1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покајание

Дискусија во 'Религија' започната од Just.you, 13 август 2014.

  1. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Дали некогаш сте побарале од ГОСПОД БОГ нешто да ви биди простено...? :(
    Нешто за кое многу сте згрешиле (САКАЈЌИ ИЛИ НЕ САКАЈЌИ) ? ;( :sweat:
    Ајде девојки и момци (ако ги има) пишете за своите гревови и грешки за да научиме и да си помогнеме меѓусебно...
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Девојче, гревовите не се исповедаат јавно, бидејќи за тоа нема потреба. Секој(а) кој(а) што згрешил(а), доволно е своите гревови да ги исповеда пред Бога, во присуство на сведок-поп. На друго место нема потреба ни да се каеме, ни да се исповедуваме. Впрочем секоја вечер ние на крајот од вечерните молитви, го читаме секојдневното исповедание на гревовите.
     
    На Cakica и tessie им се допаѓа ова.
  3. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    OK.
    Извини :sweat:
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Нема проблем. Убава замисла си имала, извини ако се засрами, ама тоа не ми беше намера. ;)
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Покајанието и прошката се можеби најисцелителните и најослободувачки нешта коишто може да ги искуси еден човек воопшто, без разлика на неговата религија или побожност воопшто.

    Речиси никогаш не ми било тешко да се покајам, да се извинам и си спомнувам често за грешките коишто сум ги направила и ги правам. Секако, доколку сум свесна за истата. Од друга страна пак, простувањето ми беше голем проблем на времето. Но, со силна воља, веќе подолг период има поминато како го имам надминато ова.

    Покајанието е патот. Можеби навидум гордоста изгледа подобар избор, но дефинитивно е потешко бреме и окови во кои сами се заробуваме.
     
    На Betty*, SV1911, Philippa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На kuc, Mama25, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107

    Се согласувам дека треба да ги исповедаме гревовите пред Бог. Ама пред поп? Прво, може да го соблазнам чика-поп со мојот грев и послем да нема мир мислејќи, а башка, не им верувам на луѓето (а попот и тоа како е само човек) па потоа небаре ебола, моето признание да се прераскажува...Брррр...

    "Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно". Исус
     
    На Betty* и crankyy им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски

    Се каам во себе и барам прошка од БОГА, а не од поп кој е таканаречен божји слуга, а е повеќе(грешен) од мене.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Господ Иисус Христос го рекол следново, давајќи им власт на апостолите, а преку нив на свештениците (презвитерите-јерејите-поповите и епископите-владиците) да ги проштеваат гревовите:
    Матеј 18: 18
    „Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
    Матеј 16: 19
    И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.
    Јован 20:23
    На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

    За тоа дека попот ќе направи брррб :) , можно е, ама и не толку. Зошто? Па на еден просечен поп, во нормална парохија, во текот на постите секој ден му доаѓаат десетина луѓе на исповед. Алал да му е ако не му се измешаат гревовите. Секако гревовите не се опишуваат, туку само се наведуваат.

    Кога, кажуваме кој е погрешен, а кој е поправеден, ние го земаме местото на Христа, Кој е Единствен, Кому Му е дадено да суди. Впрочем, ние секогаш ги гледаме луѓето кога грешат, ама ретко или скоро никогаш не ги гледаме кај што се кајат.
     
    На kuc, tessie, oraiaeleni и 2 други им се допаѓа ова.
  10. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Наравоучение, значи, ем лично покајание тет-а-тет со Бог, ем пред свештеник. Така испаѓа. Јас сум сепак за првото, можеби најмногу инспирирана од Давидовите псалми кои се очајнички тет-а-тет покајанија, молитви за прошка, за славење....за на крај да бидат ремек дела. Секој за себе.
     
    На ВераНадежЉУБОВ и Betty* им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Значи, Бог можеби ќе ги прости нашите неисповедани гревови, но ние тоа не го знаеме со сигурност. Со сигурност знаеме дека, Бог ги проштева покајаните и исповеданите гревови.
     
    На tessie и oraiaeleni им се допаѓа ова.
  12. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Ако сепак Исус нешто рекол, директно ни се обратил со тие зборови, а ние не му веруваме или го прифаќме тоа со резерва барајќи дополнителна поткрепа, се прашувам: 1.како Бог го создал целиот Универзум а неможе да го слушне искреното каење на една душа без присуствои на свештеник? 2. Можеби...нашата вера е млака? 3. Или, посредството на свештеникот е само сигурност за покајаникот дека ете и јавно, пред сведок признава за својот грев (гревови) што на извесен начин, ако има совест, ќе му биде срам и страв да се врати назад?
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На линкот го има целиот разговор којшто мислам дека ќе ти ги разјасни дилемите околу исповедта и покајанието за нашите гревови.

    "Исповедувањето е признавање на гревовите пред Бога, а не пред свештеникот. Тој е само сведок. Се подразбира дека треба да бидат максимално искрени зашто од Бога ништо не може да се сокрие. На крајот на краиштата признавањето на гревот е потребно за човек а не за Бог, оти тој и вака и така ги знае сите работи што се направени. Затоа ако некој верник сака да има плод од исповедта мора да биде искрен" вели отец Игор и додава дека "ако верникот не е искрен и исповедувањето го сведува на ниво на театар".
     
    На Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека треба да се исповедаме пред Господа а не во присуство на свештеник,тоа е смешно,зарем Бог нема моќ да ислуша некого па му треба помош од поп.И поповите се луѓе како и сите ние и тие се грешни,не можеме да се сокриеме од Бог тој знае се и уште пред да направиме нешто,тој е единствениот на кого ќе му се исповедам и на никој друг на светов!
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Се имам еднаш исповедано пред свештено лице , и тоа попот ни е семеен пријател , е замислете како ми е кога ќе го видам дома кај нас а знае толку работи за мене кои не ги знаат моите:D сепак се исповедав и не е ништо страшно, ваше е да изберете дали сакате кај поп или само на Господ, само да ви кажам колку и да е грешен попот, и да , колку и да е срамно или смешно тој дава заклетва дека по никоја цена не смее да го прекаже на никој покајанието и исповедта, така да бидете мирни;)а за покајание , се каам секој ден , за се што сум направила и ќе правам познавајќи се со овај ум8)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Покајание барам секој ден. Мислам, онака дома. Во моето дувло. :) При свештеник не сум била досега но еден ден можеби. Дури тогаш онака вистински ќе ми олесни.