Мислам дека им е тргната таа опција. Прво се чудев и мислев има некој проблем, но кај сите е така изгледа. Да не знае некој дали има рок до кога се поднесуваат електронските?
https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/ Овде правиш акаунт и потоа пополнуваш се, во крајниот дел треба да ги превземеш сите документи и да ги уплатиш двете уплатници. Ова е за документација за денот на уписите. https://ttfv.uklo.edu.mk/studenti/upisi/prv-ciklus-diplomski/
Се пријавуваш на Iknow системот со сите внесени податоци, ги прикачуваш документите, ако те примат ќе објават ранг листа и датум кога да ги однесеш сите потребни документи на факултет физички и уплатници за упис на семестар.
Здраво, во врска со доказот за државјанство на РМ кој е потребен за уписот, дали треба да извадам решение или може со извод од матично?
Дали знае некој кога треба да се уплати за упис (таксата и таа потврда)? Прво се прикачуваат документите па потоа се уплака или?
Здраво,дали е задолжително прикачување на сите документи на iknow? Поточно прашувам за правниот фајултет Јустинијан,бидејќи на сајтот на некои факултети што спаѓаат под уким пишано е дека не мора да се прикачат документите па доколку некој знае дали е задолжително или не би ми било од огромна помош да ми каже. Благодарам однапред