Луѓе да ве прашам нешто дали е можно да се аплицира на два факултети истовремено и после кога ќе стигнат резултатите да се одлучам само за еден од нив. Дали смее така?
Мислам дека прво треба да стигнат конечните резултати после приговорите за тие што имаат поднесено па потоа ќе се објават конкурсите
Не може. И кога правиш профил на ај ноу смееш да имаш само еден профил/една апликација за еден уписен рок.
Дали некој бил на увид (после приговор)? Дали има шанси за зголемување на перцентили и оцени или не дај боже за намалување?
Здраво дали треба да се пријавуваме некаде кога ќе биде објавен конкурсот за упис на факултет или тоа е само за да се каже кои се датумите за упис?
Ќе пишува во самиот конкурс. Најчесто прво има онлине пријавување, па објавување на прелиминарните резултати, па конечни резултати, па упис. Инаку како ќе се запишувате ако не знаете дали воопшто ве примиле. Т.е., прво онлине, па носите документи за пријавување, па чекате резултати и ако сте примени носите други нови документи за запишување. Еве линк од конкурсот од лани објавен на страната од ФЕИТ (важи за цел УКИМ), може да го разгледате https://feit.ukim.edu.mk/novosti/ko...tudenti-na-prv-ciklus-vo-uchebnata-2025-2026/
Здраво, дали можам истовремено да се запишам на машински факултет и на вишата? И двете вонредно? И исто дали ќе може да аплицирам на повеќе факултети па после да си изберам кој сакам?
Исто прашање како девојчето погоре дали можам да аплицирам на еден факултет на уким и друг факултет на угд како редовен студент и после излегување на резултатите да си одберам еден
Сигурна си?неколку што ги прашав ми кажаа дека може. Знам не може два факултети што се на ист универзитет. И што ќе биде ако поднесам пријава на двата факултети? на различни системи се најавувам. ќе ми ги поништат двете пријави?
Пред околку четири пет години така беше, мораш на еден да аплицираш, ако не те примат или се предомислиш одиш на друг ама на вториот рок што е. Ако евентуално нешто се сменило во меѓувреме...
Според мене тоа не изводливо, бидејќи при запишувањето бараат да ги предадеш оригиналите од дипломата и сведителствата. Потоа излегуваат резултатите. Ако ги дадете на едниот факултет , што ќе дадете на другиот?