^ А што е ова, демек само овие дела ќе ги има или? Инаку ја англиски одлично знам, нема да учам за матура тоа што знам од часови и курс тоа и само есеите ќе научам како се пишуваат. Ја македонски се плашам.
Од овие дела ќе има, а кои ќе ни се паднат, ќе видеме. Инаку јас земав информатика да полагам, ама цело време се мислев да не не треба информатика за мојот факултет,да не ми одземат поени што овој сум го одбрала кога баш вчера видов дека е пожелно информатика од интерните да се полага. Се усреќив.
Па да. Повеќето и повеќе се обработувани 3 и 4 год. Оној кој ги читал ќе нема проблем, но сепак до некаде и се заборава, особено оние од 1 и 2, па и 3. Ама, со учебникот по матура, ќе се потсетеме на заборавеното. Многу значи и ако имаме фаќано прибелешки во текот на часовите, така кога се потсеќаме полесно изгледа и имаме повеќе информации.
Јас мислам дека даваат од училиштето да се земаат книги отпосле кога ќе завршиме. Барем кај нас даваат, прашајте ги професорите, ќе ги земете ќе учите и после ќе ги вратите, не е некој проблем.
Кај нас рекоа до 1 Мај да се вратат сите лектири и книги што сме ги позајмувале. Библиотеката беше отворена едвај 2 саати во неделата, а не пак сега да биде отворена.
Mи се чини дека само јас коментирам во темата. Најдов една супер страна за таквите како мене, што не се многу по англискиот http://www.learnenglish.de/
Па да, во право си до некаде. Еуфорија, возбуденост, страв, полагање матура, па дали ќе ме примаат на факс, трчање наваму-натаму. Интересно ќе биде.
Лукс, си се збунила малце. Јуни, не мај. Инаку интерните се полагаат во секое школо различно, ама секако се во јуни, после екстерните предмети. Кај нас уште немаат кажано кога ќе ги полагаме, да си испланирав барем и чисто ме интересираше да не случајно ни се падне некој преку ден, два - не дај боже.
Луѓенца денес професорката по македонски ни кажа да си провериме на интернет дека имало ставено програма по македонски што да учи. Јас проверив, но видов дека само стои за есејот. Да не знаете вие нешто?
Еве ја програмата http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 9-2010.pdf Едино шо не ми е јасно у оваа смешна матура е тоа што по англиски ќе имаме текстови од практично-професионална комуникација, а по македонски не. Па дали имаат мозок тие шо ја подготвуваат матурата.