подарок си е подарок ако на некој му е подарена куќа нормално дека може да бара др да се иселат затоа што е негова.
А дали е важно кога се подарува? На пример ако јас или жена ми поднесеме барање за поделба на имот во кој ќе биде вклучен имотот на родителите, дали тогаш (кога веќе постапката е почната) татко ми и мајка ми можат да го подарат имотот на мојот брат или можат само сега пред да биде почната постапка или можат кога сакаат додека се живи тие? Јас некако си мислам дека тие можат да подаруваат тогаш кога ќе посакаат зашто тие можат да го подарат и на некој од улица па тогаш ниту јас ниту брат ми не би имале ништо. Валда можеме да бараме некој нужен дел кој ми рекоа многу тешко се докажувал. Фала!
Малку ти е нејасно прашањето. Како тоа ти и жена ти ќе делите имот кој е на мајка ти и татко ти? Ако мајка ти и татко ти ти го поклониле тебе тој имот, тогаш тие веќе не се сопственици на истиот и логично дека нема да можат да го поклонат. А ако не ти го поклониле ти не можеш да го делиш зошто не е твој. е сега јас можда не сум те разбрала добро, затоа те молам појасни ми подобро за да можем да ти одговорам
каков нужен дел не мешај сега тоа е за наследници ти не си наследник не се мртви мајка ти и татко ти тиа нужен дел се бара по нивната смрт од тој имот што ќе остане сеа тоа ти е исто како ти утре да имаш деца и имате две куќи и ти едната да не можеш да ја продадеш нужен дел да ти бараат децата. Значи тоа си е твое ти можеш се да продадеш и после да нема што да се дели секој си располага со својата сопственост сопственоста на твоите родители не е твоја ти имаш право само на тоа што ќе ти го остават по нивната смрт нема тука никаков нужен дел ти не си наследник.
Па не знам, мислев ако да речеме барам јас поделба на имот или пак можеби жена ми од која се разведувам. Не знам дали таа пак може да бара нешто од кај моите родители, нешто што не гласи на мене и што си го стекнале моите родители само затоа што има лична карта на таа адреса. Појма немам затоа прашувам. Фала!
не може да бара неШТО ШТО не е нејзино освен да бара некој дел како што ти кажав ако имате нешто вложено
Поведовме оставинска постапка за имот наследен од татко ми кој е починат, а куката ја правеле заедно со мајка ми. Јас се откажав од наследство во корист на мајка ми и брат ми. Дали имам право на дел од делот на мајка ми по нејзината смрт доклоку таа претходно не написе тестамент или не го подари. И колкав дел и следува на не? Благодарам.
па вака сеа татко ти починал и ако куќата им е изградена додека се во брак со мајка ти тие имаат двајацата по половина од куќата. Значи делите една половина од куќата затоа што мајка ти не е почината другата половина се дели по нејзината смрт. Наследници на татко ти сте ти брат и мајка ти. Значи неговата половина ја делите на три дела и од куќата мајка ти си ја има веќе половината и сега наследува од на татко ти и мајка ти има повеќе од половина од куќата а ти и брат ти имате по 1 шестина од целата куќа. Ако ти си им го поделила твојот дел на брат ти и мајка ти сега таа твоја една шестина а делат они двајцата. Значи брат ти ја има неговата една шестина и плус една дванаестина од твојот дел. По смртта на мајка ти ти имаш право на половина од нејзиниот дел т.е. половина од половина од куќата или една четвртина од целата куќа и право на половина на тоа што таа го наследила од татко ти и половина од тоа што ти си и го дала. целиот нејзин имот со брат ти ќе го делите на половина.
Ве молам за мислење ....Татко ми почина пред 6 месеци и станот во кој живееше е на име на неговата мајка која е почината пред 5 години.Татко ми и мајка ми се разведени....Тетка ми(од татко ми сестра)живее во Шведска и не е државјанин на Р.М. И не е родена тука.Ме интересира кој е наследник на станот?Дали мојата тетка има право на дел од станот иако е странски државјанин?П.С.Станот сеуште се исплака на држава -и ме интересира дали може да изврши уплата на станот како странец....Однапред Ви благодарам
Епа една половина е на татко ти т.е. на вас, а друга на тетка ти. Е ако уште се плаќа, јас мислам дека може да го плати. Странски државјанин има право да купи стан тука. Освен ако има измени во законот. Можеш да разгледаш на странава што те интересира: http://www.finance.gov.mk/node/104
Se izvinuvam dali e validno toa sto tatkomi svoeracno napisal na kogo ja ostava kucata i samo se potpisal deka toa mu e testament.
не сум сто посто сигурна, ама мислам дека мора да се среди тоа и кај нотар, т.е да има потпис и од нотар или од адвокат.нека пише некој што знае повеќе
Да има и 2 -ца сведоци и заверен кај нотар. Обично нотарите ги викаат дома ако лицето не може да отиде кај него и во присуство на 2 сведока се потпишува и заверува тестаментот. Ако се наследува како подарок не се плаќа данок ако се наследува по наследно решение судски се плаќа данок на имот.
се надевам дека некој ќе може да ми помогне... Баба ми (мајкаи на мама) има два стана и сеуште се на нејзино име. Дали таа да направи тестамент во кој пишува дека ги остава на мајка ми или да ми ги препише мене како поклон (имало посебни процедури за тоа, така кажуваа)...што би било подобро? и со што подобро мајка ми би се заштитила од „штетниците“ кои сакаат да и земат еден стан (член од подалечно семејство)
Поклон може да се земе назад (така да се изразам) само ако подарувачот сака. Еве пример: баба ми и прабаба ми својот дел од куќата му го подариле на брат на баба ми. Ама по неколку години се десило што се десило меѓу нив, двете покренале постапка и си го вратиле делот назад. Јас мислам дека поклон може да се одземе само ако подарувачот е жив, ако не е, не може. На тато дедо ми му остави доста имот, скоро се што имаше. Му е дадено како поклон пред 3 години. Сега тој почина и се дозна се. Внуката негова е лута поради тоа. Сакаше дури и судски постапки да почнува. Ама се распрашала и колку што јас сфатив од нејзините постапки и од тоа што зборував со татко ми, поклонот не може да се одземе бидејки дедо ми е умрен.
Па може да се направо тестамент, ама со тестаментот тие ќе бидат во сопственост да баба ти додека е жива, таа ќе фигурира во имотните листови и само таа ќе може да ги отуѓува. Доколку се решите за договор за поклон тогаш подобро е баба ти да и го поклони станот на мајка ти а не на тебе, зошто ако ти го поклони на тебе тогаш станува збор за втор наследен ред и ќе ве одерат со данок во општината. Доколку го поклони на мајка ти не се плаќа данок
Dali imam pravo na nuzen del po smrtta na majka mi ,koja ima 4/6 od stanot.Tatko mi e pocinat ,a taa zivee vo istiot stan so brat mi koj ima isto kako i jas 1/6 od stanot.Imam li pravo na nuzen del po nejzinata smrt,otkako taa ke mu gi podari na brat mi 4/6od stanot?