Да, нивна обврска е базата на прашања да ги дадат. И нас ни имаа зборено дека нема да ги дадат па ги дадоа..
Здраво, сакам да прашам дали тие што имате одбрано математика за мстура имате почнато со вежбање и од кои збирки вежбате?
Ако и матурата ти е одлична/солидна и имаш доволно поени, секако дека не се потребни. Внимавај на матурата бидејќи тука има многу простор за намалување на просекот и поените.
Матурата ти е пресудна за уписот, без разлила што ти се сите 5ки матурата треба да ти биди добра, затоа што има голема конкуренција со високи поени
Знам дека е офф топик тука, ама ако има некој што завршува средно во Корчагин оваа година, може ли ве молам да ми кажете кои ви беа класните и кои професори најверојатно ќе предаваат од септември? Фала ви
Здраво, во врска со полагање македонски јазик дали само од прирачникот на Билјана Богданоска се спремате? Мојот професор ни кажа дека тоа е некако ,,губење'' време и дека би требале главно да се фокусираме на тестовите, слични прашања биле. Исто така мал потсетник дека материјалот е скратен за странската литература
Нас баш на против професорот не насочи да се спремаме од него за делот со литературата, а за граматиката ни даде тест кој тој го составил и ја има опфатено цела граматика за матура па ни кажа да го разгледаме.
Спремај се и од двете места. Јас се спремав и од прирачникот и од тестовите, корисни ќе ти бидат секако.
Дали може некој да ми објасни чекор по чекор како одеше запишувањето на факултет? Втор факултет запишувам т.е се префрлувам и не се сеќавам како одеше процесот, на која страница требаше да ги испратам документите...
Подобро да почекаш да објават факултетите на своите страни за потребни документи за упис. Оваа година колку што знам не ги праќаа документите, само со физичко присуство се носеа (барем на некои факултети). Но, за префрлување најдобро ти е мислам да си прашаш на студентски прашања.
Здраво дечки, дали некој од матурантите има информации за групите што ќе се прават или веќе се направени со професори или ученици за државната матура?
Мислам дека оваа година нема да има бидејќи лани беа откриени и на нас ни кажуваа дека полагањето ќе биде во сали и холовите на училиштата..
Леле од тоа и мене ми е страв, ние добивме информација дека ќе полагаме во соседниот град, со луѓе од таму кои ќе не чуваат. Мислам дека годинава ќе има многу построги рестрикции.