Дечки ај ве молам искуство за државната матура ако има некој овде што полагал скоро. Како и колку се спремавте, и од каде учевте најмногу? И сакам да знам дали навистина има можност за препишување? Жими се ако не можам да препишам нешто толку ќе биде, особено македонски…
Реално, имаш време да научиш македонски до матура барем за положување. Има скрипти за матуранти македонски, сите најважни работи се таму.
Кои предмети ги полагаш ? Македонски обавезно прирачникот, вежбај пишување есеи и не знам како е сега ама ние имавме определен период за есеј, па читав доста повеќе за тој период. Разгледај ги старите тестови за матура за да го сфатиш концептот.
Македонски, англиски, биологија и хемија полагам. За последните два предмети не ми е страв, ни дадоа по 150 прашања ќе ги научам. Македонски ми е страв пошто не знам есеи да пишувам на повисок стил па искрено планирам да го препишам ако можам ама ги разгледував тестовите па и другите прашања не се многу лесни. Реално сите лектири од сите четири години мислам дека нема таков кој ги знае.
Нас професорката по македонски не спремаше цела четврта година, од почеток па се до крај. Има една книга посебна за матура е, каде целиот материјал од сите години е скратен и е извлечено најважното и плус има и прашања со одговори, најверојатно и на вас ви е кажано за неа. Вежбај од таму, читај повеќе граматика. Исто важно е и делата да ги знаеш отприлика што се зборува, кои ликови како се викаат, како и тема и идеја. Најверојатно прво ќе имате македонско дело, па потоа едно од странските. Лани мислам имавме за Сердарот и за Илијада и плус уште некое од македонските, провери точно кои беа на страната државна матура. Не мора да препишуваш за да положиш, не е толку страшна како што се чини. Со среќа
Јас ќе учам секако ама не знам дали ќе биде доволно од прирачникот за матуранти, професорката по македонски рече дека не било доволно ама искрено немам толку време да ги поминам сите книги од прва до четврта. Имавте можност за препишување?
Брат ми полагаше пред две години и кога идеа македонски да полагаат некој го имаше ставено во таа група на вибер и им беше пратен тестот решен уште пред да им го дадат да го решаваат. Лани не знам како било, ма да секоја година ги пробиваат тестовите.
Се сложувам дека не е доволно само од таа книга, особено од делот на граматика и затоа викам обрни повеќе внимание таму. За есејот ако ти е страв, типични теми од животот даваат, не е страшно гледај само да имаш на 350 зборови и да си граматички точен бидејќи доста поени кратат и таму. За препишувањето зависи од кој град си. Лани знам од Скопје ми се жалеа дека било доста потешко да се препише. Кај нас за македонски беше построго и никој не извади 5ка. Зависи како ќе се снајдеш и какви ви се тестаторите
Абе во претходните години за матура отприлика колку бил процентот на точни одговори по математика за да се смета испитот за положен?
Јас кога полагав доволно беше, учев само од прирачникот. Зависи и како си со предзнаење ама мислам дека граматика беше помалку од делот литература на тестот.
Колку што сум запозната, по екстерните предмети дали си положен или не и со која оцена не зависи колку точни одговори или поени имаш, туку се зема предвид успехот на другите во истото училиште кои го полагаат истиот предмет, односно колку си од нив подобар или полош со успехот. Двајца ученици со ист број поени од различни училишта, едниот може да биде положен, а другиот не. Зафркната работа, знам. Меѓутоа, сметај го и фактот што математика полагаат доста помал број ученици за разлика од англиски.
Сакам да прашам какво е студирањето на насоката Безбедност на Филозофски факултет при УКИМ. Какви се предметите, професорите, атмосферата? Дали има многу за учење и дали е интересна насоката? Ако има некој што студира или студирал таму, би ми значело ако сподели искуство. Фала многу!
Ај ќе ве замолам да споделите од кој прирачник за матура по македонски учевте, не знам кој да го купам @lilisroses @ataneR