1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање класен испит

Дискусија во 'Образование' започната од jan4e444, 6 мај 2019.

  1. jan4e444

    jan4e444 Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, јас сум нов корисник и имам прашање. Поради оправдани причини морав минативе неколку месеца да ги поминам надвор од Македонија и затоа не ја следев школската настава редовно. Мислам дека нема на крај на година да бидам евидентирана како “вонреден ученик” баш затоа што многу нагло и во сред година се случија тие промени, но сепак ќе треба да полагам класни испити за 14 предмета за материјалот од второ полугодие (времето што отсуствував). Знам отприлика како се одвиваат тие испити, но да не знае некој од вас дали има стриктни термини или можам јас да си одберам и договорам со секок професор индивидуално? Пример ако сакам после 17ти јуни да полагам, а не пред и плус да си ја поделам работата, значи да речеме 7 предмета сега јуни а 7 тек август. Има такви некои опции? Да можам ЈАС да одберам точно кога полагам??
    Фала ви однапред :)
     
  2. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Училиштето со годишната програма го одредува и терминот за полагање на класните испити. Мислам дека е така и дека не оди по договор со професорот. Така е затоа што полагаш пред комисија од три члена зависи дали усно или писмено. Тоа јас знам, а поконкретно прашај некој од стручна служба на училиштето (психолог,педагог), класниот или пак директор.
     
    На darlingdragon му/ѝ се допаѓа ова.