Zdravo, dali za zemanje na dokumentite od fakultetot kaj shto podadov za upis, mora da se odi licno ili moze nekoj drug da mi gi zeme? Fala vi na odgovorot
Здраво дечки, дали некој знае на финки на кој јазик се учи, на интернет страната кај предметите им пишува - јазик на изучување на предметот англиски и македонски, јас подадов документи на финки но англискиот не го знам премногу добро ☹️
Ја сум на Филозофски запишана сеа 1 година, уписи се сега 11.09 и 12.09 нишо од потребни документи факултетот нема објавено… Дали некој можеби знае кои документи се потребни? Дали треба да го уплатам сеа целиот факултет мислам таа година 200евра или може на пола? Фала
На Македонски јазик се учи, ама не знам како мислиш да просперираш на Финки ако не знаеш англиски добро, не се програмира на македонски..
Имаш на конкурсот за упис при запишување што треба да се направи Си плаќаш на трансакциска од факултетот ако си со 200 евра плаќаш 100 евра за 1 семестар, ако си со 400 плаќаш 200 евра
Ми треба помош, вака јас аплицирав на факултет но не ме примија на тој смер каде што сакав туку на друг смер ме примија, сега нели се и запишувањата на 11 и 12 септември, дали може да поднесам документи на друг факултет во вториот уписен рок но доколку таму не ме примат дали можам да се запишам на првиот факултет?
Здраво дечки, поради неможност да се запишам на првиот уписен рок за прв циклус студии решив да се запишам на вториот уписен рок, конкретно на економски, меѓутоа при најавување на iknow системот економски не ми го покажува како опција, на ранг листите од првиот рок местата се пополнети за редовните студенти но јас ќе се запишувам вонредно и има слободни места. Разгледував ранг листи од претходни години и видов дека има примено вонредни студенти на втор уписен рок. Ме интересира дали некој бил во слична ситуација и дали би знаеле каде да се обратам? Фала ви
Иако не сум студент на економски, препорака е да се јавиш на студентски прашања или побарај број на нивната страна од секретар или продекан за настава.
Само еден од смеровите т.е СИИС е достапен и на англиски (SEIS),другите смерови сите се изучуваат на македонски
Ми треба итна помош, се запишав ФЕИТ прва година, но кога ќе отидам на iknow системот за да ги запишам предметите, ми фали црвеното копче "Потврди упис". Го следев видеото кое што тие ми го испратија и се консултирав со останати колеги на други факултети и кај нив го имаше.
Да ве прашам дали проектната што е за во 4та година, важен ли е предметот по кој се полага во зависност од факултетот на кој што ќе се запишуваш, или само оценката е важна? пример на финки дали има значење ако биде информатика/математика/физика, како и на пример доколку запишуваш економски да ти биде економија? Исто и за во Бугарија ме интересира дали ја гледаат.