Ништо не е страшно можи од стрес да ти се има покачено односи ако си имала вечерта пред да го испиташ или не си спиела убаво пролактин е хормон на стрес и лесно може да се покачи пред да почниш со терапија уште еднаш испитај го за две недели и ќе видиш колку тие само дента пред да го испитуваш одмарај немој многу физички активности и добро да се наспијаш а и да треба терапија ништо страшно лесно се регулира ако не и најлесно од сите други хормони исто така можи да тие покачен и од апчиња за смирување посебно од асентра се покачува кај мене беше таков случај.
Девојки Бромергонот знаеме дека веќе го нема низ аптеките, меѓутоа дали некоја деновиве нашла Достинекс и каде?
Го нема бромергонот веќе? Јас пред неколку недели зимав и прашав рекоа дека немаат најава дека ке го нема.
Јас цело Скопје пред еден месец го превтев и едвај најдов една кутија само. Сите во аптеките ми кажуваа дека или ги повлекле поради краткиот рок(до 10.22) или повеќе нема да се произведуваат. Затоа и се префрлувам на Достинекс, меѓутоа и овој лек не можам да го најдам. Дали ти го најде Бромергон од Скопје или во друг град? И во која аптека? Било каде би одела само за да најдам, барем уште Септември да го истерам со Бромергон.
За Достинекс прашајте во аптека Берна во Чаир (мислам има на интернет број), јас само таму наоѓав кога немаше никаде.
Здраво, сакам да прашам дали зголемен пролактин предизвикува депресија, анксиозност и слично.Како се чувствувате, дали сте земале антидепресиви плус.
Јас освен чести главоболки немав некој друг симптом. Пролактинот е нешто што можеш да го симнеш и нема потреба од страв и лоши мисли. Јас одкако дознав дека ми е покачен и дека имам тумор на хипофизата бев многу уплашена и се затворив во себе. Ама само со позитивна мисла и се ќе биде добро. Стресот е најголем непријател на пролактинот, затоа ќе мора да го ограничиме на минимум и само физичка активност за да немаме време за анксиозност и депресија.
Здраво. Дали сега во скоро време ги имаш купувано или пак од порано е таа цена? Може да се најдат лесно во аптека или исто и таму е како кај нас дефицитарен? Сакам да одам до Турција доколку е навистина толкава разликата, кај нас 8 апчиња се 2400 денари.
Девојки многу ми е страв ми се вртат црни мисли за тумор на хипофизата... Прв пат го правам ова, не бев спана легнав во 2 дури дојдов од на работа не знаев дека треба да сум одморена. Плус имам и тироидна се преплашив кога видов. Чисто онака правев не ми е за забременување рано е.
Пролактинот е хормон на стрес и можат да влијаат многу фактори на него. Затоа пред да се испита треба да се биде одморен наспан да се има 8 часа непрекинат сон и сабајлето пред испитување да се има минимални активности што се неизбежни додека стигнеме во лабораторија. Испитај уште еднаш ама биди одморена наспана без стресови и без активности одсабајлето,и ке добиеш релевантен резултат,ако и тогаш е покачен пролактинот ке се консултираш со ендокринолог и ке ти препише терапија. Се симнува многу лесно со терапија не се плаши.
Девојки дали некоја од Вас се има соочено со добивање два пати во месецот како резултат на покачениот Пролактин? Јас цело лето сдобивам Менструација на 18 дена. Сите испитувања се во ред, и пролактинот пред еден месец кога го испитував беше 16 , значи во рамки на нормала. Ова сега толку ме плаши а во процес сме и на правење бебче…
денеска правев испитување на хормоните па ќе видиме. Дали ти дадоа некои апчиња за естрадиолот? Гинекологот ми даде да пијам само Дабростон од 16ти ден на циклус по 10 дена да пијам.Така три месеци да терам. Меѓутоа на самото упатство стои дека Дабростон не се пие без да се додаде и некоја терапија за естрадиолот.