Имаш 24 часа да поднесеш приговор, можеш на меилот на факултетот, јас така направив и следното сабајлето ми се јавија да го решиме проблемот.
Ne mi jasno za "Пријавен лист за запишување на семестар со 50 денари таксена марка" dali taksenata marka e uplatnica i dali nie treba da go doneseme toa ili na fakultetot se plakja
Тие што сте со кофинансирање дали 400 евра ги уплативте или во денари и ако е во денари колку точно уплативте
А дали сите тие потврди што стигнаа на мејл треба сега да уплатат? За испити, за прирачник и такви раб?
Здраво дечки, некој што се запишувал на УКИМ Медицински, при запишување само образците од iknow и сведителствата со извод и државјанство и уплатниците се носат или треба уште нешто? Брзо оди запишувањето или има многу гужви? Фала Ви.
Индекс и студентска легитимација со слики за истите, сигурно пишува на страната и кои димензии да се. Зависи, но обично има гужва
Здраво,сега сум 4та година, и ме интересира колку време/кога почнавте да се спремате/учите за полагање ,дали одма од септември?Дека не разбирам како истовремено ни предаваат нови теми и лекции од секој предмет за кои треба оцени да се добиваат,а и треба и за матура да се спремаш.Се надевам дека има како рок кога почнува спремање или не?Ве молам некој да објасни дека не ми е јасно како се наоѓа време се тоа да се научи?(сигурно не даваат еден ден само пред полагање да се учи?)
Види, ти реално можеш да оставиш само вечерта пред испит да чепнеш нешто од материјалот, ама нормално дека за џабе ќе ти биде бидејќи за 1 ден нема шанси да се спремиш.. Според мене, ако си добар ученик и ти одат предметите што ќе ги полагаш немаш потреба уште сега да почнуваш со спремање… можеби некаде од второ полугодие. Сега прво полугодие гледај оценките да ти бидат добри, затоа што претежно второ полугодие горе-долу истите ги спуштаат… Најдобро ти е да не си оставаш многу оцени за поправање на крај. За матура, македонски пример, ако редовно ги читаш барем половина од делата што ги работите и писменото изразување ти е солидно, немаш потреба од паника, доволно ќе ти биде и 2-3 недели пред испитот да почнеш да се спремаш… стави фокус на граматика и правопис, одговарај ги прашањата од претходните години и ќе успееш да се спремиш. Англиски ако полагаш како втор екстерен, обрни внимание на вокабулар… Ако во школо вежбате пишување есеј и писмо и ви даваат текстови за читање како што се бараат на матура, тогаш исто како македонски, некоја недела пред испитот почни да ги одговараш прашањата од претходните години и ќе се спремиш. Всушност, сѐ е до тоа колку ти мислиш дека си спремна и колку брзо учиш… Разгледај ги уште сега изминатите тестови и види колку успеваш да решиш без учење… така сама ќе си процениш колку учење ќе ти треба и од кога би требало да почнеш да се спремаш. Мој совет, проектната гледај да ја откачиш што е можно побрзо и не си ја оставај до краен рок да ја правиш… Од интерните предмети одбери ги тие што најмногу ти одат и што ти предаваат професори со кои имаш соработка. (Но, ако веќе се имаш горе-долу одлучено за факултет, одбери ги тие што ќе ти ги бараат за таму).
Не би рекла дека имаш период кадешто они ќе ти остават тебе да учиш само како на пример што е на факултет меѓу сесија и слично, но ти можеш полека да си одлучиш што ќе одбереш и понатака да се фокусираш кон тоа. Се согласувам со предходното мислење дека горе долу во второ полугодие ни ги ставаа истите оценки или што би рекла јас “на стара слава“ доколку те знаат дека учиш. Јас би ти кажала постепено да си фатиш од сега за да не се испаничиш потоа пред денот на матура дека нема да стасаш, и да ти се насобере. Проектната исто мислам ќе мораш да ја завршиш некаде до февруари/март така што од тоа ќе бидеш барем ослободена. Мој совет ти е да си фатиш полека и да си видиш што ќе учиш, што предмети ќе избереш и истите да си ги подучуваш се до мај/јуни, потоа ќе ти е полесно. Иако во последно време матурата е про-форма спремај си ја да си извадиш убави оценки, бидејќи факултетите ги гледаат. Со среќа
Дали некој знае каква молба до комисијата треба да се достави за оние бруцоши што се наоѓаат во листата на чекање во с.дом Томе Стефановски.
Здраво дечки, сакам да прашам дали некој знае како можам да сменам факултет и кога, дали треба да чекам да заврши семестарот или не?
Најдобро да прашаш на студентски прашања на матичниот факултет, мислам дека во сред семестар нема да можеш да се префрлиш но најдобро да прашаш таму за да те насочат.