Јас не верувам дека ќе знаеме и од кои дела ќе имаме прашања, сепак премногу е тоа. Минатите генерации нема никаква помош.
^ Па ја како што знам на 16ти и 17ти август се секогаш веројатно исто и годинава Инаку денес бев на отворен ден на факултет и да ви кажам супер беше, ептен сум задоволна полна сум беџови и флаери, а и кока-кола си се напив, надвор и свирка имаше со Бени тирири Леле уште колку малку до крајот Инаку мислам дека студентскиот живот е доста поразличен од нашиов... што си го имаме уште малку време, по матура ко ќе почнеме со учење веќе плукни се до крај на јуни, почеток на јули раат нема да има, па 1 месец раат за одмор, па август пак со уписи замарање.
Хаха Плавуша и јас бев денес на Филозофски факултет. И јас и собрав триста тракатанци и плус нес кафе си пиев
^ Пууу мајката и други ми го зборат несот ама ја нигде не видов, некои викаа и пиво имало, ја само кока-кола начекав ми дадоа од Маркетинг штандот дека другар еден стоеше на тој штанд, инаку одма летаа лименките Денес убава прошетка, ја на Филозофски и Филолошки не бев, на Правен влегов само да ѕирнам што има и немаше ништо Инаку еве како ќе одат уписите прва колона прв уписен рок, втора-втор, трета-трет: Пријавување на кандидатите: 16 17.8.2012 3 4.9.2012 17.9.2012 Проверка на знаења и умеења: 18.8.2012 5.9.2011 18.9.2012 Објавување резултати од проверката на знаењата и умеењата и од успехот: 24.8.2012 11.9.2012 21.9.2012 Објавување решение за прием на кандидатите: 27.8.2012 13.9.2012 22.9.2012 Запишување на кандидатите: 30 31.8.2012 14.9.2012 24.9.2012
Јас да прашам кој факултет го имаат они кои работат со дечињата со посебни потреби и во такви установи?
^Една моја другарка сака да оди таму па ми кажуваже дека малку примале во државна квота околу 15души изгледа, а има и приватна за таму незнам колку примат.
Примаат 25 државна квота-200е, 55 приватна-400е и 10 вонредни. Сериозно размислувам за овој факултет. Плус тато ми кажа ако не ме примаат во државна квота, тогаш на приватна, без разлика што ќе треба уште 200е да се додаде. Сеуште сум во размислување, ама овој ми е приоритет сега за сега. Или овој ќе биде или сепак фармација, иако баш и не сакам фармација.
На овој треба и психички да бидеш спремна, бидејќи секој неможе да ја поднаса работата со деца кои не се добри со разумот. Размисли имаш време, а фармација ако ти иде хемија и математика терај(ова што имам слушано не оти јас имам искуство ), искрено и јас не сум се одлучила каде, се мислам за медицина ама ќе видиме, што како. Со среќа на сите, па да положеме матура и да можеме да се запишеме на она што го сакаме.
Па ми идат и математика и хемија, ама шо знам, не е тоа она што ме привлекува. Знам дека за професијата дефектолог треба да сум психички спремна пред се’, да знам како да се однесувам со тие дечиња, ама мене тоа ме исполнува. Сакам да им помагам на таквите деца, а и повозрасни. Јас не знам на каков пат ќе ме однесе овој факултет после 4-5 год. Но, знам дека ќе го учам она што го сакам. Ќе биде тешко, но фармацијата дефинитивно е многу потешка од ова.
Дечки, нема потреба од нервоза ...матурата е само професионален скок кон кариерата и верувајте тоа е најлесниот дел од патот кој треба да го изодите...допрва доаѓаат нервозите...факултет, предавања, жмиење на шалтерите на студентски прашања каде што и те како се расположени да ве измаршираат и за едно обично прашање... По некое време си седите и размислувате за средношколските денови и гледате дека всушност за џабе ви биле сите нервози и дека тоа било и нешто најлесно...поздрав и кршете нога на матура
Нема шанси такво нешто да се случи Инаку мислам дека матурата секоја година станува веќе се полесна и полесна, јас полагав пред 2 години и мојата матура со ланската не се споредуваат. Ќе видиме по матурата од оваа година дали само лани така се погоди или дефинитивно намалиле критериуми ептен, затоа што реално има премногу неписмени средношколци во државава, а не им одговара ради неположена матура да губат пари од уписи за факултет Како и да е, матурата е општо едно срање, дефинитивно сум повеќе за приемни на факултети, се надевам некогаш ќе се вратат.
Ја си ги видов на список минатата недела датумите за интерните, на 18ти социологија, на 22ри филозофија. Па добро, најдобра варијанта е 4 дена разлика, што да кажат тие физика што зедоа интерно на 12ти полагаат математика екстерно, на 14ти физика. Ццц.
А темрините за полагање интерна матура во секое школо се различни или? Кај нас уште ги немаат кажано, би требало после празников да ни кажат кога ќе полагаме.
^ Да тоа е на ниво на училиште, зависи каде-како ќе ви ги кажат кај и да е, има време, кај нас денес читаа правилник како да се однесуваме 9 и пол да бидеме таму, па да одиме да бараме по училни каде сме распоредени и таму да си влеземе да чекаме на местото каде што ќе сме исто распоредени не смее на друга клупа да седнеме пр. Плавуша училна 49 број 4 и седнувам на клупа број 4 итн., само едно не ми е јасно како тоа еднаш во 4 саати македонски и било кој друг предмет за матура смее само еднаш да се излезе на пауза до 5 мин.? Па има други мерки ако им е заради препишувањето, кај ќе издржам ја со едно шише вода толку време...и не само тоа, на тој пекол склет ќе ме фати невиден на столчето! Ќе зовријам. Али добро, шансата е дадена за 4 саати ехеее... е сега кој кога ќе заврши, ќе си го предаде тестот. Да не биде после малце време ни дале да се буниме