Дечки, ве молам ако има некој искуство со полагање за туристички водич во Штип, да сподели искуство? Како е полагањето, што прашања има..И.тн Фала ви однапред
Па вака, веројатно сите поминуваат, без разлика колку знаеш. Олеснителна околност за многумина(А и и изговор, )е тоа што жената што ја брка логистиката е на породилно, па на некои од пријавените материјалите им стигнале вечерта пред полагање, па сите се вадевме на тоа. Скоро кај сите професори се влегува или во група или по двајца, еден професор бараше групно да се направи една туристичка понуда. И тоа не е којзнае што, туку нацрт импровизирана агенда да направиш за една тура. Обично прашуваат за местото од каде што потекнуваш. Имаше една професорка по маркетинг и полагањето беше како разговор, премногу пријатна, како мини предавање беше нејзиното. Тие што полагаа за придружник требаше да го знаат процедурите за на граница. Друг професор праша какви културни наследство има во местото од каде што потекнуваш. Генерално подготви се за некои работи да ги споменеш, не во детали. Од книгата не се прашува, се е на општа култура.
Дали треба да се оди на часови за ова? Кога се полага и кога се оди ако има часови? Колку пари кошта? Дали има пракса? Да не треба до Штип да одам за тоа или имаат и тука? Дали после со таа диплома ќе можам да работам како водич во странство?
Со доказот дека си положил идеш мислам беше во мин.за економија и се регистрираш за водич.. добиваш легитимација и толку. Ниту е некоја си диплома, ниту ништо посебно Технички гледано надвор нема да ти ја уважат, мене ми бараа лиценца од локалната држава каде што сакаш да работиш На УТМС кошта 30.000ден а на штипскиот не знам
Во Штип кошта околу 14-15.000 денари, ако си невработен тогаш упола. Не се оди на пракса, не се оди на часови( иако така е предвидено). Плаќањето ти е буквално да си ја купиш лиценцата. Тие тебе лиценца, ти нив пари, и затоа можеш да поминеш сосема неподготвен. Во Штип се организора еднаш на 6 месеци. Последното полагање беше во ноември, ваљда април/мај треба да се организира следно. Малку е хаос ова дури дојдеш до инфо кога е следното полагање, пошто таа што ја води логистиката на програмата е на породилно.ама ако досаѓаш на сите можни телефони на факултетот објавени на интернет, може и ќе добиеш информација. Инаку се полага и се зема сертификатот од штип.
Да, влегуваш од кабинет во кабинет кај секој професор, се задржуваш еве да речеме просек 10 мин, некаде ни толку, обично групно се влегува, или по двајца. И тоа ти е. После ако нема кој да ти гп земе сертификатог, одиш уште еднаш до штип, си гп земеш. Сертификатот после го носиш во здружение за т.водичи да ти издадат лиценца и легитимација и тоа е тоа.
Zdravo Dali nekoj uspea da zeme sertifikat za polozeni ispiti za turisticki vodic vo ovaa godina,kako odi procedurata, i dali ja zemavte licencata? Vi blagodaram.