Си ја заборавил лозинката и не може да влезе затоа е испаничен да не пропуштил нешто да направи. Може да влезе некако во профилот?
Може секако, нека стисне на заборавена лозинка и ќе му стигне на меил линк за да смени пасвордот. Всушност, често и менуваме лозинка зошто по некое време вика застарена е лозинката. Нема потреба да се секира, не е ништо страшно.
Каде е тоа заборавена лозинка? Прашува дали е истото како кога се запишувал и требало да го потврди профилот, така нешто?
Нема проблем па и ти, лесно е ептен, сега дека ново му е, сите сме биле такви, што треба, кај да сменам.
Ние од постари генерации што имавме екстерно, ако сакаме да запишеме факултет во следни години, дали ќе ни се бројат и тие оцени за упис?
И оценки од матура, перцентили, се останува исто, значи нема да има промени никакви без разлика што новите генерации имаа други концепти?
Да, тие ти се оцените и поените што си ги имала, таа генерација така си било, така си останува, не може да ти се смени ништо, небитно како е сега за другите генерации.
Маж ми се размислува вонредно да запише некој факултет, некако екстерново доста послаби оцени му се, ќе му кратат поени доста изгледа.
Мислам дека не влијаат толку, сепак се само по некоја оценка, не преовладуваат. Матурата му е побитна како му била и другите оцени како му се генерално. А и нема врска, на повеќето факултети/смерови може да се запише и со помалку поени.
Многу добар просек има во 1 и 2 година, одличен просек во 3 и 4 година. Од матура има две 3ки и една 4ка на екстерните, проектна и интерен 5. Екстерно што се полагало тие години му се 3ки и 4ки предметите. Вонредно на медицински планира некој од тие 3 годишни смерови. Што сме гледале листи на уписи минати години, мислам дека ќе го примат.
И јас мислам дека би бил примен. Често и во втор и трет рок на некои од тие смерови има место мислам. Може стојат на страната од годинава уписите, не сум разгледала многу искрено, видете си што како било.
Да, има прирачници по македонски јазик, математика и англиски. Овие три се во издание на Просветно дело. Јас го користев тој по математика. Опширен е, од времето кога имало основно и напредно ниво да полагаш. Според програмата ќе си ги обележиш темите кои ти требаат сега. Има објаснување, па решени задачи и задачи за самостојна работа. Има и збирка на задачи од претходни години. Да, задачите ги имаш и електронски навистина, но во збирката се поопширно објаснати решенијата и нс одредени задачи дадени се повеќе начини на решавање. Ова е збирката: За македонски јазик го користев следниот прирачник: Слично како прирачникот по математика, прво има објаснувања и потоа примери, односно прашања од самата лекција. Јас знам за овие прирачници, доколку има и за други предмети нека ме надополне друг.
Нови им се прирачнициве или само не се толку популарни? Не ни ги имаа спомнато пред неколку години освен тој за македонски што сите го користевме.
Напротив, баш се од поодамна. Изгледа не се толку популарни. Јас полагав претходната година и сама си ги купив. Се распрашав по книжарниците и така ги открив. Но навистина се одлични. За проектната може се' да прочиташ на matura.gov.mk Исчепкај на страната и ќе најдеш и објаснување како треба да се изработи, а треба да има и неколку примери на веќе изработени проектни.
Да не споделеше, немаше да знам дека постојат. Не дека ми требаат мене лично, но имам блиски што полагаат матура годинава, па да споделам со нив. Добри се, особено за тој англиски ме интересира?
Искрено тој за англиски само знам дека постои. Не полагав и не сум го користела. Двата што ги користев за математика и македонски ми беа многу од помош. Реално големо олеснување е кога цел материјал можеш да го прелисташ од една книга со примери отколку од 4 од сите години. Тој за англиски мислам и поевтин е, околу 200 денари. Го има во Просветно дело, па валјда може да се провери содржината пред да се купи. Инаку другарите и другарките што полагаа англиски најмногу се служеа со вежби од интернет. Нели таму секој тип на вежба си има свое име, па лесно се наоѓаат голем број вежби на различни нивоа ако прогуглаш. Едит: Сега ми текна дека за тој лилавиот прирачник ми кажа поголема другарка. Таа го имаше фотокопирано во книжарница неколку години пред мене. Во книжарницата го имале како скениран во пдф.
Англиски и јас така имав спремано и вежбано, но сепак македонски беше полесно да се повтори се кога на едно беше цел материјал, а и добар беше тој прирачник, затоа си мислам може поолеснително ќе им е така ако си повторат.