Преголема. Скоро сите што ги знам сакаат да изучуваат општа медицината затоа и многу се одлучуваат да одат на Медицинскиот факултет во Штип, бидејќи за во Скопје треба да имаш преголем просек а има и голема конкуренција.
Може да ми каже некој кои документи се потребни за пријавување на Правен факултет бидејќи на iknow пишува едно на нивната страна друго? Благодарам
Здраво дали на iknow ги орикачивте потребните документи. Мене не ми дава ми вика со физичко присуство дали и кај вас е вака?
Пресметувањево на бодевиве е криминал. Како може да имам 89 поени кога имам макс 60 од успех од средно, 5 на проеткна и на двата екстерни предмета. Со 4ка македонски и 3ка на англиски. Проста математика според правилата за пресметување - максимум поени што можат да се добијат за екстерните предмети е 20 поена. 2 предмета % 20 поена = 10 поена по предмет 10 поена % 5 оценки = 2 поена по оценка Вака гледано имам изгубено 6 поена, што значи требало да имам 94 поена. Тогаш поради која причина ми се скратени уште 5 поена?
presmetuvanjeto na poenite e celosno vo red, kako po dogovor. taa si e formulata. prasanjeto e kako so 60 od sredno uspea da izvadis 3 i 4 na eksterni
На сите факултети е исто. Поднесуваш пријава онлајн а документите ги носиш на факултетот на денот на пријавувањето (30 и 31 август).
Прилози: Свидетелство бр. ______________ Извод од мат. кн.на род. Бр.______________ Ова е од универзитетскиот пријавен лист. Ај тој бројот за извод го најдов кој е. За свидетелство знае некој да ми каже каде го пишува бројот што треба да се пополни? И во свидетелство или во дипломата да го барам?
Си има формула по која се пресметува, не е ова нас како ќе ни текне. Огромна улога игра перцентилниот ранг.
дечки ми треба да се осигурам дали на 30ти и 31ви се уписите каде што се аплицира САМО електонски( не носиш уште ништо на факултет, туку дури кога ќе си примен на 12ти септември??? дали на електронските уписи треба да се прикачуваат документи и кои? фала многуу
Шеќер, земи и аплицирај електронски. На крајот од пријавата ќе ти ги даде документите кои ќе ти бидат потребни за 30 и 31 (пријавен лист, уплатница…) и исто така на 30-31 ќе мора сведителствата, дипломата, уверение за државјанство и изводот од матичната книга на родени физички да ги доставиш.
Здраво дечки, сакам да ве прашам дали знаете ако бидеш примен на прв уписен рок на ФЕИТ дали можеш да се откажеш и да ти ги вратат документите за да се пријавиш на втор уписен рок на друг факултет? И која е постапката? Ви благодарам однапред