Имам малку деликатна ситуација, па барам мислење од правник. Имено пред да почини дедо ми, поклон го остави имотот на татко ми. Баба ми уште е жива. Ме интересира дали можи да се раскини тој договор од страна на баба ми т.е. да се промени, и притоа да ми даде дел мене, а дел на татко ми?
Комплицирано е и треба да се оди преку судот да се раскинува тој договор, ако сте во добри односи со татко ви најдобро е татко ви директно да ви подари дел од имотот со договор за дар помеѓу вас и татко ви. Ако ве интересира нешто подетално пишете ми порака.
Драги феминки доколку некој го познава правото да ми каже се работи за имот наследен преку договор за дар. Дали може давателот т.е оној кој го подарува имотот со договор за дар да во иднина се премисли и го поништи договорот за дар??? А со тоа и го превзима повторно на негово име имотот? Напоменувам дека имотот е спроведен во катастар и гласи на име на примателот на дар т.е наследникот.
Може, во секое време да си го земе назад подарокот. Особено ако покажуваш непочитување и неблагодарност.
Тука се работи за Договор за дар, односно имотот не е "наследен" туку е подарен. Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност. Ова право престанува со истекот најмногу на една година сметајќи од денот кога дарувачот дознал за неблагодарноста на даропримачот, а најмногу по истек на пет години од покажаната неблагодарност. Во случај на отповикување заради неблагодарност, даропримачот е должен да врати се што примал на име дар. Исто така постои можност дарот да се отповика - поради немање на средства за живот (член 564 од Законот за облигационите односи), односно дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување на лицата кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине договорот, но даропримачот може да го избегне отповикувањето, доколку се обврзе дека на дарувачот, во адекватна мера ќе му дава средства што му недостасуваат. Дар може да се отповика и во други случаи предвидени со закон. Сето ова се врши со поднесување на тужба до надлежниот суд од страна на дарувачот како тужител. Доколку судот го уважи тужбеното барање, со пресуда ќе го изрече раскинувањето, односно отповикувањето на дарот. Таа пресуда по правосилноста, ќе претставува правен основ недвижниот имот повторно да се запише на име на дарувачот...
Dobrovecer na site dali moze da me upatite kako ide procedurata za prenos na sprat od kuka ,struja .Mojot sopryg i negoviot brat ziveat vo kuka na dva sprata so posebni satovi za struja bidejki kukata e na svekormi i sakav da prasam.ako ima nekoj notar da mi pomogne kolku kosta seto toa da se napravi ,inaku svekor mi e ziv seuste .
Татко ми сака да ми ја остави куќата во која сега двајцата живееме. Како е подобро, со договор за подарок или за доживотна издршка? Како има помалку давачки? Читав ако подарок, наследник од прв ред е ослободен од данок, ама да не има други давачки?
Како подарок имаш од прилика 7-8000 денари трошок, и после ти си плаќаш данок на имот. Бар кај нас беше така.
Здраво, ме интересира процедурата кога родител сака да подари пари (готовина) на детето. Како оди процедурата преку банка?
Здраво дечки, ако може некој да ми помогне. Недвижен имот на жена, истата има три деца. Дали може со договор за дар да се подари имотот само на две деца? Дали третото дете ќе може да го бара својот дел како нужен наследник? Благодарам!
Најдобро да се консултира со адвокат. Пријателка уште одамна праша адвокат, и кажа додека татко и е жив може на кого сака да остави, пример ако не се во добри односи, може и на комшијата, или само на братот/сестрата. Ама после негова смрт наследуваат жената и децата, така да во овој случај жената мислам дека може да им остави само на двете деца, ама тоа да биде законски не само со договор меѓу нив. Си има закон и за тоа, нека се консултира со адвокат.
Ти благодарам. Работата е што двете деца имаат вложувано многу во имотот (едното и живее во куќата), а третото ништо. Па ме интересираше дали со договор за дар додека е жива мајката да го предаде имотот на двете деца, односно дали приматели можат да бидат двајца или само еден. Во секој случај ти благодарам на одговорот, секако најдобро ќе се исконсултираат со адвокат заради специфичности во случајот