Бидејќи неколку време се обидуваме за бебе, читајќи ка групава проверив пролактин и ми искочи 30. Каде е најдобро да одам за терапија?
Пролактин е стрес хормон. И мене ми беше 28.9, па за две недели беше 15. Така да ако прв пат испитуваш. Почекај, не е секогаш за терапија.
Претходно имам испитувано ама поодамна, 20.9 ми беше од 29 граница, сега е веќе над границата(26 е во оваа лабораторија граноцата). А сегде читам дека треба да е под 15 за бременост. Предлог за добар ендокринолог?
Затоа ти викам, не значи дека е проблем. Мене 19 ми беше кога забременив. Мислам дека ти е од стрес. Немам искуство со ендокринолог, нека предложат членките.
Јас еднаш кога го проверив ми беше 70 и нешто и баш докторот кога ги виде резултатите дека сум ги правела во 7 сабсјле ми рече утре нови да правиш одма и покасно да ги направиш а не од спиење дурект на хормони. И навистина потоа беше се во ред а незнам што има улога тоа
Па не знм, јас па читав дека треба порано бидејќи на овој хормон влијае и стресот и демек сабајле си посмирен.. Како и да е ќе одам на лекар па ќе видам што ќе ми кажат
По правило прл се испитува наутро 2ч по будење. Да тој е стрес хормон. Може да се покачи и од стрес. Ендокринолог искра битоска, валентина велковска накова ги препорачувам. Валентина мислам доаѓа и ск, многу темелна.
Проверував пак, пролактинот ми е 27 од 29. И сега.. ова е во граница ама пак високо, до сега сите мерења ми бил над 15, првиот пат 20, па 30 и сега 27. Ќе видиме што ќе каже докторката
Ама не ми се верува дрка на двете мерења ми било моментално од стрес.. Ќе видиме докторката што ќе каже
Ама 20 не е ништо, 27 веќе е блиску до граница. Јас со 19 останав бремена. А пред тоа ми беше 28. Ама јас на пример имам проблем кога ми земаат крв, ми се слошува, и од тоа е најверојатно.
Имам покачен пролактин, пијам антидепресиви 1 година. Читам дека од тоа се покачувало, не сум била бремена. Дали некој имал слично искуство, дали сте морале да ги прекинете антидепресивите??
Здраво, дали некој скоро набавувал Бромергон и од каде? Или можеби има некаква замена што не е Достинекс
Здраво ова се резултатите од пред 3 месеца пролактинот беше покачен па пиев селен вутамин Д и цинк.Пролактинот и кортизол испитав сега од како пив витамини и ги добив овие резултати
Разговарај со гинекологот, може ќе ти даде нешто друго да пиеш. Не верувам дека со витамини само од себе ќе се среди. А и не верувам дека од тоа што си ги пиела ги имаш добиено овие резултати.