Хипофизата ти е со уреден наод. Високиот пролактин не е резултат на пролактином на хипофиза како што веројатно претпоставувал докторот, туку несоодветно третирање според мене. Консултација со ендокринолог.
Мене пролактинот ми е 63.13 и матичниот гинеколог ми препиша достинекс да пијам 3 недели по 1 таблета неделно, 5 недели по 1/2 таблета неделно и 12 недели по 1/4 таблета неделно. Ги има некој користено по оваа шема ?
Како знае како ќе ти делува оваа шема? Ок ти е почетната, па мора после месец/ 2 да провериш пак, за да се дефинира следна доза итн. Јас 3 години пиев и цело време ја прилагодувавме дозата согласно проверките.
Не знам. Ништо посебно не ми кажа само ми ги препиша и ми ја напиша шемата и ми рече да се консултирам со докторот за ин витро бидејќи собираме документација за ин витро...
И јас сум преку инвитро, и баш затоа 3 години пиев доза на одржување откако се симна првиот месец. Битно да не ги прекинуваш откако ќе ти се симне, туку да си продолжиш со доза согласно проверки во крв. Докторот што ме водеше ми ги даваше дозите па откако забременив одма на бромергон до 12та недела. Ти почни со пиење, па докторот за инвитро ќе ти каже што како понатаму.
Јас го пиев во 19/20 тоа време, затоа што во денот пиев повеќе витамини/лекови па тогаш му најдов место Мислам дека нема правило.
Јас скоро почнав да пијам,јас го почнав навечер пред спиење,заради подобра подносливост по препорака на девојки на форумов.
Ти благодарам. Уште да ми кажеш во која аптека ги има со сигурност пошто барав во еурофарм и зегин во К.Вода ги немаа
Јас во 18 часот пијам Имприл, а во 20 часот пијам Микрогинон. Па ќе видам за овие, штом нема некое правило...
Не купувај по 2 во пакување, јас на почеток ги зимав од Алпифарм во Кисела вода, па и од Грција поевтино е таму ама сега со ковид, јавувај им се на телефон да прашаш дали имаат, ама никако 2 од зегин прескапо е така.
Се јавив до аптека Дона во Систина што е и ми рекоа дека ги имаат и се 280 ден/парче. Се надевам не ја разбрав лошо аптекарката за цената
Јас првпат од зегин кога купив, колку се прашав, 1200, ок. И кога дојдов дома внатре само 2 Од Грција мислам дека за 30 евра 8 имаше. Јави се и на друго место за споредба, ама мислам дека и ова во систина ти е ок.
Јас во Охрид ги најдов,убаво те посоветувале и претходните членки купувај си ги на парче,не по 2,јас ги платив една таблетка 290 ден. Само провери рок пред да ти ги дадат,нема шанса да се со лош рок,но за секој случај провери.
Да, да на парче ќе ги купувам. Ја прашав аптекарката дали имаат и која цена се, ми рече имаме 280 ден парче воопшто не ни спомна дали одат по 2-3 како о да е ...