Јас полагав пред 2 години и немаше по други предмети освен македонски. Само математика имаше збирка со тестови од претходни години ама нив ги имаш на интернет.
Да, со се толку вкупно. Па слики не мора да претераш сега се да биде слики, но по некоја слика што ќе биде добро вметната убаво е да имаш.
Абе уживај си, тоа ти е најлесниот дел. Прави си ја полека постепено, ќе си ја средиш, нема зашто да се стресираш.
Прашај си го и менторот за секој случај, мада нас ни кажаа околу 15 (секој професор различно). Гледај да не ти е ете под 12-13 за горна граница никој не прави проблем
Ќе ти ја корегираат и враќаат неколку пати така што не се секирај. Нема да ја погодиш од прва па не му ја мисли многу. Собери си податоци и се што ти треба, седни си полека да ја правиш. Јас воведот и заклучокот на крај ги пишував, како ти е полесно така. Како што ти кажав многу пати ќе ти ја враќаат па не се грижи дали се добро ќе направиш Мојата мислам беше до 30... опширна ми беше темата. Изгледа кој професор како ќе каже
Дечко ми е бруцош и го интересира нешто околу iknow системот што се запишуваа, има некој што може да ми одговори на неколку прашања ако сака?
За електронско пријавување семестар, предмети, испити е и професори таму внесуваат оцена кога ќе положиш нешто. Сега не треба да внесува ништо, кога ќе запишува следен семестар тогаш тек ќе внесуваат и испитна кога е испити таму треба да пријавува.