1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање за судски преведувач

Дискусија во 'Образование' започната од m2m2m2, 23 февруари 2011.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Здраво на сите,
    како што видов до сега нема ваква тема,па би ве замолила ако некој знае нешто околу полагањето или веќе полагал да ми објасни се...
    фала многу :*
     
  2. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Да, и мен ме интересира све. Нека некој ако знае, да пише, молим :)
     
  3. Safir4e

    Safir4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Дали имате некои информации за овој испит. Што и како треба да се учи? Ги имам документите на македонски јазик, но не ми е баш јасно дали треба да ги преведуваме во ист таков формат или треба во сосема нов формат како што и всушност се на англиски јазик?
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ова го најдов на интернет и има појаснување за самиот поим, за документите што треба да се поднесат за полагање на испитот, структурата на испитот, потребната литература што треба да се прочита, за дејноста на судскиот преведувач.

    http://www.google.com/#hl=en&sclient=ps ... 10&bih=428

    Мене ме интересира конкретно за англиски јазик. Наесен ќе дипломирам, здравје, па сакам да полагам и за судски преведувач.
    Ме интересира кога излегуваат конкурсите, каков е испитот во однос на тежината (зашто кај Зозе се полага, а кај него барем досега било лесно), колку време е потребно да се спреми испитот.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво, има ли некој кој полагал за судски преведувач по бугарски јазик ??? :tmi: позз
     
  6. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Јас полагав германски во април, но не го положив. И чудно ми беше што кандидатите од сите останати јазици беа положиле, само германски не испобуткаа. |( Сакам повторно да се пријавам за полагање, веќе има отворен Конкурс за пријавување до 15 септември трае. Ме интересира да не знае некој од вас дали можам да полагам сега, или треба да чекам наредна сесија? Пошо слушнав дека демек не смеело одма наредната сесија да полагаш откако ќе паднеш. Мене не ми изгледа баш логично тоа али... :?: Ако имате некоја информација, пишете.

    Поздравчиња :*
     
  7. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво Мини90, како што знам, немаш право да полагаш оваа сесија.

    *********

    Конкурсите излегуваат двапати годишно. Во март/испит во април и во септември/испит во октомври. Информации можат да се најдат на веб страницата на Министерството за правда: http://www.pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=08
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.142
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    Здраво,би сакала да полагам за судски преведувач по англиски јазик.Би сакала да ве прашам од каде се снајдувате со материјали за превод на документите кои се објавени на страната на Министерството за правда.
    Фала однапред.
    Поздрав :)
     
  9. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Decki a dali ve prasuvaa nesto od ustavot? (Sorry za latinica od mob sum)
     
  10. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Здраво,на знаев каде да го пишам моето прашање ако не му е овде местото исправете ме.
    Сакав да прашам дали со завршувањето на Филолошки факултет еве пример ке го земам германски јазик,дали е можно после студиите ако живееш во Ѓерманија,да си работиш по струката?Нели,надвор од државава дали ќе може да работи дипломиран филолог?
    И уште нешто,кој смер треба да го завршам за да можам да преведувам книги?
     
  11. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Феминки сега во април сакам да полагам за судски преведувач по германски јазик. Дали некој има искуство со полагање? Споделете Ваши мислења или ако има некој што ќе полага сега нека се пријави, да си држиме страв :lol::lol::lol::rofl::rofl::rofl:
     
    На Iv13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Ме интересира некој да ми каже како иде постапката за менување на решението и печатот за овластен судски преведувач поради промена на презиме? Претпоставувам се дава копија од матична книга на венчани. Дали некој правел ваква промена? :)
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    А да се јавиш во министерството точно да ти кажат па на сигурно да ти биде, а печатот да не треба па од амбасада :?:. Ако ти треба број за контакт во мин. пиши ми.
     
  14. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Полагав испит за судски преведувач пред 2 години, колешка што полагаше сега ми рече дека не е сменето. Јас полагав англиски - македонски и обратно. Може да полагаш три сесии една по друга без никакви пречки, после третата се прави пауза и чекаш да ти одобрат (иако не знам таков случај). Испитот мене лабав ми се виде, има мнооогу време за полагање, јас излегов за 1 саат (мислам 3 ти даваат). Може да носиш речници колку сакаш, може да излезеш на цигара (бар тогаш можеше). Во однос на материјали, читав судски пресуди, покани за суд и останати материјали кои се на страницата на Министерство за правда, ги преведував во памет и не ми се видоа страшни па затоа појдов кај другар адвокат да ми даде плус некој материјал од судска пракса да се доначитам :). Мој совет е да сте лабави, да не слушате никој околу вас што ви сугерира за превод и да пишувате и да си излезете.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Пишав мејл до Министерството за правда. Печатот не треба од амбасада. Печатот се прави во некоја од фирмиве што прават печати врз основа на решение за овластен судски преведувач издадено од Министерството за правда.

    Еве одма свежа информација. Доколку имате промена на презимето поради склучување на брак, постапката за промена на решението за овластен судски преведувач е следната;

    1. Се доставува барање кое може и рачно да биде напишано
    2. Во прилог копија од изводот од матична книга на венчани што треба да биде заверен на нотар
    3. Копија од лична карта
    4. Копија од Решението со кое сте поставени за судски преведувач. Доколку ова решение е издадено пред септември 2008 год, копијата треба да биде заверена на нотар. А ако е од 2008 па навака, доволно е само копија, незаверена на нотар.
     
    Последна измена: 17 април 2015
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iv13

    Iv13 Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво Мини90, јас немам искуство со полагањето и јас сакам да полагам во септември/октомври, па ако сакаш споедели искуство како помина. :)
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Тие што полагале незнам зошто викаат дека е лесно, кога не е. Можеби за другите јазици е лесно, пошо гледам дека нема ни еден паднат. За германски не е до толку лесно. Ај за писмениот испит ок, не е тешко, особено затоа што имаш на располагање 3 саати и секаков вид стручна литература (речници). Јас оваа година полагав германски по втор пат. Лани во април полагав, ме бутнаа. Писмениот испит не ми бил добар, професорот ми најде многу грешки. Па на усно ме тресеше.. стручни зборови ме прашуваше, превод на членови од Уставот. И ме бутна на крај. Мене и скоро цела група. Многу малку пушти. Е сеа пошо не смее наредна сесија да се полага (наводно казна една сесија имаш), смеев да полагам дури овој април. Овој пат поминав одлично, многу се спремав (со месеци уназад). Писмениот дел ми беше одличен, без замерки, на усно ми рече само да се претставам накратко. И тоа беше тоа. Е сега имаше и такви на кои писмениот дел им беше лош, па ги испрашуваше и тоа многу. Како и да е, пуштија повеќе од половина од вкупно 26 луѓе.

    Сума сумарум, треба спремање. И никогаш не се паѓа нешто од оние примероци кои ги имаат објавено на страната на Правда (демек за вежбање што служат). Првиот пат ми се падна Рамковен Договор, вториов пат Закон за Високо образование.
     
    На Iv13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iv13

    Iv13 Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Мини90, дали можеш да ми препорачаш литература од каде се спремаше за испитот?
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    http://pravda.gov.mk/documents/SP_programa-2011.pdf

    Сите овие Закони, плус Устав на РМ, Устав на Германија, Рамковен Договор и слични такви.
     
    На Iv13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.142
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    Здраво , здраво. Сакам да ве прашам отприлика за колку време го спремивте материјалот за англсики јазик. Ми рекоа дека 1 месец е доволен, но се сомневам. Само Уставот би се спремал еден месец што би се рекло.
    Ви благодарам.