Со колкав рок е? Мене ми кажаа дека ќе го повлекуваат и едвај најдов 3 шишенца од различни аптеки, сите се со рок до 10ти месец.
E nez oti jas go prekinav sega za Mr na hipofizata I ne sum pocnala da go pijam ne go povlekuvaat nego nema od fabrikata ne go proizveduva veke
Да на тоа мислев. Една аптекарка дури се јави во Македонија Лек и од таму потврдија дека нема да се произведува.
Читам наназад на темава ама може не наидов такво исксутво. Имаме ли некоја што по терапија останала бремена? Наредна седмица сум на доктор и ете така надеж си влевам по малку.
Има многу, не една. Пролактинот лесно се доведува во ред и ако е единствен проблем откако ќе се намали и биде во нормални вредности нема пречка за да се остане бремена. Има случаи и кога со висок пролактин остануваат бремени, доилки и слично. Така да ништо не е невозможно.
МР обоена со контраст каде се прави? Само на државно ли има? И кој ден од циклус сте правеле? Треба да внимавам на тоа исто?
нема потреба на точен ден од чиклус, јас на државна правев, бидејќи не ми се брзаше чекав околу 1 -1.5 месец термин - само ако имаш некој ќе ти преопрачам да се јавиш бидејќи и со упат редовен јас чекав имаа донесено пациенти од други оддели што лежат на снимање.. Има и по приватните ординации, само сигурно е над 500евра не знам дали вреди.
Здраво девојки, знам дека Достинексот се дозира различно кај секого, па ако е некоја поискусна да ми пише лп да ја консултирам околу мојата доза? Нејасно ми е напишано на рецептата, не знам дали да пијам цело кутивче од 8 таблети по шема или да прекинам.
девојки што ќе правиме сега одкако ќе нема веке бромергон? Некаде читав дека Достинекс не требало да се пие во бременост. јас веќе скоро година дена го пијам бромергонот поради адемом на хипофизата. Се обидуваме за бебе и знам дека бромергон го даваат да се пие до 12 недела. Но дали знаете некоја што пиела Достинекс во бременоста?
Незнам јас пиев достинекс и сега кога останав бремена,ја прашав матичната што да пијам ми рече бромергон,кога и реков дека не можам мо даваше информации од каде да порачам и конечно денес ги добив до сега не пиев ништо веќе две недели одкако дознав дека сум бремена. Ако имаш некој од Грција да ти ги купи.
Не е страшно ама мора да се среди да примаш терапија ако сакаш да забремениш,оди кај ендокринолог ке ти даде соодветна терапија и ке се среди за брзо,не се секирај.