Па искрено јас закажав за ден два откако се јавив, не чекав воопшто за термин. Мене ми наплатија 2500 за ехо на тироидна и консултации со резултати сѐ што имам испитано до тогаш. Носи си ги сите извештаи резултати за да може да види за што и како се работи
Бев на ендокринологија и таму ме испратија да направам повторно испитување на пролактинот и кај нив, но и да однесам во истиот ден епрувета и на биохемија. Резултатот од крвта извадена во истиот ден и на двете места ми излезе различна. На биохемија излезе под нормала, а на ендокринологија излезе 30, а горна граница е 29. Ендокринологот за сега не ми даде ништо бидејки за не цела недела 3 различни вредности покажа. Така да оставивме за 3 месеци да проверам пак. И повеќе да внимавам на исхраната и да избегнувам стрес.
Дали е можно да имам покачен пролактин (39 а граница е 25) а редовно добивам? Значи секој месец ми е точна до ден и немам никакви други симптоми што ги поврзуваат со висок пролактин. Е сега читав дека овој хормон реагира на стрес па дали може да се качува од прихичкиот притисокот што го осеќам пред да испитам? Имам фобија од игли и од земање на упатот до проверка јас сум цело време во паника. Со ладна пот, со паѓање на притисок и секој пат кога ми земаат крв се онесвестувам. Дали ова има некаква врска со пролактинот?
Јас во Синлаб испитував пред 2 години и граница до 496 , а мене ми беше 860. Немав никаков симптом - ниту главоболки, ни нередовен циклус. Не бевме сигурни во резултатот и испитав по една недела испадна уште повисок. Испадна дека е од стрес што ми се собирало, па за брзо време се среди со достинекс таблети.
Јас имам точен циклус па имам пролактин 60 без терапија,не се ослонувај на точниот циклус, намали стрес, не е многу покачен за да го регулираш со терапија, освен ако сакаш да останиш бремена ке треба добро да го изрегулираш.
Грешка, 49 ми е лошо пишав. Значи мора со терапија? Сега немам овулации а сепак добивам или? Не може да се забремени со висок пролактин? Веќе 5 години имаме незаштитени односи со дечко ми и се чудев како никогаш ништо не се случи, сепак не пробувавме акривно, не свршуваше во мене ама бевме отворени за можноста. Сега веќе трет месец сме активни на случајот и сите пати добив редовно, затоа испитав хормони. Следниов месец сум пак нс контрола, ако е уште висок ќе почнам со терапија. @meri24 до граница треба да е за бременост или под?
А за колку време би трабало да се спушти до таа вредност? Извинете со прашањава, гинекологот му е роднина на дечко ми и не го прашав ништо, не сакам да знае дека пробуваме. Ќе ја сменам деновиве и ќе почнам со терапија. Фала ви
Имав овулации, се беше во ред ама не останував бремена. Со терапијата после неколку месеци останав бремена по природен пат.
Испитани на 3 ден од циклусот, мислење? Во ред се? Освен пролактинот, се ми се гледа дека е во нормала. Претходно беше дупло над граница, а сега е ептен малку покачен. Страв ми е да не не се точни дека не примав терапија, можно е сам да е намален?
Баш поради тоа, сега ми е страшно стресен период, полагам и за возачка и на факултет. Иначе сега испитував на друго место, различно од претходниот пат можда и тоа има улога. Петок закажав на гинеколог па ќе видиме.
здраво, може да ми кажете каде точно испитувавте, дали сега брзо бидејки е хаос по клиникиве ради ситуацијава..