@emilija1999 Па зависи, ако имаш над 85-90 не треба да се секираш мислам. Во прв рок и често се случувало да не им било сите места пополнети, па дури и во втор рок имаше по 10-15 места некогаш. Зависи се од конкуренцијата и уписот секоја година, но би требало да те примат ако си многу добар/одличен ученик без проблем.
Дали со 2 четворки од свидетелство примаат на медицински или фармација во Скопје? (Ако четирите предмети од матурата се 5ки)
Вкупно колку поени имаш, без разлика што имаш 2, 4ки, ако имаш добра матура и над 97 ќе те примат на општа медицина ако за тоа прашуваш, за другите смерови 100% имаш шанси, исто и за фармација. Само на општа има конкуренција со високи поени, на другите примаат и со помалку
Јас лично кога се запишував, во 2019та, имав две 4ки, една од екстерно, една од успех, со тоа што извадив мн. добри поени на матура, 5ки со високи перцентили, и имав мн. добри поени при упис, и бев примена во државна квота на општа медицина. Сума сумарум, најмногу ти зависи од матурата, конкретно за на медицина. На тригодишните, и на фармацевтски, мислам дека и да кикснеш матура, не би било проблем да те примат.
Јас имам прашање во врска со матурата: Дали сите прашања за делата ќе бидат поврзани со темата - реализам или само текстот кој треба да го пишуваме е поврзан со темата реализам? Каде се прикачени тестовите од изминатите години? Не можам да се снајдам
Здраво Имам едно прашање дали доколку не бидам во државата додека се уписите за факултетите би можело некој друг да ме запише со помош на полномошно или на некој друг начин? Исто и за студентските домови?
Zdravo. Ako da recam relativno sum ucela makedonski ovie 4 godini dali mesec dena mi e dovolno da ucam od priracnikot, za visoka ocena -5 ? iskustva od minatite godini
Па според мене доволно, сепак секој различно темпо и начин на учење има. Најубаво пред да почнеш да го поминуваш според мене е да ги поминеш тестовите од претходните неколку години, еве 3-4 не мора повеќе од двете сесии (јуни и август) да си видиш сама како стоиш со материјалот па каде имаш потешкотии да обрнеш внимание на тие делови повеќе. Обично македонски прашањата што се од наука за јазик, граматичкиот дел се релативно лесни, исто и тие со читање и разбирање, буквално одговорот е во самиот текст. Малку потешки мислам се тие на почетокот 2-3 прашања со извадок од дело или некоја песна. Сепак лично мислење и искуство е дека е доволно 1 месец, но ти си знаеш најубаво како учиш.
Здраво, ми требаат неколку учебници од средно стручно сообраќајна струка, ми се потребни следниве учебници: 1. Технологија на железнички транспорт (втора година) 2. Технологија на патен транспорт (втора година) 3.Технологија на патен транспорт (трета година) 4.Технологија на железнички транспорт (трета година) Ми требаат за учење за полагање матура, ако некој ги има во PDF форма би било супер.
Не знам дали се овие, види си: 1. Технологија на железничкиот транспорт (mon.gov.mk) 2. Tehnologija na paten transport za 2 god.pdf (mon.gov.mk) 3. не можев да го најдам... 4. ТЕХНОЛОГИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТРАНСПОРТ (mon.gov.mk)
Oпшта медицина не (технички смееш да конкурираш, ама нема да бидеш примена поради големата конкуренција) тригодишни да.
Ако има некој којшто знае кој дел од програмата за државна матура по македонски јазик(дела(странска, македонска литература)и програма) е скратено нека сподели.