Не сака,пробав пак, веќе неколку дена не ми отвара Сакав да видам дали пишува конкретно кои дела ќе ги има/нема од светската и македонската литература, зошто во прирачников од кој што учам потенцирано е кои дела ќе ги нема за матурата од '08 и '09 па може да пишува и за оваа година кои ќе ги нема во испитите. Ако пишува на страната и ако можи некој да види , нека сподели овде
И јас официајлно од денес, односно вчера започнав со учење по македонски јазик. Поминав околу 40-тина страни од прирачникот, нешто читнав од учебникот за прва година и од тетратките. Според моите пресметки ако продолжам со исто темпо за 10 до 12 дена ќе го поминам цел материјал, потоа еден ден доволен би ми бил за подготовка за есејот и неколку дена ќе ми останат да повторам англиски нешто (есеи, писма итн...). Па дури потоа ќе се погрижам за интерните предмети.
Од следната година ќе полагаат само 2 предмети државна матура претпоставувам македонски и странски јазик/математика и најверојатно по електронски пат. Па добро, поарно ќе полагам 4 ама со лист и пенкало, отколку на компјутер што ич не е сигурен начин. Јеах, годинава нема измени (засега)
јас па нешто слушнав дека од следната година ќе се полагало по 3 екстерни предмети: македонски јазик, странски јазик и математика се надевам дека не е вистина ова, не сакам да полагам англиски (слабо англискиот хаха) отсекогаш ми прави проблеми
Јас учам од прирачникот од Билјана Богданоска од 2008, ова е од брат ми, не планирав нов да купувам, истите работи ги има
Брачеда ми во 2008 полагаше од овој прирачник. Е сега не сум сигурна дали да учам од овој или да фотокопирам нов. Не сум сигурна дали се е исто
Јас новиот прирачник го читав за зимскиот распуст и можам да кажам дека стариот од кој учам за матура е многу поубаво напишан и се е опфатено
Јас збунета сум, овој уебник од кој моментлно учам нема корици, таков го добив од брачедами. И незнам што да правам. Учам од овој, ама да не има нешто ново во материјалот опфатено во новиот
Малце е вон темава, ама ме интересира што мислите ако некој 4 години помине одличен но не 5,00 има ли шанси да добие стипендија за на факултет ? И дали на некој му се има случено?
За следната година не знам ама од 2014 најверојатно ќе се полагаат 4 екстерни предмети. Ако навистина биде така значи имаме среќа. Инаку, јас учам од прирачникот од Билјана Богдановска од 2008 година, ама плус читнувам нешто од тетратките и учебниците од прва, трета и четврта (само од втора година немам).
Делата што се постирани во темава се всушност сите дела од прирачников од кој што учам на Билјана Богданоска од 2008 (второ и изменето издание) ни мање ни више едно, сите на број 43. 15 од светска литература, останатите од македонската. Јас ја завршив граматиката и комуникации, па продолжувам со литература веќе.
Многу се разликуваат двата прирачника? Јас го имам постарото издание, ама ме интересира да не случајно има премногу испуштени работи во него кои се надополнети во поновото издание. А и да има, не дека би го сменила, ама само ме интересира.
А во стариот од кој учиме ние пак, не пишува што е полнозначен збор, клитики (проклитики и енклитики) од она што сум го приметила се надевам нема уште, само не се напишани така, а инаку пишува за нив се.