и секогаш. Во меѓувреме бев на гинеколог, ми кажа дека имам малку полицистични јајници. Направив хормонско испитување сега кога имав добиено и сите хормони ми се во нормала освен пролактинот кој пишува дека нормална граница е до 25, а мене ми е 43 што многу ме исплаши...Искуство некој?
Направи повторно хормонски испитувања нареден месец. Добро е да направиш неколку пати зашто тој хормон варира. Пред испитувањето треба добар сон, веднаш откако ќе се разбудиш да одиш во лабораторија. Треба да си одморена и смирена кога го испитуваш. Ако е уште висок, лесно се регулира со терапија. Ќе ти каже гинекологот, не е страшно.
Ми рекоа дека тој хормон може комотно да се тестира и кога немаш добиено, значи можам да го испитам уште еднаш и пред да чекам следен циклус. Сите други хормони ми беа нормални. Прочитав на нет за тумори и неплодност поврзано со пролактинот, па се исплашив. Фала ти многу, и докторката ми го кажа истото како тебе.
Девојки дали при покачен пролактин имавте исцедок? Ми заврши циклусот пред една недела и сѐ уште имам исцедок. Минатиот пат го имав истиот проблем при што испитав хормони и ми беше покачен пролактинот. Гинекологот повторно ме упати да направам испитување на трет ден од циклус, но поради цисти во гради и фиброаденом ми рече доколку ми даде хормонска терапија може да ми направи проблем. Па сега треба да видам како стојам со хормоните...
Не, самиот гинеколог ме прати на испитување на кое се утврди покачен пролактин. Сѐ друго беше во ред...
Здраво девојки, нова сум на форумот ...Пробуваме веќе две години со мм за забременување но безуспешно ..Проверував хормони и имам проблем со пролактинот па пијам апчиња бромергон пола сабајле пола вечер, исто така и со тироидната и ми даде апчиња ендокринологот еутирокс од 25 , а докторкава се чудеше дека на овие резултати пијам апчиња ... по месец два и по испиени две дози и од еутироксот и бромергонот испитав пак и овие се резултатите пред и потоа . Додека ги посетам што мислите дали треба да продолжам да ги пијам? И дали се добри резултатите за толку испиени дози? Колку треба да биди нормално за забременување? Ви благодарам и извинете за долгиот пост .
За другите хормони не знам, за тсх треба под 2 да биде за забременување. Кога мене ми беше тсх 4 како тебе, ме пратија на ендокринологија да ги испитам и другите тироидни хормони и антитела и искочи дека имам хашимото хипотироидизам. Помина подолго време додека ми погодија терапија и додека најдов добар ендокринолог.
Под 2 треба да биде? Не сум знаела .. а моментално каква терапија примаш ти , за колку време ти се симна , колку ти е сега?
2015 почнав со терапија, крај на 2017та прв пат испод 2 го симнав, останав тогаш бремена ама поради др.Пемовска на ендокринологија што не сакаше да ми покачи терапија пред да има срцева акција, а позитивен тест преку крв и видлива бременост на ехо, тсхто многу брзо ми се качи и имав спонтан. После 5-6 месеци останав пак бремена и овој пат отидов одма кај Бранкица која е похрабра за да појача терапија и еве синко е 2 години. Сега сум скоро 9ти месец бремена, исто одма појачана терапија. Моментално пијам еутирокс 100.
Za bromergonot ke se sovetuvas so endokrinologot jas go piev do 12 Ned od bremenost I prl najdobro e do 15 da bide za zabremenuvanje a za tsh najdobro e da e pod 2,5 za zabremenuvanje sto znaci oti bi trebalo dr da ti ja pokace dozata na eutiroks no on ke si odluce zatoa