Етнологија и антропологија има институт на ПМФ, се наоѓа во долната зграда, каде што се хемичари. Имаат различни смерови може да си видиш на нивната страна или да отидеш кога имаат отворени денови.
Здраво, студирав/м теоретска физика во странство, и 1 година работев/ам на институтот за нуклеарна медицина на мојот факултет. Сватив на касни години (23) дека сепак сакам да студирам медицина, а не ова срање што го траам... Ме интересира дали некој има слично искуство (упис на МФ во Скопје на постари год.) и дали е глуп потег од моја страна? Бај да веј, пошо не ми се чека да добијам диплома (тука се доделува за нова година (5/8 месеци покасно, малку наопачки се семестрите на институтот)), би морал со матура од средно да се запишам. На ФЕИТ(фиктивен упис од страв) у мое време имав 99.662 поени, но тоа беше пред 5 години, како да си пресметам за на медицински? - плус инфо за екстерните итн. предмети... Кои би ми биле реалните шанси (мин. поени, одвисност од возраст итн.) ? Секое мислење е добредојдено.
На ПМФ има смер медицинска физика, голем дел од предметите сигурно би ти биле признаени, само разлика/стручни да дополагаш, ем нема да одиш се од почеток, ем ќе е нешто поврзано со медицина, работа со луѓе, во болница итн.
Зашо не е спој? Разгледувам опции за упис, вака интересно звучи тој смер иако не знам што точно учат. Се двоумам меѓу електро или пмф.
Лошо се изразив, сакав да кажам дека не е за мене. Ама ето како некој што студирал теоретска физика и волунтирал скоро на сите сектори, можам да ти дадам совет. Реално на медицинска физика ќе учиш работи во кои ќе се вљубиш, и потоа си автомеханичар - буквално имам потрошено саати поправајќи ЕЕГа и МРИја за да ме мислат мајстор... А јас квантен физичар, не вреди... А што се тиче електро или пмф, реално нема разлика, само студирај тоа што ќе те мотивира. Мој совет, запознај се убаво со гранките од постари колеги, НЕ професори.
Не знам какво искуство имаш, на пример јас волонтирав секое лето, уште студирам медицинска физика, бев на рентген, го учев начинот на добивање х зраци, правење снимки итд. На радиотерапија, кај што работат медицински физичари, изработував планови за зрачење, во ПЕТ центар, центар за јавно здравје, дозиметриски лаборатории и никаде не се поправаа машини и апарати, се вршеа контроли на дози ама не и поправки, за поправки се викаше мајстор.
Во однос на вработување и просперитет и за пракса и за се електро е пред ПМФ, и е стипендиран од мн фабрики во Скопје. За ПМФ сам треба да си бараш пракса. Некако електро мн повеќе го вреднуваат а на ПМФ мн мн мн повеќе се учи. Зборам од искуство и личен пример, споредуваме испити од електро и ПМФ за слични предмети, на пример математики, анализи, кај нив каде каде е пониско ниво. Ама за мене ПМФ пак ми има поинтересни и примамливи смерови.
Точно, и јас го имам правено тоа, али и ова другото поради ургенции дефицити итн. Ја кажав најлошата страна, бидејќи доста лесно може и реалност да стане. Сеа рално докторите на науки не го прават тоа, ал до таму има пат...
Плс, ако има некој од тестот за интерен предмет историја за држ.матура, ако може да пушти за вежбање.Не можам никаде да најдам.
На интернет нема ? Напиши државна матура историја, годиниве ми излегуваа повеќе. Ми текнува беше поставен тестот од Јосип Броз Тито.
Дали некој може да ми каже каде можам да ги најдам тестовите по македонски и англиски за полагање државна матура од предходните години или пак линк да ми испрати од истите?
http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o= На овој линк ќе отвориш на Збирки задачи и прашања за државна матура кое е второ по ред.
Не сум сигурна,но мислам дека е завршен рокот за пријавување,затоа што кога јас бев матурантка пријавувавме до крајот на декември а веќе во март ги браневме проектните задачи.
Учи од матурите од претходните години. Ги имаш на интернет. И земи си прирачник за матура по македонски, по англиски не знам дали имаше. Исто и на час би требало да ги поминувате. Земи си тетратче и запишувај шо зборат професорите.
За македонски од прирачникот, старите тестови, сите четири книги од годините. Сега не знам како е до новите измени и поделба на делата. Кога полагав јас се добиваше тема од определен период ( хуманизам, ренесанса, просветителство), па се спремав посебно за тој период. За англиски, повтори си ја граматиката, иако не се добиваат класични граматички прашања. Плус, особено во книгите и ако можеш да најдеш од некој курс по англиски деловите каде што е објаснето пишувањето на писмо, есеј, е-маил и слично. И вежбање на старите тестови. Јас бев една од постарите генерации, па не знам дали важи уште или е сменето, бидејќи во последните години многу промени направија.