Како не треба несоодветен предмет носи помалку бодови, може да не те примат, секоја година излегува конкурс и за тој факултет излегува кои предмети се соодветни, кога ќе се пријавиш електронски треба да внесеш дали предметот ти е соодветен, се проверуваат документи
Колку што се сеќавам за проектната се пишуваше само насловот, а не и предметот. И во конкурсот досега немам сретнато за проектната, само за соодветни екстерни и интерни предмети. Ама би требало да пишува во конкурсот од факултетот, Сепак би било подобро проектната да е од областа која сакаш да ја студираш и те интересира.
Не знам дали на соодветно место пишувам, ама не знам каде да прашам. Ме интересира за наредна година уписите дали е некој упатен на филозофски кои катедри се отворени? Конкретно ме интересира за Родови студии и Етнологија?
Здраво, годинава сум матурантка, па ме интересираат неколку работи и ги замолила повозрасните генерации од искуство да ми појаснат. Дали професорите кои се по интерните предмети ги даваат сите можни прашања и потоа некои од нив се паѓаат? Дали Прирачникот по македонски јазик за матуранти содржи сѐ што е потребно или сепак има потреба да се учи и од дополнителни извори? И во врска со бранењето на проектната, како се одвива целиот тој процес? Дали прашуваат дополнителни работи од наведените во врска со темата?
Првото прашање да. Јас имав ликовно и музичко и професорките ни ги имаа пратено прашањата со сè одговори. Второто не. Освен прирачникот треба да ги поднаучиш и да ги поминеш матурите од претходните години. Додатно да си прочиташ кратка содржина за сите лектири што ви биле во програма. Третото. Бираш професор, предмет и тема. Професорот ти дава инструкции како да ја изработиш проектната. Четврто. Не те прашуваат, но ти во буквална смисла на зборот треба да презентираш. Што значи ова? Дека треба да ја имаш целата тема на која си работела во мал прст и се што кажуваш самоуверено и научено да биде. Би ти додала тука и за англиски. Исто на страната на матура, да почнеш да си учиш од прошлите години уште од сега, заедно со македонски. Интерните предмети се полежерни.
Во Прирачникот се содржани сите дела од македонска и светска литература кои се предвидени во програмата за матурата и оттаму ја учам содржината, ликовите, видот на делото... но дали треба да се учат и останатите дела кои сме ги обработувале и дали може да се паднат прашања од нив? Пр. Ана Каренина не е предвидена во програмата за матура, а нѝ е обработувана...
Обично не се паѓаат прашања од повеќе дела. Само од едно. Види други години што се паѓало, имаш веројатност опет истото нешто да се падне. "Ана Каренина" беше исфрлена од лектирите, зар не? Или па ја имаат воведено? Не ме држи за збор, но мислам дека не треба сите. Само тие што се предвидени по програма. Најубаво професорката по македонски да си ја прашаш за сигурно.
Не е тешко. Јас не полагав, али мои другарки полагаа. Тој што ти е по историја професор, месец, два пред полагање ќе ти ги даде сите можни прашања кои ќе ти се паднат. Скоро на сите интерните предмети ни беа со висока оцена.