Не знам... ама знам дека терапија обично не даваат на едно мерење, зашто овој хормон реагира на стрес и отстапки се можни.
Здраво, сакам да прашам за искуство. Јас сум со аденом на хипофиза и покачен пролактин, што ми се намалува со терапија. Ја прекинав за да останам бремена. Па ме интересира дали ќе имам после проблеми за доење, дали ќе треба да го испитам прво пролактинот?
Не сум запознаена со тема (доење) , но пролактинот е одговорен за создавање на млекото. Што повеќе млеко се извлекува толку нивото на пролактинот е поголем, (и тоа е нормално) така да мислам дека нема потреба,сепак нека каже некој што има искуство повеќе.
Зошто си ја прекинала? Што пиеше, достинекс? По забременување се прекинува достинекс и се пие бромергон до 13та недела. (нема потреба пак од проверки до 13та недела, само на почеток за да видиш како ќе ти делува бромергон). И не би требало да имаш проблем со доење.
Би требало да продолжиш со бромергон, до забременување и постепено да го прекинуваш кога ќе дојде до бременост. Барем вака сме правеле повеќето со тој проблем. Консултирај ендокринолог или гинеколог што добро ја познава проблематиката. За доење не би требало да имаш проблеми отпосле. Кога ќе прекинеш со доење, ќе си почнеш пак терапија.
Јас сум со висок пролактин достинекс пиев се додека не дознав дека сум бремена,од кога дознав продолжив со терапија со бромергон 1/4 секој ден навечер пред спиење ми рече ќе го пиеме до 13 недела па ќе испитаме пролактин ако биде добар ќе го прекинеме.И јас како тебе ја прекинував терапијата и никако не можев да останам бремена,последните два месеци пред да дознаам и покрај нормалните вредности пиев намалена доза на достинекс.
Здраво, ја прекинав терапијата затоа што имав редовна овулација, и останав бремена на првиот покушај. А дали може да насочите во која тема да прашам за доење? Фала
Девојчиња, дали може мислење зa резултативе: Estradiol 37 (21-251) 2GenTesto 0.85 (0.38-1.97) FSH 5.64 (3.09-7.90) LH2 4.06 (1.80-11.78 ) Progest 0.5 (0.27-2.61) Prolactin 36.80 (2.8-25) TSH 3.2303 (0.3500-4.9400) 5 доктори, 5 различни работи ми кажаа. Повторно ќе испитувам само пролактин, ама во меѓувреме имам ли место за паника? Да снимам хипофиза или рано е да се каже?
Јас минатата година имав 72 пролактин и ниеден лекар не ми кажа да снимам хипофиза. И без терапија ја намалив и сега ми е 32 (пак е висок) а сум во обиди за бебе.
@Bebce1 Како успеа без терапија да го намалиш толку? Ни јас не сакам да примам лекарства, ама ако морам ќе стиснам заби. Јас имам и болки во градиве веќе подолго време, затоа и се плашам толку. Бев на ехо, ама се ми е во ред ми рекоа.
Повеќе со помош на исхрана и заборавив на пролактинот не планирав бременост и не го проверував.Грешка пред 2 години ми беше толку. Инаку ако планираш бременост ќе мора да пиеш бромергон или достинекс.
Најубаво е да примаш терапија ништо страшно, зашто од стрес може и да ти се покачи. Мене мислам ми беше 29 и ми праеше проблем неколу месеци. Е сега докторката ми рече може и сам да се симне не е голема бројка ама бидејќи не ти се чека за бебче ми даде достинекс и со само едно апче ( го пиевпо пола еднаш неделно) веќе следен месец останав бремена и еве малата година има. Со среќа и што побрзо да успееш
За доење имам колешка која имаше малку млеко,се е индивидуално ама во принцип со терапијата доаѓа до помалку млеко.
Sakam da prasam dali prolaktinot mora da se ispituva na treti den od mensturacija ili moze koga sakame .
Достинексот го купувам од Бугарија 8 апчиња за 1200 денари . 3 години сум на оваа терапија, заради аденом 5мм.
И јас го пијам бромергонт во бременост по 1/4 секоја вечер се до 13 недела,па потоа ми рече ќе испитаме за да ги видиме вредностите.