Тотално заборавив за математика . Брат ми го користеше и на него му беше од помош, па ако некој полага годинава математика земете си некој прирачник
Епа имаш пример 5ка со 90 перцентили, 5ка со 95 перцентили. Оваа со 95 значи дека од 95% тестови во држава твојот е најдобар, тој со 90 од 90% тестови и така. Се надевам ме сфати.
Јасно, јасно Што мислите, кога е добро да се почне со спремање? Некои деца од клас веќе почнале да повторуваат се, од прва година материјалот што ни бил, да почнам што порано и јас?
Како што ти кажа и Dream-Girl, ако учиш постепено малку по малку, можеш порано да почнеш. Јас почнав за зимски распуст. Како и да е, ако ти изгледа како премногу материјал верувај не е. И од јануари имаш мноогу време да научиш не па од сега. Не му ја мисли многу дали ќе стигнеш зашто некој почнал дури сега, имате доста време
Здраво.... сакав да прашам, кога се полага предмет, дали мора да го има во наставната програма во тие 4 години ? Тоест пример дали можам доколку сакам да полагам предмет од *друг смер* се разбира како - дополнителен предмет (кои нели се 2 по избор ) кој не е во мојата наставна програма? Исто така ме интересира дали можи да се полага јазик кој не се изучува во училиштето и го нема во програмата ,но е на листата за јазици кои можат да се полагаат. Воо смисла ...воедно со задолжително положен македонски и англиски како дополнителен предмет да се полага друг јазик кој не е во програмата ?
Не може ниту едно ниту друго. Не ссмо што мора предметот да си го изучувала, туку мора и да си имала минимум не знам колку беше часа неделно. Пример ако некој предмет си го изучувала само една година и си имала два часа во неделата, тогаш не можеш да го полагаш. Ова важи и за јазикот, но може да полагаш македонски, англиски и јазик кој си го изучувала како втор странски. Интерните предмети се независни од екстерните. Ако те интересира чисто информативно, провери го последниот овогодишен конкурс. Бројките горе-долу се слични.
Нас ни кажаа оние кои не избрале програмски јазици во 2ра година како изборен предмет не смеат да го полагаат на матура независно дали после во 3та го имаш како задолжителен. Истото беше и со социологија ако не си го слушала 2 години итн.
Да не мислиш на тоа на ист факултет да аплицираш за кој смер ти е приоритетен да те примат иако на еден аплицираш, но ако нема место за упис таму, на друг да те префрлат кај што има место. Вакво нешто мислам дека постои.