^ Мислам дека неможи така . Единствено ако фатиш просек па да ти дадат стипендија и да ти се намали партиципацијата. Барем така мислам јас....
КОНКУРСИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ЗА УЧЕБНАТА 2012/2013 година http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013/konkursi.aspx
Се ближи крајот на учебната година, се ближииии! Ја ќе одам уште следнава недела, и од таа по нејзе понеделник и вторник, значи 7 работни дена. 15ти не одам, 16ти ми е матурата. Вие како? Со оценките како стоите? Ја уште утре писмена македонски имам, и една лекција од статистика да предадам по математика со соученик и толку. Па треба да ги враќаме книгите кај и да е ќе ни кажат, оф кој ќе се тегне среќа блиску ми е, ама пак ми текнува порано во кеса огромна ги гледаш сите па на едни им паѓаа и тоа е доживљај, зар не Целовреме си размислувам... 9ти јуни македонски, 12ти англиски. Потоа се интерните, резултатите брзо ќе ги дознаеме, нели? Не би требало да чекаме многу за интерниве, а екстерниве ако добро сум разбрала почеток на јули ќе има резултати, а клучот одма по полагањето ќе го прикачат на сајтот на интернет, така? Ја ко што си правам прогнози секогаш и ги памтам скоро сите прашања и одговори па си пресметувам што е точно, што не, колку сум утнала и сл. Ме фаќа еуфорија ептен. Повеќе за ова, отколку за матурската вечер моментално. И така втора половина на мај и јуни учење и полагање, после јули ќе ни биде слободен само да видиме резултати, и втора половина на август почнуваме веќе со конкурсите за уписите. Брејј лета времево. Ја ги гледав изборните предмети за факултет со кредитите, па според моите пресметки веќе и решив што ќе земам изборен кога ќе се запишам А дипломата за завршено средно образование и фрлање капи, кога е? Август, или? Не памтам по овие лани, дали во секое школо е ист ден или школото си одлучува, ама мора да е пред првиот уписен рок по логика, зошто мора нели да се предаде со другите документи на факултетот. Бреее морав да напишам еден долг пост тука :geek:
^ Колку што јас се сеќавам, клучот беше скоро објавен откако полагавме, ма да не толку скоро можеби 2 недели откако полагавме, стварно не ми текнува. Коа сме кај учебниците и враќањето, ооооо Господ знае колку ми беше искичмено рамото и раката. Во ташна ги носев 3те најтешки и огромни учебници, а во ќеса уште 4 мислам дека, абе душа ми падна дур стигнав у школо а на 20-25 минути пешки ми е, се к*рназев јас дека сум јака. :up: А Плавушке дипломата нас ни ја дадоа некој ден пред запишувањето на факултет заедно со свидетелствата затоа што класната сакаше така, да биде у склоп со датумите за запишување и да си имаме све на куп одеднаш. И тоа со капите ... Нема врска завршувањето со средно со фрлање капи, тоа е момент со кој се овековечува бранењето на дипломската работа и конечното завршување на факс. Мислам дека завршувањето на средното не е голема работа за да прослави така. Остај ти, може Нова и останатите `кул` средни да го прават тој момент, за парите дадени таму, може капите и позлатени им се. Само стварно ќе се изначудам ако некои средни школи го прават тоа.
^ Кај нас го прават, се облекуваат во сини (мислам сатенски ама не ме држи за збор околу материјалов ) онакви мантили и капи и се собираат во хол и фрлаат, ама тоа е само момент како што и самата викаш, зимаат дипломи и толку. А за мантилите и капите порано во 1ва мислам кога плативме за униформите и обезбедувањето, во таа сума влегуваше и сумата за тие мантили. Ееее мене ме интересираше дали е ист ден за сите, или школото си одлучува ама чим така викаш добро. Леле, средно завршуваме бе, каков дострел во кариерата е тоа
^ E стварно не можам да поверувам дека во средно се фрлаат капи. Ајде трубачи, ајде џингрлака-дикита ДС да се праи, ајде качи го на ушка детето - заврши едвај средно па се весели со пиво у руци и му намига на директорот, а тој уште не знае дали ќе ја помине годината или ќе иде на 5 полагања, и све тоа се поднесува, ама да фрлаш капи во холот на средно ко да си го достигнал врвот на Килиманџаро ... Извини стварно, ама не можам да се изначудам. Во секој случај тоа е индивидуално во однос на школиве, ама стварно гледано од оваа дистанца еве веќе 1 година помина, толкавите веселби и прослави за завршување на средно ми се .
^ а ја па си мислев сите средни го прават тоа, само приватните повеќе го преувеличуваат или си ги земаат мантилите и капите за дома итн. Еве ја сум најобично државно средно и го прават тоа Само што во приватно (Јахја Кемал) се сликаат за табло во нив, а кај нас не, само за дента на земање диплома.
Не го прават сите, само Карев јас колку што знам. Мене ми беше многу смешно кога видов слики во такви мантили и капи, но тоа си е одлука на школото така да што е тука е Барем ќе има слики за Фејсбук
Се спремив што се спремив за матурската вечер, ама кога ќе ми текне на државната матура морам да признаам дека ме фаќа страв. Немам пипнато книга ниту македонски, ниту интерните предмети, иако мак. ја имам набавео книгата за матура, социологија се снабдив со потребните учебници и ги имам прашањата филозофија. Морам да се пофалам дека си ги наредив сите 5ки (освен англиски и француски затоа што треба да видам каков ќе биде исходот од тестовите што ги правевме) и нема повеќе тестови и испрашувања. Значи, може да почнам да учам за матура ама изгледа тоа ќе почека после 16ти.
Има ли прирачник за матуранти по англиски, како што има и по македонски? Се сомневам, ама пак да прашам.
Нема Старбакс и ја истото лани го прашував, ама математика има, го видов. Не знам зошто не би имало и по странски јазик екстерно тогаш, ако одиме така.
Ништо, уживај тоа што знаеш тоа е, мада можеш да си прочиташ нешто од учебник и само да научиме како се пишуваат типовите на есеи и тоа е...
Нема прирачник по англиски, а можеш комотно да си учиш од книгите што ги имавме од прва до четврта. Како и да е најмногу треба да обрнеш внимание на writing
Од шо да учам? Немам книги од 1 и 2 год. од 3 преска најдов фотокопирани теми, а од оваа година ќе треба да ги враќаме книгите. упм
Добро спремајте се за есеите.Обрнете внимание на сложувањето на времиња како и за формирањето на речениците.Секоја реченица треба да си почнува со subject па по него да иди verb па object па compliments и на крај adverbs ( или во англиски како што е познато правилото SVOCA).Исто така и на регистарот на зборови што ќе го користите, тука мислам на формален и неформален.Кога пишувате не ги заборавајте запирките и точките.Во англискиот јазик речениците не се километарски како кај нас исто така и на една именка не се додаваат по мн придавки- како што е пример во нашиот јазик( млада убава висока девојка-ова во англиски не, само една придавка максимум до две).Оставајте и празно место после запирка.Секогаш кога почнувате нов пасус првиот збор да биде повнатре како и со голема буква.И за крај не ги заборавајте маргините од по страните.Со среќа на сите кои ќе полагате матура, па ако ви треба за нешто помош слободно пишете ми лп колку можам ќе ви помогнам од областа на Англиски