Да, најдобро е да ги повториш. Точно е дека се прават хормонски анализи на 3ти, 13ти и 21ви ден, ама на секој од овие денови се испитуваат различни хормони и точно се знае кои хормони кога треба да се испитаат. Лх и Фсх не се на 13ти ден.
А тогаш кои хормони може да се испитаат и на 13ти и 21ви ден? Според референтните вредности во табелата само за Лх, Фсх и Прогестерон се наведени вредности за средина на циклус и лутеинска фаза, според тоа конкретно тие хормони може да се испитуваат и на тој ден. За пролактин, тестостерон и тироидна колку што знам може било кој ден. Референтната вредност за Лх во табелата за средина на циклус, што би му дошло 13ти ден, како што испитало девојчето е од 17 до 77, а кај девојчето е 30. Не викам да не се консултира со ендокринолог, но според ова би требало со тие параметри се да е во ред. Не од тебе, но од други членки имаше избрзани мислења за овој пост, веднаш заклучоци дека се работи за полицистични јајници, а без убаво да се видат резултатите. Кога јас би била на местото од девојчето би се загрижила, а во случајов тоа изгледа, и се надевам, дека е сосема непотребно. Гушки и ви посакувам на сите убави хормони и 2 цртички кај секој што тоа го посакува
лх и фсх се испитуваат на трет ден од циклус. естрадиол се испитува на 13ти прогестерон на 21ви естрадиолот на 13ти ден дава слика за колку е здебелен еднометриумот пред овулација. за да се види дали има шанса ембрионот да се имплантира, после овулација естрадиолот опаѓа и нема поента да се мери после 13ти ден. прогестеронот расте после овулацијата и затоа се мери на 21ви ден. ако на 21ви ден вредноста му е поголема од 10, тогаш се претпоставува дека настанала овулација тој циклус. секој хормон служи за да ни покаже нешто, процес во телото, вие може да ги мерите во било кое време ама нема да ви го покаже тоа што треба. затоа се мерат во одредени денови од циклусот. ова важи ЗА РЕПРОДУТКТИВНИТЕ ХОРМОНИ. А членката се обидува за бебе, затоа мора репродуктивните хормони да ги измери во соодветните денови за да ја види нивната значајна состојба. Тироидните хормони и Пролактинот може да се испитаат било кој ден од циклусот. @Fenix92
Во ред, се согласувам дека е најсоодветно Фсх и Лх да се испитаат на 3 ден од циклус, но тогаш не ми е јасно зошто воопшто во колоната за референтни вредности би биле наведени и вредностите за средина на циклус и лутеинска фаза, а кај други хормони воопшто не се наведени денови. Конкретно за Лх, би требало да е највисоко баш околу 13тиот ден, ако добро имам сфатено, тоа е знак дека ќе има овулација. https://www.healthline.com/health/pregnancy/lh-surge#other-ways-to-detect-lh-surge
мора да ја има таа табела зошто некои луѓе испитуваат редпродуктивни хормони и заради други причини/состојби, не само за забременување. И жени во менопауза и жени со тумори на матка проверуваат репродуктивни хормони. Во зависност од која ти е маката гинекологот ти кажува кој ДЕН од циклус да ги провериш. меѓутоа членката испитува зошто се обидува за бебе и сака да знае што е работата. грешката е што нејзиниот гинеколог не ја упатила и објаснила. лх е највисоко 24 до 36 часа пред овулација, ама од каде знаеш кога е овулацијата? како ќе го потрефиш денот? може на 17ти ден од циклус ќе овулираш? како ќе знаеш дека треба на 16ти ден да идеш да провериш лх? затоа лх се проверува на лентички за овулација, на кои можеш дома да мочаш секој ден. секој ден не можеш да одиш и да се боцкаш за да видиш кој ден ќе овулираш. Овулацијата не се знае кога е точно никогаш, затоа се мери прогестерон на 21ви ден за да се дознае дали биднала. ако биднала до 21виот ден жолтото тело од пукнатиот фоликул лачи прогестерон и затоа така ја проверуваат овулацијата Специјалисти гинеколози за неплодност , заедно со ехо проверка.
Во право си, затоа и на девојката и кажав да ги провери ЛХ и ФСХ од 3ти до 5ти ден, па ако тогаш има инверзија и ако ЛХ е висок, доктор ќе реши што понатаму. Ептен убаво ти објаснила @LunaGrey па да не се повторувам и јас. Со малку повеќе интерес и читање на интернет се учат сите овие работи. Секоја жена мора малку повеќе да се интересира околу своето репродуктивно здравје, не треба секогаш слепо да се верува на лекарите и да се чека само на нивните насоки. Не е ништо комплицирано да се научи како функционира репродуктивниот систем. Поздрав и фала ти на убавите желби, и тебе да ти се враќа тоа што си го посакуваш.
Дали и вие девојки од бромергонот не можите да се разбудите на утро? Јас еве два дена пијам пред спијање, насабајле сум кома
Незнам уште ништо друго немам осетено овие 2 дена, освен вака насабајле ни со аларм не можам да станам од кревет..
Да кога почнав да ги пијам скоро месец дена не можев да отварам очи и по цел ден ми се спиеше сега еве не осеќам повеќе ништо ми се навикна организмот на нив. На почеток е така.
Здраво девојки , ќе закажувам деновиве пак на ендокринолог но и овде јас да си се искажам хаха ... пред два месеци испитував тироидна и пролактин и ми беа на границата веќе симнати што се вика .. пред две недели правев пак за да видам како ќе бидат да се консултирам со ендокринологот и имав вакви резултати ФТ4- 25.6 ( 9-20) ТСХ 3.73 ( 0,25-5,0) ПРЛ-37.7 (1,1-25.0) и му ги пратив резултативе и ми рече уште еднаш да проверам по 5 денови проверив и овие се резултатите нови ФТ4- 14.83( 9-20) ТСХ 3.14 ( 0,25-5,0) ПРЛ-62.86 (1,1-25.0) пијам по пола бромергон утро вечер и еутирокс два денови од неделата од по 50 а пет од 25 ...што мислите дали треба да ги променам бромергонот , нешто друго да попијам на природна база бидејќи многу се покачи за краток период и се плашам ...
Zdravo devojki,dali znaete kade mozam da kupam dostineks od 0.5 gi barav vo Sk po apteki mi rekoa deka gi nema
Здраво девојки, пред 6 години испитав хормони и излезе дека пролактинот е многу висок 60+, ми дадоја да пијам достинекс и ми кажаа дека не морам пак да испитам затоа што сум била млада и не сум планирала бременост. Тогаш имав 18 сега имам 24 (скоро 25). Хипофиза немало потреба да да се снима, така кажа гинекологот. Денес морав да направам крвна слика и ајде со себапот за да не ме боцкаат пак побарав да испитам и хормони.(имам фобија од игли и секој пат се онесвестувам затоа инсистирав, барем одоколу да знам како ми се движат, секако ке одам пак следниот месец) Значи на 10ти ден од циклусот пролактинот ми е 37.03, а гранична вредност е 25. Дали тоа значи дека ако испитам на 3 ден пак ќе биде толку висок? И дали ќе треба според изгледуве цел живот да примам терапија? Со дечко ми не дека планираме бременост во скоро нешто посебно ама сакавме да видиме дали е се во ред и ако се фати се фати ако не дедека сме помлади да го решиме тоа. Во скоро не сум во можност да одам на гинеколог или ендокринолог, во изолација сум уште 14тина дена затоа сакав да прашам овде за мислење. Еве го целиот извештај од хормоните па ако некоја може да ми помогне ќе сум презадоволна.