Зошто ти се дури од 2012, и тоа август? Доста е измената програмата оттогаш. Ако ги имаш извежбано останатите сѐ до 2012 немај гајле за ништо.
Дали знаете дали некаде низ мк може да се запише факултет само со завршен испит, без државна матура? И дали може некој кој матурирал поодамна, а сега сака да запише факултет да полага само државна матура во истото школо, бидејќи има завршен испит полагано претходно?
Мислам дека не може. А за тоа најдобро да прашаш во школото, ама мислам дека може да полагаш дополнително државна матура.
Ова се условите на УКИМ: Право на запишување на прв циклус академски студии, на академски студии од областа на уметностите и на прв циклус стручни студии имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Во академската 2024/2025 година на прв циклус академски и стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите, право на запишување имаат и кандидати кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година). Околу полагање допрва матура не знам, а за дали може со завршен испит пребарувај по конкурсите на секој Универзитет кои се условите за запишување
И плус или од книгите или од друга литература од овие од курсевиве за англиски јазик каде што се објаснати пишувањата писмо, есеј, cv, порака и Др.
Дали кај задачите со заокружување по математика треба да се пишуваат и постапките за да ги признаат одговорите како точни или не мора?
Абе препишувајте и без гајле бидете.. демек до сега никој не препишувал на матура, па еве завршив градежен факултет со над 9 просек.. си ги читавме одговорите на матура ние.. стануваше еден и ни читаше 1-а,2-г.... Ако сакаат знаење ќе укинат матурата и ќе стават приемен испит..
Дечки може некој да ми објасни нешто околу есејот и емајлот што треба да се пишуваат на матурата по англиски? Како треба да изгледа одговорот на емајлот дали треба да се одминуваат редови и слично? Исто и за есејот не ми е јасно, некои ми викаат треба да има вовед, главен и завршен дел, а нас во школо професорката не не учеше така. Писмените англиски ги правевме така што пишуваш вовед со неколку реченици и треба да спомнеш два аргументи во него. Следно одминуваш ред и почнуваш да го објансуваш првиот аргумент во тој параграф. Следно исто така одминуваш ред и почнуваш да го објаснуваш вториот аргумент. И во последниот, четвртиот параграф е заклучокот. Фактички 4 параграфи испаѓаат. Дали треба вака да биде?
По некоја логика пак се три дела, воведен, главен и завршен. Е сега мислам не мора главниот дел да ти биде задолжително само еден параграф. Може и повеќе. Бидејќи ако едниот аргумент ти е долг, по прегледно е ако другиот ти е одделен. И мислам дека можеш да имаш повеќе аргументи, не мора само по еден за или против. А воведен и завршен задолжително во посебен параграф. Барем јас така мислам.
Мене не ми е јасно дсли треба да де прескокнуваат редови, исто и кај одговорот на емајлот не знам како би требало да изгледа. Ништо не ни е објаснувано.
Како им се движи тоа оценувањето некои викаат со проценти било,ако некој знае колку проценти треба да имаш за да поминеш па макар и со 2?
Мене ми кажуваа оценувањето зависи во глобала од сите тестови. Ако има многу солидни тестови границата за оценување ќе биде многу висока што значи и 2ка да треба да фатиш ќе требаат доста поени. И да, со перцентили се смета ама како точно не знам.
Здраво, матурантка сум и планирам да се запишам на финки. Е сега уписните рокови се објавени, но запишувањето е од 04.09-06.09, а баш тој период нема да бидам во државата, па прашањето ми е дали место мене или родител може некој друг да ги однесе документите за запишување?