Значи до 20ти август треба само пријава на iknow, а документите, ако си примен, се носат на 5ти или кога и да беше? Поентата ми е дека не се носат документите и за уписи со физичко присуство?
Не. Кога јас се запишував не беше така. Имате три дела 1.Првото е онлајн пријавување. 2.Второто е пријавување на документи - носите сведителства, уплатница, таму тие листовите пријавени Чекате да се објават прво прелиминарните резултати, па конечните. 3. Ако сте примени во рокот за упис ќе одите да се запишете. Тогаш ќе ви дадат индекс и, ќе лепите слики, ќе ги пишувате првите обрасци за прием на семестар. Ќе уплаќате за семестар. Читајте го конкурсот и видите дали некаде пишува достава на документи во студентски прашања/ректоратот.
Не. Прво се пријавуваш на iknow, а потоа физички се носат документи на 19 и 20 август. Откако ќе излезат резултатите, на 4 и 5 септември одиш повторно да се запишеш.
Здраво, дали некој ќе се запишува општа медицима на УГД Штип? Дали електронскиот упис треба да се изврши до 20 август а потоа на 20,21,22 да се оди и да се поддадат физичките документи извод, државјанство….
Дали е можно полето за одобрено уште да ми свети црвено затоа што аплицирав за вонредно студирање? Знам некои што аплицираа за редовно уште по апликацијата другиот ден им светна зелено.
Студенти што не сакаат да отворат на официјалната страница на факултетот основни информации за упис. Правилник за студирање за прв циклус, брошура за студирање е тоа е веќе многу мачење да се отвори и да се прочита.
Звонам во студентски прашања,не ми се јавуваат. Битно ми е! Дали лично мора да се носат документите за пријавување?!
Zdravo, nekoj sto se zapisuva na medicinski da mi prati ili kaze koja e potocno ziro smetkata na fakultetot za uplatnicata za prijavuvanje bidejki gi ima povekje?
Ај пак јас... Филолошки ќе студира ќерка ми -ПИТ германски Пополнавме пријава и се Ок. Ама на принтаната пријава стои ко поднаслов Пит фр 2023. Ни учела ни спомнала француски негде. Сега паничиме. Сегде е одбрана насоката што ја сака . Зошто вака даде во пријавата,не ми е јасно?! Некој?!
Проверете во потполнувањето на делот каде што треба од лево кон десно да се префрлат студиските прогами на кои сака да се запише може таму погрешка ви е префрлена
Добро беа подредени.. Пит германски прво Германски и книжевност второ и се друго надолу. Поднесоа документи денес. Во ред било. Сега стискаме палци.
Малку е off topic, но во другите две теми каде што прашав има помалку активни доколку некој знае пријавувањето електронски на upisi.ukim кога ќе биде пуштено за втор циклус?