3 недели по 1 таблета неделно, 5 недели по 1/2 неделно и 12 недели по 1/4 неделно Тоа се 8 таблети + 1/2
Ај те молам просветли ме како оваа минијатурна таблета ќе ја поделам на 4 делчиња ? Гуглав за таблетиве и по слики воопшто не изгледаа вака на нет...
Нема да ти дадат таква доза сигурно. Како што ти пишав ќе ти ја адаптираат согласно резултатите, почни си ти сега со првичната доза, не може од сега шема. Јас во 3 години 1/4 не сум пиела, соодветна замена за тоа ти е на пример пола таблета на 2 недели.
Истата реакција ја имав и јас Јас почнав 1/2 ,сега следната доза ми беше 1/4, ја поделив со ноженце некако Се чудев и јас ,како може минијатурно таблетче да врши толкава функција
И јас го имав истото прашање, како може толицко апченце да врши работа, ама верувајте хормоните се како прашина мали, така да 1/4 е доволна за да ја среди работата. Јас ги кршам со ноженце, ставам салфетка врз нив за да не ми летне негде и успешно ги делам.
Девојки ако може една консултација,од ваши искуства. Дали откако сте почнале со користење на Достинекс ,после некое време сте почувствувале промена некаква на телото. Во Понеделник ќе ми биде трета таблетка Достинекс,а се чувствувам како одтушена (во смисла,не сум подуена,полесна). Фала.
Супер. Пишав пред месец дена никоја не се пријави еве пак ќе пишам, имам две таблетки Достинекс 0,5мг во пакување, неотворени, земени ми се од Еурофарм околу 1200 денари, но на некоја ако и требаат ќе и ги подарам бидејќи мене не ми се потребни Убав ден
Браво за гестот, ако никој сега не ги сака, чувај ги, сигурно на некоја ќе и бидат питребни а нема да може да ги најде по аптекиве бидејќи се дефицитарни
Знам дека се дефицитарни, цело Скопје го пребарав во август, за на крај да испадне дека не треба да ги примам. Рокот им е до 03/2021, ги чувам и се надевам ќе се пријави некој до тогаш
Јас за прв пат земав само 3, во вторник ќе го испијам 3то, па ќе ми требаат уште 6, ако во меѓувреме ги снемало и не можам да ги најдам ќе те исконтактирам.
И да ги има, ќе ти ги дадам овие 2, а ти понатаму ќе си доземеш уште 4. Подобро така, стварно мило ќе ми биде Слободно пиши ми порака ќе се договориме
Мојот проблем е следниот. Во петокот испитував пролактин. Ми покажа вредност 61. ( 5-35 референтни вредности). 2 години се обидуваме за бебенце и на 2 месеци испитувам хормони. Секогаш ми е во граници и ми се движеше од 15-25. Не знам зошто вака сега. Да кажам само да кога го испитував некни претходната вечер имав пиено алкохол и не бев наспана како што треба. Дали мислите дека е можно од тоа да ми покажа таков резултат? Ве молам за искуства. Фала
Не е можно да е од тоа,појди на лекар ке ви даде соответна терапија Инаку јас останав бремена со 75 пролактин,само што почнав со терапија за месец дена останав бремена.Немојте да се секирате се се средува
Можно е да покачен ако не си била одморена, ама сепак е многу над референтните. Провери си пак и ќе знаеш. Мислам дека овој хормон можеш било кој ден, не е врзан за циклус.
Многу ме изненади последнава вредност од 61. Две години ми е постојано во нормала. Пред помалку од 2 месеци ми беше 21. Ќе го проверам уште еднаш крај на месецов. Малку се загрижив да не е нешто невролошки но ќе почекам да видам што ќе покаже следното мерење.Дали знаеш да не случајно има улога тоа што месецов пијам јасмин за контрацепција, исто примам и кортикостероиди и антибиотик во повисоки дози. Ти благодарам.