Можеби сум оф топик се надевам дека нема да ми замерите што прашувам тука. Бидејќи јас го имам постарото издание на прирачникот од Билјана Богдановска а гледам секоја година на тестовите има нешто проклитика, енклитика а јас поим немам што е тоа, затоа што тоа навистина не се сеќавам дека сме го учеле ќе може ли некој да ми каже во која година се учи тоа па да погледнам во учебниците за да прочитам? Би ви била многу благодарна.
^ Акцентски целости. Прва година. И јас да прашам нешто (малку глупо прашање, ама ме копка подолго време ): Дали поставените прашања треба да ги одговараме со целосен одговор? На пример дадени се три збора и треба да се каже кој од нив е глаголска придавка. Одговорот треба да биде: „Глаголска придавка е...(зборот)“ или само „(зборот)“
Лани имаше прашања за клитики ако не се лажам. Има материјали за клитикиве по нет? Мене језа ме фаќа, ќе го барам и поновото издание од прирачников изгледа. И девојки, пишувајте ако фали уште нешто низ постарото издание, па да си бараме низ учебници и по нетов, за секој случај мислам.
^ Професорката кажа само одговорот да се напише, ама негде ќе има и цели линии од текстовите на пр. и без врска ќе дојде, јас ќе одговарам што е можно пократко, ама ќе напишам и на што се однесува одговорот, во случајов „Глаголска придавка е _________ (јаден)“. Тоа ако има цела линија, ако е на доплонување секако само јаден. Клитики се всушност кратки зам. форми, честиците ќе и би, негацијата не... проклитика е ако стои пред зборот, а ен - после, и пр. за енклитика со именка -> мајка ми. А полнозначен збор е: именка, придавка, глагол... и на него му е додадена клитиката. Така сфатив јас. А за со глагол... по логика би било: ја однесе (проклитика со глагол). Значи женски клитиката се додава на полнозначниот збор, и во зависност од тоа дали е пред или по него се додава префиксот про/ен. Звучеше страшно, ама просто било. Кај нас е ова се објаснето, само не со овие термини.
Ете и јас почнав со учење од прирачникот на Билјана што е издаден 2008 година.. Сега страв ме фаќа незнам на што најмногу да обрнам внимание , ниден професор не нема посечено што поточно да учиме, што е најбитно , зафркнато е малце барем да знаев што треба ..
Plavusha17 ова што го пишуваш јас го прочитав вчера во книгата, ама не кај акцентски целости. Не можам сега да се сетам кај го читав, утре ќе проверам во книгата, ама важно го има.
Има пак некои што зборуваат: ,,Зошто е словенската азбука? Ниту Бог ја створил ниту ангелите, ниту се отпрвин створени (буквите) и примени од Бога како што се еврејските, римските и грчките?“А трети мислат дека сам Бог ги создал буквите. А не знаат кутрите, што зборуваат дека на три јазика Бог наредил да се пишуваат книги, како што пишува во евангелието: ,,И имаше штица напишана на еврејски, римски и грчки”. А словенски таму немаше, та заради тоа словенските букви не се букви од Бога. На тоа што да кажеме и што да им речеме на такви безумни? Да им кажеме како што сме научиле од светото писмо, и дека сЀ по ред и си иде од Бога, а не од друг некој. Не го создал Бог прво еврејскиот јазик, ниту римскиот, ниту грчкиот, туку сирискиот, на којшто зборувал Адам, и од Адама до потопот кога Бог ги разделил јазиците при вавилонската кула (столпотво- рение): ,,Размешани беа јазиците”. И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаи- те, наредбите и законите и искуствата (науките): на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халдеите и Асирците - астрономијата, гатањето, врачањето, маѓепсување- то и секаква човечка вештина; на Евреите, пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сЀ на неа и се по ред како што пишува; а на Грците - грама- тиката, реториката и филозофијата. Женски го читав ова во тестот за матура од лани. И не ми е јасно како е ова дијалог?
е и мене не ми е јасно! Мислам дека обраќањето на публика (читатели) или разговор сам со себе е монолог. И професорката наша не знаеше ова да ни го објасни.
Јас ги имам двата прирачници од Билјана (200 и Ленка (2011) и бидејќи почнав прво со литературата ,забележав дека во новиот од Ленка се малце подетално,поопширно објаснети делава, повеќе детали има дадено иако не знам дали се потребни до толку .Ама на некој начин се дополнуваат двата прирачници.И забележав кај стилските фигури дека во новиот прирачник има дадено повеќе отколку во постариот. Тоа е сега за сега до кај што сум стасана.... А друго мене што ме буни е тоа што видов во претходните тестови дека се дадени извадоци од дела и ние треба да препознаеме за кое дело се работи? Па дали ќе има дадено некое име значајно за тоа дело, некој настан , нешто покарактеристично, како ли ќе биди тоа ми е малце проблем .
Сакам да прашам како оди броењето на зборовите во писмата во есејот по англиски. Се бројат ли зборовите во адресата или не?
Може да напишеш кои стилски фигури се карактеристични за романтичарските дела „Странствувањето на Чајлд Харолд“ и „Евгениј Онегин“ ако има такво нешто? Ако не ти е тешко напиши и за „Божествена комедија“ (важен е нели „Пеколот“)? Според мене за извадокот може да се мисли на целото дело, па затоа дијалог.
Па според мене ,единствено може да се објасни со тоа дека овај извадок од О,писменех според својата форма е расправа/трактат а таа расправа најчесто се води помеѓу неколку лица па затоа одговорот би бил дијалог. Да напоменам не сум сигурна , ова е само мое мислење.
За романтичарскиве се подразмислив зошто се лирско-епски дела, ама не, нема. А во стариов прирачник има многу повеќе стилски изразни средства за Пеколот од новиот таму според Чивас има алегорија и компарација кои потоа прераснуваат во огромни метафори и хиперболи. А кај нас има - симбол, компарација, метафора, персонификација, епитет, контраст, метонимија и метаморфоза и сите поткрепени со пример. Супер
devojki a da ve prasam makedonski 2 teksta kje ima za pisuvanje ednoto kje bide esej a drugoto ??? oglas molba zalba soopstenie takvo nesto ili ???? i ja ima li nekade po net ispitnata programa za ovaa godina ???
Сама ќе си одбереш дали ќе пишуваш есеј за романтизам или пак есеј на слободна тема. Патем, еве ти линк за испитната програма: http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 9-2010.pdf
Од која година е стариот прирачник на Билјана Богданоска? Јас имам еден од 2007, новиот е, или стариот?
Да, второто издание е од 2008 г. од Билјана но прилично работите се исти. Друго сакав да ве прашам , дали учите за авторите на делата , за нивна биографија , за нивното творештво , потоа дали учите и карактеристики на правците и општо за нив , или само кои дела ги опфаќа тој и тој правец, за комуникации (усна и писмена ) дали и тоа треба бидејќи нели годинава нема да има пишување на такво администативно писмо за есеј И за грчка митологија ,римска и словенска видов дека има некои богови, суштества набројувано,па дали и тие би ни требале ? Се извинувам за вакви, можеби глупави прашања ама навистина само со вас можам да се советувам и да се информирам , зошто мојата професорка не беше воопшто заинтересирана да ни ги обајсни подетално овие работи
Aj некој/а кој ги има разгледано двата прирачника да ми направи некоја споредба помеѓу нив, колку новото издание на Билјана е дополнето, да одам по нов или и овој ќе ми заврши работа