Здраво, сакам да се запишам на Медицински факултет во Скопје, дали во електронското пријавување има можност да се одбере ако не влезам во државна квота со 200 или 400 евра, да одберам следна опција да студирам на англиски јазик со 5000евра?
Здраво, на сајтот за уписи при УКИМ ги внесувам сите податоци и се е точно и ми го покажува ова кога одам продолжи, дали некој знае што е проблемот?
Па пишуваше да се направи - Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Функционира само на деновите одредени за упис. Нема да можеш пред тоа да се најавиш, освен ако не сменат нешто меѓувремено.
Деновиве би требало, веќе ги имаат извадено клучевите од тестовите, значи деновиве треба и резултатите, кои пак најкасно треба да се објавени до 10ти јули.