Поклон или тестамент

Дискусија во 'Правни совети' започната од mleko, 18 декември 2010.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.779
    Пол:
    Машки
    Не е точно.

    Своерачен тестамент
    Член 66
    Тестаментот е полноважен ако го напишал завештателот со своја рака и
    ако го потпишал.
    За полноважност на своерачниот тестамент не е нужно, но е корисно, во
    него да е означен датумот кога е составен.

    Имате закони бе луѓе, читајте.
     
  2. mleko

    mleko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво, јас пред неколку месеци побарав правен совет за поклон или тестамент што е подобро!и добив пресуда дека мојот подарок недвижнина не произведува правно дејство не објаснуваат зошто :envy: бидејки никад договорот не бил раскинат додека Дедо ми бил жив а оставил Тестамент со кои што последна желба му била недвижнината да ја добие друг!!! Сите правници на форумов имаа исто мислење неможе да се одземе поклонот или пак да се даде на неко друг е сега не ми е јасно зашто јас губам на Суд и нема никакво објаснување зашто мојот договор за дар е ништовно правно дело и не произведува правно дејство и зашто се спомиња правото на сопственост било повредено кога другата страна нема право на сопственост бидејки имотот е во моја сопственост бидејки бил поклонет а како поклонет неможе да се остава пак во тестамент!Судот наведува дека морам да го вратам поклонот т.с да трпи промена во запишување на јавните книги и јас да ги платам трошковите на судот и другите.морам да наведам дека немав адвокат а другата страна имаше и дека еднаш ме повикаа на судење а во пресудата пишува уредно повикуван неколку пати....каде да се обратам сега и што можам да направам ?
     
  3. Sharkay

    Sharkay Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zdravo.Otkako pocina tatko mi jas i majka mi bevme na sud za podelba na imot.Mene mi pripagjase 1/3 megjutoa se otkazav od se zatoa sto mislev deka ke se dogovorime..Poradi problemi koi se pojavija podocna(da receme nema kade da ziveam sega)dali imam pravo od toa sto sum se otkazala da si go baram nazad.
     
  4. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски

    Неможиш да го бараш назад, после откажувањето имотот припаднал на мајка ти и таа е носител на истиот во имотен лист. Тука завршува целата работа ! Решението е правосилно

    жалба по пресуда! со адвокат, иако последната желба е последна, бидејќи во поклонот, стои член во кој се наведува дека даропримачот му се заблагодарува на дародавачот и во иднина кон него ќе се однесува со посебна почит и внимание. Можи основот за одземање да се сведе дека е повреден овој член од договорот ....ова е само една моја претпоставка. А жалбата е со сигурност единствен алат за продолжување на постапката.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е валиден.
    Имаше случај во странство каде оставителот, на смртна постела додека бил во болница го напишал својот тестамент на хартиена чаша. И потоа му бил уважен.
    Се додека оставителот своеволно го напишал тестаментот, односно не бил под дејство на присила, закана или заблуда, ќе биде валиден.
     
  6. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    269


    Малку ги мешате работите...
    Постојат повеќе вида на тестаменти според нашиот закон, двата се спомнати во постовите и тоа - своерачен и судски тестамент.

    За првиот важно е да биде напишан своерачно од тестаторот и потпишан од него (без разлика на јазик, ракопис или потпис). Единствени услови за полноважност на овој тестамент се само тоа да има тестаторот полни 15 год и да е при здрава свест и волја, односно да е способен за расудување.

    Значи, да, овој е полноважен тестамент АнаКаренина.

    Е сега, судскиот тестамент мора да е напишан во присуство на судија и двајца сведоци, или во суд или пак во просторија кај што се наоѓа тестаторот а е неспособен да оди во суд. Постои процедура за овој тестамент, како читање на тестаментот пред сведоци, потпишување од нивна страна и судијата и тестаторот итн...
    и овој тестамент е полноважен ако се исполнети неговите услови и нели пропишаната форма.

    Заклучок: Двата тестаменти се полноважни! Нормално за своерачниот мора да се утврди неговата валидност.
     
  7. barbi-73

    barbi-73 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Dali moze nekoj da mi objasni sto e razlikata pomegu zakonsko nasleduvanje i nuzen del?
    Sestra mi pocina pred nekolku meseci, a stanot seuste se vodi na tatko mi. Pocinata e i majka mi. Zakonski naslednici sme jas i vnukata (kerkata na sestra mi).
     
  8. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    269
    Законски, постојат три наследни редови според кои лицата кои спаѓаат во нив (поблиски и подалечни роднини) се нарекуваат законски насленици. Нужен дел е делот којшто според законот им следува на лицата кои се законски наследници по прв ред (децата и брачниот другар на коишто им следува по една идеална половина,третина исл. зависно колку се). На пр. децата имаат право на еднаков нужен дел од оставината на родителите.

    Во твојов случај станот кој се води на таткоти (кој мислам дека е мртов, бидејќи немаш нагласено), по прв наследен ред го наследувате ти и сестрати на еднакви делови заедно со мајкати. По смртта на мајкати и сестрати, (под претпоставка дека немате друг брат или сестра) тебе ти припаѓа еден идеален дел од станот, додека другиот идеален дел кој што требало да и припадне на сестрати, следува на внукати по право на претставување (доколку е единствено дете, ако не се дели на сите) заедно со нејзиниот татко (мажот на сестрати).
    Значи половина од станот (идеална половина) ти припаѓа тебе.

    Се надевам ти се разјасна прашањето...
     
  9. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    5
    За вакви натрупани предмети најдобро е да се побара второ мислење со сите документи, макар и како правен совет. Понекогаш се случува да се сплеткани работите, а вака ќе се добие комплетен впечаток за што се работи.
    Инаку, гледам многу имаат наведено разно одредби за тоа кој од овие два документа е валиден. Јас мислам дека се и двата, ама за да знам кој е кој и што е што морам да ги видам во живо.
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    ве молам за одговор од некое стручно правно лице
    татко ми има на негово име и кука и стан куката сака да му припадне на брат ми а станот на мене (моментално јас живеам во него) и нема никакви проблеми имам 2 прашања
    1.на каков начин да ни го даде наследството а да немора да плакаме многу пари на дрзавата?
    2.дали откако ке ни го остави наследството (станот на мене куката на брат ми)дали брат ми може да бара дел од станот или јас дел од куката?
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.377
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе мора додека е жив да направи тестамент ако сакаш брат ти да нема право на дел од станот, а и ти на дел од куќата. Е сеа тестаментот си се плаќа. А, ако оставите на случајот кога ќе треба да се дели, мислам дека се` ќе си се дели напола.
     
  12. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    5
    Не гледајте на тоа. Ефектот е поважен од поважен од парите. Има уште начини за оваа работа да се заврши. Само треба да се видат документите за оваа работа.
     
  13. Filipsk88

    Filipsk88 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo ..edno prasanje se raboti za toa sto jas imam dobevno stan na poklon od baba mi i dedo mi koi se uste zivi sega stanov e na moe ime a tatko mi e veke pocinat a baba mi i dedo mi se zivi ..a tatko mmi ima nekakvi dolgovi sprema bankite dali jas vo toj slucaj gi nasleduvam tie dolgovi od tatko mi bidej,i od nego ne sum nasledil imot tuku od baba mi i dedo mi so dogovor za poklon a od tatko m i ne sum nasledil nikakov imot
     
  14. Vasketo

    Vasketo Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, имотот (куќата) е поклонат на мајка ми од дедо ми (татко и) како подарок, тоа е пред 3 години поради некои несогласувања мајка и на мајка ми со двете сестри ја тужат да и го земат имотот кој и е подарок од татко и, а има уште имот кој е останат од татко и се уше е на негово име..Дали може да и ја оздемат куќата ?
     
  15. Vasketo

    Vasketo Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
  16. Royal

    Royal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Zdravo!imam eden problem pa bi sakala nekoj da mi objasni zosto mi e itno.imeno tatko mi e pocinat veke 7godini,i po negovata smrt se od imanje i kukata i pripadna na majka mi .vednas otkako tatko mi napravi 40 dena brat mi podnese vo sud za ostavinska postapka.ne viknaa vo sudot i jas se otkazav od mojot del ,so nadez deka brat mi ke prodolzi da ja cuva majka mi.celiot imot mu se dade kako poklon zaedno so kukata ,a majka mi ne ostavi nisto na nejzino ime.e sega ,minaa godini taa se razbole nepodvizna e ,i brat mi i kazuval deka ke ja dade vo dom i deka tamu ke i bide mnogu podobro otkolku doma.doame so snaa mi i vnukata ,odam i jas pomagam.i ja ubedil deka so dobra terapija vo domot duri i ke proodi.inaku taa e 80 godini.i vcera skrisno od site ja odnel vo dom.mnogu mi e krivo za majka mi ,i me interesira postoi li moznost da go osporam poklonot sto mu e daden i da trazam del ako me sleduva.znam deka togas se otkazav ama mislev deka ke se grizi za majka mi a toj se oslobodi od nea ,pravi problemi doma .se izvinuvam za latinicata i ako moze nekoj da mi odgovori.
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Изјавата што си ја дала на суд дека се откажуваш не можеш да ја повлечеш, освен ако нема некоја ставка - во случај на.... или при непочитување на....

    Ако братот не дал писмена изјава дека ќе се грижи за вашата мајка и дека заради тоа го зема подарокот и ако истата не е заврена на нотар, тогаш нема основа за оспорување.
     
  18. GorcoMK

    GorcoMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Во 2012 година, на татко ми му имам дадено пари за доисплата на стан кој сега е на негово име, без да направиме било каков писмен договор. Идејата беше, по преземањето на станот од изведувачот, истиот да се стави на продажба. Станот е сеуште во процес на продавање, но сега татко ми предлага да направиме писмен договор за парите што му ги позајмив, да имаме нотарски заверен документ, оти животот е непридвидлив, а јас несум единец во фамилијата. Мојот интерес е да си ги вратам позајмените пари, судбината на станот(и остатокот на пари од него) не ме интересира.

    Дали може да се направи договор за пари предадени пред две години, дали треба да се наведат сведоци, и ако евентуално дојде до тоа, како во договорот да се регулира мојот дел во процесот на оставинска постапка?

    Дали изјава заверена кај нотар, со сите наведени детали, би имала исто правно дејство како договорот во порцесот на оставинска постапка?
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.601
    Допаѓања:
    27.262
    Пол:
    Женски
    Вака дедо ми татко на татко ми пред дваесетина години му го има дадено станот како ПОКЛОН.
    Дедо ми живее во заедница со нас.
    Татко ми има 2 браќа и 1 сестра.
    ПРАШАЊЕТО ми е дали по смртта на дедо ми, тие би имале ли право на дел од станот, во кој живееме, кој дедо ми му го има оставено на татко ми како поклон??? :?:
    Тие пред дваесетина години знаеле дека дедо ми како поклон ќе му го даде станот на татко ми, не биле против, но НЕМААТ ништо ПОТПИШАНО дека после смртта на дедо ми нема да бараат дел.
     
  20. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    18.237
    Пол:
    Женски
    Ме интересира вака имам баба и јас останувам да живеам со нејзе е сега она сака куќата да ми ја препише мене (а не на мајка ми и тетка ми они се откажуваат од куќата ) како да го изведам тоа а да не платам многу ?