Се надевам дека знае што прави. Јас мака мачам со тие гинеколози, никој не сака да се потруди убаво да ми објасни и упати каде треба да одам и какви се испитувања да направам. Дабростон ми даде да пијам од 16ти ден од циклус 10 дена да пијам. Потоа да чекам да добијам. И така три месеци да го пијам.Демек така ќе ми се регулирал циклусот. Многу лошо и недоволно објаснето. И побарав упат да ми даде за на клиника на Гинекологија, па да се надевам дека некој специјалист би ме упатил што понатака.
Супер што ти дала упат, мене ни тоа нејќеше да ми даде, он знаел све. Мене ми е Ложанковски матичен, ама на приватно. Ако сакаш да мењаш, има со плави во истата ординација во Центар. Иначе, спец ќе ти каже што понатака. Матичните не се замараат ниту се запознаени. Тие се како општи лекари, ама јас касно сфатив. Пиши што ќе направиш на спец.
Се испитав за хормони. Ок ми се резултатите освен пролактинот ми е мн висок-75, s-Lh е 9.94 и прогестеронот 2.35. Бев на ендокринологот кај др. Танер, ми рекоа се е во ред освен пролактинот и тироидна демек малце ми е висок а како што гледам ми е нормално инаку ми е 3.824 и ft4-12.33. За сега треба да пијам апчиња за пролактин-Достинекс и за тироидна-Еутирокс 25 за 6 7 дена. Ради ова ме буни многу а и не сум сигурна за да пијам да не зафркавам ептен. А за прогестеронот ништо не ми рече демек нормално а висок ми е. Планираме да имаме дете.
Треба да ја пиеш терапијата што ти ја дале. Јас бев со 2,5 ТСХ и ме ставија на Еутирокс. Ќе се средат хормоните со терапија.
Дали за пролактин 30 ( при реф. Вредност горна граница е 25 ) ви даваат терапија? Пробуваме за бебе..
Колку што разбрав дека треба со добиено на трет ден до 5тиот ден. Затоа прашувам за да бидам сигурна.
Тоа важи за другите хормони, но не и за пролактинот. Ако испитуваш само пролактин можеш било кој ден да го испиташ.
@Ouravanture Во право си Ирис, не е стрикно врзан за ден пролактинот, ама кога се испитува од репродуктивен аспект мене мојот ендокринолог секогаш ми бараше да биде на трет ден заедно со другите хормони, со објаснување дека резултатот тогаш е најверодостоен.
Девојки, Случајно ја видов емисијата на телма амбуланта, со др. Катерина Адамова од клиника, на тема пролактин па си реков да ви ја споделам. Се надевам ќе ви биде од корист.
Srcki samo da znaete vo bugarija 8 apcinja dostinex se 1000 den na mene deneska mi gi donesea od bugarija a tuka vo mk 2260 den se sto e mnogu mnogu e
Јас ги набавив од Турција за 550 денари за 8 апчиња благодарение на една членка ❤️ Така да доколку имате можност одете до Турција. Кај нас цените се 5 пати поскапи…
Здраво, Забележав дека од градите ми тече како бело-жолтеникава течност. Имам трет ден менструација моментално. Менструациите ми се секогаш редовни, и вакво нешто не сум забележала.. Дали се работи за пролактин, или има шанси да е рана бременост и покрај тоа што имам циклус?
Да ќе ги проверам утре. А дали од висок пролактин отекуваат градите? Двојно поголеми ми се , а вчера правев тест за бременост кој излезе негативен.