Оф... Многу ме плаши есејот, сите професори ни викаат дека ако не ни е добро напишан тој и две три оцени дури можело да ни скратат, дека не било лесно баш.
Секогаш ми е проблем со писмените што времето не ми е многу доволно. А тие во школо дури и вежбани ни се зошто ни кажуваат однапред теми. Вака на матура дали е доволно времето да напишеш есеј и да решиш се?
Доволно беше за македонски времето, сите скоро пред времето го завршувавме тестот. Најмногу време имаше за тоа полагање.
Да не сте тука да ми објасните, немаше ништо да знам. Ништо не ни објаснуваат во школо, само зборат тешко е многу, спремајте се со време
Прашувајте ги се што ве интересира и што не ви е јасно. Инаку 2 полугодие ќе ви биде повеќе тоа главна тема.
Можеш да бираш меѓу две теми. Едната е секогаш слободна, а другата од материјалот што сте го учеле. За таа од материјалот даваат насоки неколку дена пред да полагате. Пример ренесанса и делото на Данте Алигиери. Бар вака беше пред неколку години кога полагавме ние.
Да, кога полагав јас пред некоја година така беше, некои општи теми. Не знам дали уште ви е така сега.
Веќе не се сеќавам стварно најточно, но мислам дека да. Убави теми се паднаа кога полагав јас, не се секирај толку за есејот.