Пожелно е да е околу 10-15 за бременост, иако не е невозможно и со повисока вредност да забремениш. Јас кога забременив ми беше 19. Консултирај ендокринолог, со терапија ќе се симне многу лесно и брзо, Пролактинот е хормон што лесно се регулира.
во глобала треба да е до 15 за бременост али се регулира лесно така да не е страшно. Во која лабараторија се правени за естрадиол ми треба.
Девојки ај ве молам за совет. Имав еден спонтан одкако испитав хормони излезе дека пролактинот ми е малку покачен ми беше 850 ( 120 - 555 ). Со консултација на гиниколог рече дека сега за сега нема потреба од терапија. По 3 месеци од проверувањето на хормоните повторно останав бремена и сега сум 6та недела. Имам болка во едната града и брадавицата па јас си поврзувам дека можеби пролатинот ми е повторно висок, и сум избезумена бијдеки читам дека од висок пролактин може да настане спонтан. Ве молам за совет, дали да го проверам повторно пролактинот и доколку е висок дали не е касно да се почне со терапија? и дали вие што имавте покачен пролактин имавте болка во градата и брадавицара? Секако ке побарам совет и од гиникологот но сакам да слушнам ваше мислење. Многу ке ми значи секакво мисленње
Јас пред бременост имав покачен пролактин и пиев Достинекс кој по консултација со гинеколог продолжив да го пијам негде до 8-9недела во намалена доза и потоа го прекинав. Болки во гради како што опишуваш немав. После тоа веќе не испитував пролактин ми беше кажано дека веќе нема потреба и нормално е сега да расте, сега сум 24та недела. Консултирај гинеколог и ендокринолог. Мене поради пролактинот ми беше кажано да контролирам хормони на тироидна па редовно си правам контроли за тоа. Секое добро и лесна бременост
Обавезно го провери, има вредности по тримесечија и тој. Јас пиев доатинекс до 8 недела и мерев во 12 гн ми беше 46, а оатанав со 6 бремена, ама имам аденом којшто лачи прл. Потоа до 16 продолжив со бромергон. Може да направи проблем бо и не мора. По спонтан секако дека е висок, но не мора да значи дека и сега ти прави проблем.
Мене ми беше дупло повисок од твојот пролактинот, па го регулиравме со достинекс и кога останав бремена пиев достинекс до 12та недела за да не дојде до спонтан (така ми објаснија). После 12та недела не пиев повеќе терапија и не сум ни проверувала пролактин во бременост затоа што било нормално да е покачен.
Здраво девојки, ме интересира за мислење.. уште во март пролактинот ми беше 94, тогаш пиев достинекс и ми се симна под граница, ја прекинав терапијата и нареден месец ми беше 19. Во септември го испитав ми беше 23. Сега во ноември повторно ми се покачи на 64 и матичната повторно ме стави на достинекс 2 недели во понеделник и четврток пијав пола апче денес го испитав повторно ми е под граница поточно 01. Чекам да ми каже матичната што понатаму .. незнам дали да закажам на ендокринолог или сето ова се случува од стрес бидеќи сум со еден спонтан и една вонматерична. Овој месец бев на кломифен па доколку останам бремена ме интересира ваше мислење што понатаму бидеќи читам сте продолжиле со терапија и во бременост да го регулирате. Инаку да нагласам предходната терапија ми ја даде старата матична сега имам нова матична и ми рече ќе пробаме вака па да видам како ќе реагираш на достинексот..
Голема ти е дозата. Пробај со една половинка неделно или со една половинка на 10 дена. Јас сама си експериментирав со дозата и го држев до 15 макс. Снимана си на магнетна со контраст? Можеш и со интернист или ендокринолог да се консултираш, да се најде причината, за да знаеш дали имаш потреба од конатантна терапија. Јас имам адебом 5мм и највиаок ми бил пред бременост 64.
Не се немам снимено.. така и матичната ми кажа тогаш дека ќе продолжам со помала терапија ако е многу јака дозата, сега најверојатно треба да прекинам терапија да се врати во нормала ?
Во ваков случај ја намалуваат дозата, не се прекинува терапијата (така беше кај мене), но сепак консултирај си се со доктор.
Во ред е и да го прекинеш, но пак ако се качува барај ја причината за покачен пролактин. Магнетна со контраст, пак ќе кажам ако има причина треба константна терапија. Пролактинот е чудо, кај некои прави проблем кај други не. Некои не можат да забременат, некои имаат спонтан, кај некои воопшто не сметаат високите вредности. Некои во бременоат примаат терапија до 16гн, некои одма ја прекинуваат. Мое мислење е дека матичните гинеколози не се соодветни за тематикава. Според мојот со 64 немаше шанси да имам аденом, и затоа ми требаа 2г да го откријам. Ендокринолог најдобро.
И мене матичната ми рече дека најверојатно се работи за аденом на хипофиза бидеќи втор пат толку многу се качува, но и да е тоа рече се пија достинекс така да не менува дали ќе се снимаш и ми падна чудно зошто наеднаш ми го прекина..
и мојот е 64,имам закажено во четврток ендокринолог,со првата останав од прва бремена,сега небива.Испитував и скриен шеќер,инсулин,тримесечен...
Во однос на терапијата точно дека не менува таа е терапијата за покачен пролактин, или бромергон или достинекс. Мене ми смени во однос на тоа што знам дека не притиска врз хијазмата, очните нерви, бидејќи секој ден возам по 120 км и ми беше битно.