Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поклон или тестамент

Дискусија во 'Правни совети' започната од mleko, 18 декември 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.055
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    И третото дете има право да бара дел. Мајката може да го остави имотот на двете деца, ама третото може да тужи. Најдобро е третиот да се откаже. Ова го пишувам затоа што и маж ми е во слична ситуација. Куќата на свекорот и свекрвата ќе ја наследи едниот брат. Ги бараат маж ми и другиот брат да се откажат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Може да се подари само на 2 деца, а третото дете ќе треба да го исклучи како нужен наследник, ако ве интересира подетално пишете ми во порака.
     
  3. Qwjkl

    Qwjkl Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Dobro poznata tema. Nasledstvo. Dali bi zele nasledstvo od zivi roditeli iako znaete deka ostanatite deca dobile duplo, troduplo, petoduplo od vas, a vas vi se prikazuva druga vistina, zamackana. Sumata pari ne e dovolna da se kupi ni garaza. Mislenja?
     
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.822
    Пол:
    Женски
    Дали знаете,дали куќа препишана како поклон на синот, може да се поништи после некоја година и да се земе поклонот назад?
     
  5. Blue Sky

    Blue Sky Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Имал ли искуство некој скоро, колку чини Судскиот тестамент?
     
  6. Blue Sky

    Blue Sky Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Имал ли искуство некој исто, дали при составување тестамент кај нотар или во суд, тој што ја дава изјавата за распределба на имотот - тестаторот, треба (со приложување имотен лист) да докаже дека е сопственик на имот кој сака да го распредели?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.822
    Пол:
    Женски
    Па логично е да приложи. Како инаку ќе докаже што е негово и што сака да остави како тестамент.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Moze poklonot da se zeme nazad ako ima nepochituvanje, fizichko nasilstvo Ili drugo na poklonuvachot.
     
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.822
    Пол:
    Женски
    Нема ова пример колку години важи или и после 20 години може да му текне на родителот пу пу не важи и да земе се?
    И што ако синот, си ја препише куќата на некое друго трето лице?
     
  10. Evergreen702

    Evergreen702 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали поклон може да се поништи ако на синот му е поклонето сѐ а на ќерката ништо? А во договорот за поклон да пишувам дека братот е должен да ѝ обезбеди на сестрата најмалку 25 м2 за живеење во истата куќа? Ама притоа (не е наведено во договорот за поклон) да не ѝ дозволува на сестрата да си прима гости во нејзиниот дел и да ѝ забранува да седи во дворот затоа што била негова сопственост? И притоа и братот и снаата да ѝ вршат секојдневно булинг дури и физички да ја нападнат? Ова ми се случува лично мене, ја пријавив снаата во полиција само да ѝ дадат опомена, а потоа бевме посебно прво јас а потоа и снаата и брат ми во центарот за социјална работа, потоа тие дојдоа дома да видат како живееме затоа што брат ми и снаата рекле таму дека сме 3 посебни фамилии во истата куќа, а кога дојдоа тие тоа го потврдија и мајка ми и татко ми (живи се фала Богу). 1.Дали брат ми и снаата имаат право на такво однесување спрема мене (снаата и неколкупати ми рече дека ќе летам од куќата).
    2. Дали ми следува нужен дел бидејќи повеќе од 12 години живеам таму а и како мала таму израснав(разведена сум)?
    3. Дали може да се поништи договорот за поклон кој е направен пред скоро 2 години затоа што мајка ми има дијагноза деменција, а и татко ми не е баш добар со здравјето (психолог го испитуваше заради потврда за продолжување на возачка дозвола и ми рече дека има деменција и да го однесам на целосно тестирање. Јас закажав преглед меѓутоа брат ми и снаа ми не му дозволија да оди а снаата го искина и упатот кој беше закажан за 03.07.2024 година.)
    4. Бидејќи мајка ми ме поддржуваше во целата ситуација (од нив - братот и снаата почнав од пред 1 година да добивам и панични напади а 3 пати и нервен слом) снаата сега не ѝ зборува на мајка ми, ја вреѓа а и на поголемиот внук му рече мене и мајка ми да нѐ блокира на телефон насекаде - кој знае какви лаги му има кажувано.) дали таа има право да го поништи договорот за поклон со тоа што ќе даде извештај од специјалист дека има деменција веќе подолго време (повеќе од 5 години) и дека поклонопримателот не се придржува кон договорот?
    Однапред Ви благодарам за одговорот /ите. На сликата е последицата на нападот на снаата врз мене.
     

    Прикачени фајлови:

  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Дарувачот може да го отповика дарот заради неблагодарност од страна на даропримачот и/или неговото семејство, како што разбрав мајка ви е дарувач а снаата ја навредувала итн., искрено тоа е индикација (нормално требаат докази аудио/ видео, смс пораки, сведоци, извештаи од ЦСР, полиција итн.) за основана причина да се поведе постапка за отповикување на дарот.
    Другата опција доколку вашата мајка била деловно неспособна (иако не и' била одземена деловната способност) во време на склучување на договорот може да се поведе постапка за рушливост или ништовност на договорот за дар (зависи од околностите на случајот) значи има решение за вашиот проблем, но потребно е да се утврди целосно фактичката состојба.
    Ако сакате подетално да разговараме пишете ми во порака.
     
    На mira.mira и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.822
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам со едно прашање. А што ако поклонетото од родителите, се препише на маж или жена. Дали има после некоја постапка за да се врати назад поклонот? Или еве синот/ќерката решат да го продадат тоа?
     
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Во тој случај на дарувачот ќе му следува само надомест на штета во висина на вредноста на дарот.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. МајаЃ6

    МајаЃ6 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво ме интересира дали баба по татко може да ја подари/ препише куќата која е нејзина сопственост директно на внукот, додека таткото е се уште жив? Дали постои таква опција без таткото да има можност да го оспори тоа? И дали се плаќа некаков данок, доколку се реализира тоа?
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.822
    Пол:
    Женски
    Дедо и на другарка и препиша куќа. Татко и починат, тетка и жива. Плати нешто , ама колку точно платија незнам.
     
  16. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Може само се плаќа данок на промет исто како да не сте никакви роднини..реално сопственик на имот може да продаде или поклони имот на кого сака
     
  17. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве молам за совет.. со мм имаме стан и двајцата по пола сме сопственици. Дали може неговиот дел да го препише на татко му и дали ќе плаќа данок за тоа? Претпоставувам дека без моја согласност, тоа и не би можело да се случи?
    Напоменувам дека имаме и наследник па ме интресира која е постапката
     
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Секој сопственик без разлика дали се работи за сопственост на цела ствар или идеален дел од стварта има право слободно да располага со истата односно со својот идеален дел, освен ако со закон не е ограничено располагањето, на пример кај правото за првенствено купување, но тоа не се однесува за овој случај.
     
    Последна измена: 27 октомври 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Да, меѓутоа станот е стекнат во брак. Како што читав, штом е стекнат и другата страна е засегната..
    Фала на одговор сепак
     
  20. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ме интересира дали ако родител сака да ја остави куќата на синот да биде негова после нивната смрт како поклон треба да плаќа нешто друго освен заверка на нотар, адвокат...?