Дали знаете за вонреден студент што ги бараат образец м1/м2 од каде се зимаат? Од факултет или онлајн може да се симнат?
Здраво,дали ви има стигнато некое известување(нешто за конечна ранг листа)на вашата е-маил адреса од факултетот на кои имате аплицирано,братучеда ми вели дека кај останатите стигнало а кај неа на е-маил нема ништо
Здраво, Годинава сум матурантка и сакав да прашам за неколку совети од бивши матуранти. Полагам македонски, англиски, био и хемија. Кога би ми препорачале да почнам со учење и на што најмногу да обрнам внимание, особено македонски? Дали биологија и хемија прашањата што ги даваат навистина се паѓаат или само така викаат? Дали да почнам уште за зимски распуст да почнам со учење, порано/покасно?
За интерните предмети,во твојот случај биологија и хемија,да од дадените прашање ќе ви се паднат на испит,а што се однесува до македонски ние учевме по распустот и на крај излезе џабе ништо од прирачникот што учевме не се падна на матурскиот испит
Дали има потребни документи за запишување на медицински факултет? Колку што гледав, до сега не најдов, а треба за 2 дена да се оди
За интерните зависи од професор до професор. Мене на едниот предмет ми се паднаа од дадените, на другиот не. За нив учев 3 дена пред полагање и не се секирај многу сите вадат 4ки/5ки. За екстерните, ако англиски ти е јака страна не ти треба учење, потсети се само, решавај ги тестовите од претходните години. Македонски, ја учев од прирачникот, делата не ми беа прочитани и кога полагав скоро ич не ми помогна. Ти предлагам да си ги прочиташ делата, другите прашања со читање и разбирање и граматиката се лесни. За граматиката одвој си две до три недели, повтори си.
Од телефон или компјутер се уклучуваш? Пробај од лаптоп , дека кога јас студирав само од лаптоп ми даваше да избирам предмети. А може и од факултетот да не се додадени, туку да треба малку подоцна.
Уредно пријавена во i know системот во првиот уписен рок.Запишана во првиот уписен рок. Сега кога се обидувам да се најавам во системот, не ми дозволува.Постојано ми пишува невалидно корисничко име или лозинка.Кога се обидов да ја сменам лозинката, ми вели дека таков меил не постои. Што на направам? Дали повторно да се регистрирам?