1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање за судски преведувач

Дискусија во 'Образование' започната од m2m2m2, 23 февруари 2011.

  1. pomada

    pomada Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    феминки полагавте ли како беше
    јас сакам сега во септември да полагам исто германски но мислам дека е многу тешко што ке ми кажете вие :)
     
  2. ButterFly09

    ButterFly09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Здраво на сите,
    да прашам има ли некој што е полагал за италијански јазик, да споделе искуство како поминал и кој материјал го има спремано... позз
     
  3. Wallis

    Wallis Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    би сакала да те прашам како би требало да изгледа тоа барање и каде треба да се достават документите?
     
  4. Kat4e86

    Kat4e86 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Awl
    Zdravo, bi sakala ako mozesh da mi pushtish linkovi so materijali za sudski, od koga se tokmam da polagam I nikako nemozam da dosoberam materijali Thanks
     
  5. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    @Kat4e86 Линкови немам зашто материјали барав од адвокат, ако се расплиниш по нет, многу ќе залуташ. Побарај покана за судење, пресуда, спогодба и останати „ситни“ документи кај адвокат или нотар. Колку да имаш претстава како изгледаат документите. Дополнително, читав на сајт на собрание на Р.М. Устав и Деловник на англиски, како и закони 2- 3 колку да имам осет за збороредот. Ич не се замарај, ептен е лесно, муката е да се решиш да полагаш. Имаш повеќе од доволно време, само храбро и одлучно и со лесно :)
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Кога излегуваат конкурсите?
    Дали може со завршен факултет Преведувач и толкувач од англ. на мак и обратно ?
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Во април и во октомври. Нормално дека може. :)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    21.285
    За жал може со било кој факултет да полагаш за судски преведувач.
    Огласите излегуваат два пати годишно,би требало некаде во март или април да излезе следниот оглас.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Уште пожално - сите и положуваат. (facepalm)
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    21.285
    Да, па на преведувачи ќе им го земе лебот некоја со економски која си е вработена на струка ама во слободно време преведува.Ете тоа е.
    Преведувачите со факултет не можат да им го земат работното место на другите ама затоа со нивната струка кој сака може да се бави.
     
    На Beautymom и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Донекаде се согласувам... Сепак, знам за исклучоци и од двете страни - и дипломирани преведувачи што работат на други работни позиции (маркетинг, во банки, туристички агенции) и ете, дипломци од другите факултети што работат преводи.

    Јас немам проблем ако некој од друга област работи како преведувач, знам за многу стручни кадри што немаат завршено преведување, а се одлични преведувачи. Сепак, донекаде и треба да те бива и да ти „лежи“ занаетот... Некој за судски преводи е одличен, друг за книжевен превод, трет за титлување, четврт за градежништво, пет за ИТ-технологија.

    Проблем имам кога не се писмени и кога се уништува квалитетот на преводот. Друг проблем имам кога истите тие непрофесионалци, не само што си го валкаат сопственото име, туку ја валкаат и целата професија, па работат за мизерни и бедни суми, а преводите што излегуваат... Немам коментар.

    И после, на крај, се разбира, патат професионалците и тие што стручно си ја работат работата. Ете, тоа нема во браншата преведување - професионалност.

    А да, омилен коментар ми е - па што е толку тешко да се преведе, нели знаеш англиски? (facepalm)

    Малку офтопик, може и да се префрли мислењево ако смета овде. :$
     
    На SV1911 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  12. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    21.285
    Да,за ова зборувам.Имам и конкретни примери.
    Една пријателка си положи за преведувач од англиски јазик ,гордо го стави тоа занимање на фб,дека реклама нели, е сега жената си пишува и статуси на англиски јазик на кои и ученик од 7мо одд. ќе ги воочи страшните грешки на ОБИЧНИ ИЗРАЗИ.
    Тоа е жалното.
    Една друга со друг факултет си отвори фирма за превод (не е од англиски).Ми се јавува еден ден и ми вели имам еден лист за превод од англиски ако сакаш преведи го, иако и маж ми знае англиски и тој може да го преведе.И маж и има сосема друг факултет ај тоа не е важно сега ама го знам добро и англискиот не му е на некое завидно ниво.Ама нели се работи за една страна па чудо големо секој може.А таа си има фирма и е компетентна за преведување само од еден јазик,ама нели се работи за англиски,сите си го знаеме.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Здраво до сите!

    Планирам да полагам испит за судски преведувач за германски англиски и по можност француски јазик. Понатаму ќе видам и за српски. Вака, јас сум мешавина. Мајка ми е од Скопје, татко ми од Белград, а јас сум родум од Германија така да сите три јазици ми се мајчини така да кажам. За германски воопшто не би имал проблем. Повеќе се плашам за македонcки и српски бидејќи јас вака знам да зборувам и да пишувам (српски понекогаш знам да го утнам падежот :D) ама инаку добро ги владеам за некој што никогаш нема учено еден од тие јазици во школо туку сам си ги научив. А англиски и француски имам високо ниво на познавање. Степенот на двете ми е C1/C2 што значи скоро степен на нативен говорител. За устниот испит ок, сигурно се носат речници и не верувам дека ќе имам некој проблем. А устно кажете ми каков е испитот, што се испрашува т.е. преведува? И не знам дали можам да пријавам англиски и германски во една сесија или како оди тоа. Знам дека за еден јазик чини 6.000 денари.

    Фала однапред! :)
     
    Последна измена: 2 јули 2017
  14. DaisyLoveP

    DaisyLoveP Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    A dali nekoj gi ima prevedeno primerocite sto se na stranata na ministerstvo za pravda?
     
  15. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Не ти требааат преведени, прочитај ги да имаш осет за збороредот. Речник носи си, се ќе биде супер.
     
  16. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Хеј, хај, хелоу! :)

    И јас сакам да полагам за судски преведувач.
    Може ли некој да ме просветли како оди полагањето? Гледав на сајтот али не ми помага баш... Писмениот превод е на документите што се објавени? Или нешто друго плус? Каде можам да ги најдам преведени документите? Зошто не знам како треба да изгледаат документите на англиски, мислам ја ни на македонски не знам како изгледаат зошто не сум правник али ај. (facepalm)
    Усниот превод како е ? Што преведувам тогаш? Комисија ми чита закон на македонски и јас го преведувам? Треба ли да ги читам сите закони што се објавени? Треба ли да знам што значат постапките и сл.?

    Ве молам за помош.

    Фала :angel:
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    ^^ да си се надоврзам сама на себе, некој што ќе полага сеа во април, ако сака да се спремаме, да учиме заедно нека ми пише порака, да се доогвориме.
     
  18. Locuma

    Locuma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Некои од вас кои полагаа во април, може ли да споделите искуство од усниот испит?
     
  19. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Nekoj da prodava prevedeni materijali za Angliski jazik za sudski preveduvac
     
  20. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Дали некој полагал за судски преведувач по Француски јазик да ми пише што се паѓа на испит?