Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    3.396
    Пол:
    Женски
    Во друг град нема да одите, ама има шанси во друго училиште од вашиот град. Така што, ќе се ротирате меѓусебно училиште со училиште. Или евентуално сите во ходници или спортски сали. Што според мене е и најдобра опција.

    Во врска со препишувањето, редно е да се стави крај на тоа. Срамота е, луѓе во почетна доба на зрелост да одат со препишување, подмолно а и недолично.... Ако иам ептен толку некој што не знаи нека оди со завршна матура.... Ама да се стремиш да одиш на факултет и да се класифицираш како академски граѓанин, а притоа со ливчиња и бубици в уво е малку контрадикторно...

    Не е ништо насочено кон тебе злонамерно. До сите матуранти се обраќам, седнете загрејте го столчето, впрочем не се бара нешто авангардно, се тоа имате претходно учено а и сите со солидни оценки (претпоставувам)... Така што нема место за паника ако си научиш се со ред, со време ако си почниш. Матурата ќе ви е еден вид „пракса “ за на факултет.

    Со среќа (fingers)
     
    На Ana2411, eliesaab и poi им се допаѓа ова.
  2. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Не знам како ќе биде бидејќи сите различно кажуваат. Добивме информација од една гимназија дека ќе можело да се препишува како лани само не се зборува многу за тоа поради откривањето на вибер групите минатата година..
    Ќе видиме како ќе биде, други велат нема да може да се препишува но нас и некои професори ни кажуваа дека ќе можело.
     
  3. арија1245

    арија1245 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Кај нас професорите се веќе безнадежни, пошто сигурно одиме во друго школо да полагаме, ги известиле директорите на училиштата, а нас не извесити класната која е многу блиска со директорката. За македонски мислам дека не е толку страшно, ама јас имам математика екстерен, не знам што ќе биде. Би требало да пуштат до некој одреден степен, во спротивно ќе биди голем процентот на тие што ќе паднат матура и на тие што ќе бидат со ниски оценки. Ако не дозволат препишување, пола од факултетиве кај нас уште годинава нека ги затворат. Колку губиме ние, толку губат и тие.
     
    На RockinIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    Кога ја воведоја матурата немаше препишување, јас сум меѓу првите генерации па и без препишување положивме тие што учевме и ни беа реални оцените. Не ми е јасно како некој се надева дека треба да препиши тоа што знаеш ќе си напишиш, не сфаќам зошто оваа година се толку во фрка матурантиве, како нормално да е препишувањето. Не е толку страшно, истото ќе биде и на факултет:) Повторете тоа што сте го учеле претходно, разгледајте прашања од претходните години што се паѓале.
     
    На Rosemaryyy, sino.o.oka и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Машки
    Застрашувачки е колку е нормализирано препишувањето, како тоа да е “the right thing to do”, неопходно и неизбежно.

    Исто така, зошто ако не пуштат да се препишува до одреден степен, многумина би ја паднале матурата?!

    Не разбирам… Толку ли е тешка матурата? Јас кога полагав, пред скоро 7 години, не беше таква ситуацијата, единствено имаше нелогичности во однос на проверката на тестовите по определени предмети, како Англиски јазик. Толку ли многу ученици се потпираат на препишување како единствен начин “за положување” и која е причината шо не се спремиле соодветно? Материјалот е претежок? Наставниците не предаваат соодветно или учениците немаат волја да научат?
     
    На yyyeslame1, ivcheslivche, babygurll и 7 други им се допаѓа ова.
  6. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    3.396
    Пол:
    Женски
    Со тоа што очекуваат да препишуваат на матура, па и препишувањето им е единствена надеж, кажуваат јасно дека истото ќе го очекуваат и на факултет - со препишување да минат....

    Релано ова е подеднакво трагично и страшно. Без разлика која професија ќе ја одберат, замисли да те лечи доктор што препишувал на факс.... Или да ти предава професор што исто препишувал... Познавате такви? И јас, еден мал милион... Затоа и сме дојдени со ова дереџе. И после цако е крив.
     
    На yyyeslame1, Rosemaryyy, Ana2411 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Машки
    Често се споменуваа бројните пропусти во матурата, начинот на кој таа се спроведува и (не)еквивалентноста со тоа шо реалистично се учи, како причина/и за ова драстично решение.

    Не дека, до некаде, овие причини не се точни, има некоја вистина, меѓутоа затоа се бараат соодветни реформи, а не целосно укинување на матурата или препишување. Затоа и до некаде, се сомневам дека рабоите би се промениле, доколку еве хипотетички сѐ се среди со матурата, тогаш се ми се чини, пак нешто нема да одговара и пак би се прибегнало кон препишување.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Гледам дека има различни реакции и размислувања за ова па сакав нешто да појаснам.
    Препишувањето на матура е со години наназад и тоа било така, на нас дури и професорите ни велат ако можете препишете, пратете ни нешто ние ќе ви помогнеме доколку ни пратите. Матурата никогаш не била фер и секогаш имало препишување (бар последните неколку години) значи самите професори ни велат да препишуваме за да извадиме подобри оценки. Пред 2-3 години темите за есејот предвреме се знаеја бидејќи некој од Скопје ги пратил, не знам како навистина но така разбравме. Факт е дека треба да се учи и факт е дека нема да падне никој бидејќи 4 години ти си го учел тој предмет но прашање е со која оценка ќе го положиш.
    И да, секако дека не се надеваме дека ќе препишуваме и на факултет бидејќи таму знаеме како одат работите, проблемот е во тоа што матурата многу влијае при просекот за упис на факултет. Познавам деца што сите години биле 5.0 и накрај поради една 4 од матурата не се запишале на факултетот којшто го сакале.
     
    На helios и RockinIt им се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    @selenophile11 уште полошо, професорите наместо да си ја работат работата да предаваат и да сакаат нивните ученици да научат тие ве охрабруваат на препишување. Ете и јас заради 4ка не влегов на факултетот што сакав па се префрлував и ред други работи. Ама таа 4ка си е моја јас ја добив, тогаш немаше препишување барем не во моето школо. Дефинитивно треба нашево образование да се мени од корен прво почнувајќи од професорите...Некој ќе препиши и ќе извади висока, некој нема да можи и ќе добие пониска. Затоа не треба да има препишување и секој со своето знаење да си полага.
     
    На yyyeslame1, sino.o.oka, Ana2411 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше тоа зборот, кривицата е во нас да ама и професорите 4 години не ја спомнуваат матурата, последното полугодие решивме само еден тест од матурата од лани и толку, никој ништо не кажуваше. Треба и ние смаите да учиме свесни сме но се потпираме на тоа препишување бидејќи знаевме дека и минатите години беше така.
    Познавам деца што буквално на часови не одеа и сите оценки од матура им беа 5. Имаше и некои што учеа, не препишуваа и имаа пониски.
    Останува да видиме што ќе биде а јас од денес почнувам да го повторувам целиот материјал по македонски јазик од сите четири години.
     
    На RockinIt и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  11. Rosemaryyy

    Rosemaryyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2020
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Сите имаме полагано матура и знаеме колку било лесно или тешко. Сакате да студирате на факултет, да зборувате дека образованието е дно, како има неправди и како тие што не се трудат и не заслужуваат успеале да извадат повисоки оцени од вас и да се запишат некаде. Наместо тоа може да се потрудите со ваш труд и ваше знаење да ја полагате матурата, а не да се надевате дека ќе препишувате а потоа да се зборува какво е образованието тука. Само затоа што голем дел успеале да препишат и да се снајдат, не значи дека треба и вие. Треба да сакате сами да постигнете нешто. Материјалот што се полага е учен со години и години... доколку просекот ви е таков како што треба да ви биде, не гледам зошто би имале проблем кога ќе дојде да полагате.
    А матурата не е ништо во споредба со тоа што ве чека понатаму, откако ќе се запишете.
     
  12. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Нема врска матурата со тоа каков студент ќе си, и јас препишував на матура (математика малку повеќе сама, Македонски многу повеќе), а сега на факс немам препишувано на ниту еден предмет (не сум студент со висок просек, ама се до сега ми е положено во рок).
    Точно дека не треба да се препишува, ама според тоа како се предава денес во средно и со оглед на тоа што на матура прашањата беа исти и за гимназија и стручно, а не се учи иста материја (особено математика, многу помалку се учи во стручнио), е сега колку што разбрав средено било со ова годинава.

    Според мене до некаде во основно и средно ми е океј да препишуваш на некој предмет, добро школо е и тоа да знаеш да се снајдеш во некоја ситуација. 8)
    На факултет не е за препишување, сега и да препише утре, другден ќе ти притреба и ќе мора да го научиш, иако има и на факултет многу предмети кои не се ни потребни.

    Инаку да се вратам на темата.
    Имате време и да поднаучите нешто за матура и од сега да почнете. И некоја членка спомна за Математика и било страв, сигурно ако си одбрала мат за матура добро ти оди, и тоа брзо се учи или разбираш или не, нема многу за помнење. Англиски исто така многу прости биле прашањата. За Македонски ќе се потрудите повеќе, мислам не и тоа нешто што не се учи, ама малку треба и да се размисли,на составот обрнете внимание, убаво читајте ги извадоците од лектири...
    Со среќа на сите матуранти(fingers)
     
    На selenophile11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Дечки, што било на матурава? Само гледам по портали пак нешто разочарани и демек построги ама вистонската причина не можам да ја најдам
     
    На Dib9 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    Како што разбрав кога почнала матурата на вибер група бил споделен тестот
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ајј пак ли
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Машки
    Мислам дека се однесува на тоа дека пак “на големо” се препишувало и се споделувале одговорите на вибер група, воедно добив и информација од прва рака за такво нешто.
     
    На ivcheslivche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    На вибер група кога почнала матурата бил споделен тестот по македонски јазик, во таа група имало голем број на матуратни, значи сигурно групно се решавало и препишвало
     
    На ivcheslivche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carpediemm

    Carpediemm Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Јас кога полагав матура постоеше вибер ама не постоеше праќање на тестови на вибер,едноставно на никој тоа не му ни текна не знам...
    А што се тупите со тоа не ми е јасно седни научи, што ти е полошо матура или приемен?
    Не знам дали сте размислиле малце реално.За препишување се знае,и сите знаеме како сме поминале,тоа ти е среќа како ќе ти се погоди професорот што те чува така, можда ќе ти дозволи,можда за нешто сам ќе ти помогни, не ми се верува да е до толку многу строго, не полагате за во наса.А што ќе праиме за на факултет кога ќе дојди...после немало кадар како што треба епа нема.
    Прочитав некој имаше пишано дека факултетите ќе биделе во загуба ако не ви помогнеле да препишите на матура..не нема да бидат во загуба тие туку вие до негде, ако не ти се учи слободно имаш и завршна,сега и на доста факултети запишуваат со завршна затоа што и онака нема студенти сите заминаа или странство да студираат или таму да живеат.
    Ако ја укинат матурата и да има приемен е тогаш ќе има загуба, мислејќи до негде загуба за студенти од државна квота.Е овде сега се ви е бесплатно ама таму сакаш да учиш прво ќе платиш.
    Затоа истуркајте ја некако затоа што после ќе сфатите дека полесно од државна немало, со оглед на тоа какво ни е образованието во споредба од тоа што се бара а што се нуди на факултетите.
    Со среќа и со лесо, и сте да положите:sun:
     
  19. Boban223305

    Boban223305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Јас сум прв против препишувања, ама ако препишуваат во Тетово, Гостивар, Сарај итн., може и во Охрид, Прилеп, Битола итн...
     
    На Ana2411 и Carpediemm им се допаѓа ова.
  20. Carpediemm

    Carpediemm Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека да,ама сегде се препишува тоа е фактот не само таму,а и што е најтрагично од сето тоа тие пак ќе бидат по успешни од овие што му ја мислат и ќе бидат напикани сегде во државно...