Па не мора да биде за аплицирање или реклама, може да биде неформално писмо до другар, брат, мајка шо знам. Сега не знам од кои учебници учете ама во овие моите има позади како се пишуваат формално, неформално писмо, есеј, барање и сл. Теа нас проф. ни кажа од оваа програма да гледаме, а материјалот е тој, ова што е во програмата го има во прирачникот. Абе, дечки има тестови од ланските години на страната на матура па отворите, видите шо има, ние обично од нив вежбаме, одговараме.. Едит: Теа само таа е програмата, во неа е опфатен скоро цел материјал.
Охохоо, кај мене подготовките многу одамна почнаа ,сега ми останува само да го повторам она што ми беше потешко и го имам подзаборавено.За екстерните може да се каже дека сум целосно подготвена, сега да ги совладам уште интерните. А до каде сте вие ,останатите?
малку офтопик....ама незнаев каде да го напишам прашањево за да се полага информатика интерно треба да се учи барем 2 години, е сеа дали некој што го учел една година и после бил на МА или МБ подрачје (дека нели има програмски) ќе може за матура да полага информатика? Spoiler ова онака чисто информативно, не за мене, јас избрав ОА и најверојатно ќе одам на економски
^ Едно девојче од клас е на МА и полага информатика и прво мораше да го полага на ниво на училиште пред професорката заедно со група ученици мислам на материјалот од информатика за 2ра година за да може да го полага интерно и тоа зошто го учела само во 1ва, а во 2ра зела етика, така нешто. Така беше оваа година и кај нас, не знам за друг пат.
Jас исто така го учев една година, и сакав да го полагам за матура, ама морав прво да полагам диференцијален испит, од материјалот од втора година. Значи, не може.
http://www.femina.mk/out/?id=fb3c1f9a69 ... lator.aspx мислам дека можам да си прерачунам и сега колку ќе ми биди отприлика просекот... но,што е тоа Перцентилен ранг кај екстерниве?
Тоа ти е колку перцентили ќе извадиш од самиот тест во децимали пр. 80 и нешто... си имаат тие таму некоја математика зависно од тоа колку бодови имаш, па множат со нешто, рачунаат и имаш да речеме 85.50/100 и од можни 10 поени при упис тоа ти се 8.5 поени пр. карикирам, си има калкулации што тие ќе ти ги пресметаат ти само се наоѓаш на список и толку, ама пример ти кажувам. Како што знам и македонски и математика/странски јазик максимум носат по 10 бода при упис ако ти се 100% точни тестовите хипотетички гледано, тоа се 20 бода вкупно, 4 бода носи проектната ако ти е 5, значи 24, по 8 бода интерните ако ти се 5ки + 16 значи 40, и 60 поени максимум ако си била 5.00 во четиригодишното средно образование ете ти ги фул сите 100 поени како доаѓаат за упис.
Перцентилите биле од колку проценти од сите ученици во Македонија си подобар. Пример, имаш, 85% и си подобар од 85% од учениците во цела Македонија. Исто и за тестовите, пример, добиваш дека македонски имаш 90%... тоа не значи дека тестот ти е толку посто точен, туку дека си подобар од 90% од учениците во Македонија. Јас лани мислев дека значат колку проценти ти е точен тестот, ама не било така.
имате ли идеја кој би ни бил насловот на есејот за матура македонски? мислите ли дека како лани ќе ни бидат и двете дела во еден есеј?
глупости... ај ке видиме еднаш како ке поминиме на полагањата па после ќе рачунаме... не знам просекот да си го пресметам со тие парамерите чудни xD
Јас ги имам 60те бода од оценките, и 4 поени при упис што носи проектната значи 64. Другото останува на екстерните и интерните. Да завршам со матурава, други 4 матури и втора вечер, па матурската парада и од 19, 20 почнувам да учам македонски, англиски само есеите и нешто може да се потсетам. Веќе од 13ти учам социологија, па филозофија иако интерните се лесни пак мора да се учи.
Не можеме да знаеме каков ќе е насловот, можеби ќе биде за опис на лик или компарација помеѓу два лика. Јас почнав македонски да се спремам
Завршија матури, еуфории тоа се и сега од денес почнувам точно си израчунав имам 20 дена до полагањето македонски, турбо ќе биде
Да ве прашам овде иште еднаш ,оти да не сте вие нема ништо да разбериме , ништо не кажуваат кај нас професорите ниту пак држат додатна настава Значи Пушкин и Бајрон ќе бидат- „Странствувањето на Чајлд Харолд“ и „Евгениј Онегин“.Не се знае точно дали ќе биде нешто за ликовите или за романите конкретно, ама за овие две ќе биде сигурно,така ? А инаку ќе има друга тема што не е од материјалот по македонски и ќе може да избереме на која тема да пишуваме Иако секоја вечер имам гости или јас сум на матура од денеска седнувам да подучам оти како што е тргнато јас до 1ви јуни ќе славам.
Да едната тема ќе е од областа романтизам, а другата е слободна, ама помалку ја бодуваат. А како може да не ви држат консултативна
^ Ништо Пупи , воопшто незаинтересирани се . Ние сами си се информираме еве вака преку вас,преку страната за матура и тоа е. Цело време не убедуваа рано е рано ,во мај ќе држиме додатна , еве дојде мај и ќе си помине а ништо од спремањето.